Ескобар: Работиме што побрзо да ги почнете преговорите со ЕУ


Габриел Ескобар изјави дека САД и Македонија не се само партнери туку и сојузници   Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, порача денес дека САД работат Македонија да ги почне што побрзо преговорите со Европската унија, но не изнесе повеќе детали. Колкавата е посветеноста на Вашингон да ѝ помогне на нашата држава во евроинтеграцијата […]

Ботокс како лек за хронична главоболка


САД– Мигрените се прилично непријатно невролошко нарушување кое најчесто се јавува периодично и епизодно. Неочекуванo, третмани кои можат да помогнат при оваа состојба се – оние со ботокс, кој инаку обично и првично се користи во естетската медицина, а дури потоа за главоболка. Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) во 2010 година го одобри […]

Претставување на новата развојна стратегија на Шведска за Македонија


Новата развојна стратегија на Шведска за Северна Македонија усвоена во октомври годинава под називот „Стратегија за реформска соработка на Шведска со Западен Балкан и Турција за 2021–2027 година“, ќе биде претставена денеска. Шведска е еден од најголемите билатерални донатори на земјите од регионот на Западен Балкан. Шведската поддршка ја надополнува работата на ЕУ во областите […]

Трговијата со оружје напредува и покрај кoрoната


„Гугл“ и „Мајкрософт“ наскоро на листата на 100 најголеми производители на оружје Според новиот извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за мир (СИПРИ), трговијата со оружје беше бизнис во вредност од 531 милијарди долари минатата година. Google и Microsoft наскоро ќе се најдат на листата на 100 најголеми производители на оружје. „Иако светската економија падна за […]

Русија го освои Дејвис Купот 2021


Шпанија– Руските тенисери се победници во Дејвис Купот, откако во финалето во Мадрид ја совладаа Хрватска со 2:1, со две победи во поединечните мечеви. Андреј Рублев го совлада Борн Гоја со 6-4, 7-6(5) во првиот меч, и со тоа на Русите им го донесе првиот бод. Во вториот поединечен меч, Данил Медведев беше подобар од […]

Шеста сесија на Филмската училница: Трите раѓања на филмот


На 4 декември (сабота) во Кинотеката се одржа шестата сесија од втората сезона на проектот ФИЛМСКА УЧИЛНИЦА. Темата во фокусот на оваа сесија беше раѓањето на филмот во три фази: од сценарио, преку снимање, до неговата монтажа. Учесниците во работата на ФИЛМСКАТА УЧИЛНИЦА и нивната менторка, филмската и ТВ режисерка Марија Џиџева, разговараа за трите […]

Тимот WebPillar & Data Consulting – победник на четиридневниот хакатон за отворени податоци


 Второто издание на онлајн хакатонот за отворени податоци за студенти и стартапи го доби својот победник. Тимот WebPillar & Data Consulting го понуди најкреативното софтверско решение во рамките на хакатонот којшто од 30 ноември до 3 декември го организираше Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. […]

(Во живо) Прес на Ескобар и Османи


Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска во официјална посета на Република Северна Македонија. Проследете ја заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Во Австрија претставен предлог-закон за задолжителна вакцинација


 Австриското Министерство за здравство го претстави првиот предлог-закон со кој треба да се воведе задолжителна вакцинација во земјата. Како што е најавено, задолжителната вакцинација треба да стапи во сила од 1 февруари следната година. Според планот на Министерството, сите невакцинирани граѓани по пошта ќе добијат известување за закажаниот термин за вакцинација против корона вирус од 15 февруари. […]

Утре без струја повеќе делови од Скопје и околината


Заради планирани закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре без струја ќе бидат делови од Град Скопје и неговата околина. Како што соопшти РЦУК, во период од 09:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат домаќинствата на потегот од гробиштата во Бутел кон улиците „Гвадалахара“, „Јуриј Розентал“, „Плачковица“ во општина Шуто Оризари. Во период, пак, […]

Хрватската влада ја укина уредбата за ограничување на цените на нафтените деривати


Хрватската влада ја укина Уредбата за највисоки малопродажни цени на нафтените деривати што ја донесе на 14 октомври за ограничување на цените на бензините и дизелот во малопродажбата, за да спречи удар врз животниот стандард на граѓаните. Уредбата за укинување на наведената уредба влегува во сила во вторник на 7 декември. Премиерот Андреј Пленковиќ го […]

Психолог: Не позајмувајте пари на роднини и пријатели


Препораките говорат да не се позајмуваат пари на пријатели и роднини, ако не сакате да ги одредувате условите за враќање и ако Ви е непријатно да ги побарате назад, за да не ги расипете блиските односи, смета психотерапевтката Ана Стори. – Доколку, сепак, треба да дадете заем, таа советува да подготвите писмен договор во кој […]

Лошите временски услови ги отежнуваат напорите за пронаоѓање на исчезнатите по ерупцијата на вулканот Семеро


Вулканот Семеру во Индонезија и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција во која загинаа 15 луѓе, додека потрагата по десетици исчезнати луѓе е отежната поради лошите временски услови. Највисоката планина на островот Јава силно еруптираше во саботата, исфрлајќи огромно количество пепел во небото над околните села. Бројот на загинати […]

Во берберница во Копенхаген убиен 17-годишен Бугарин


Во петокот, околу пладне дојде до пукање во берберница во Копенхаген, а полицијата јави дека е убиен 17-годиншен шведски државјанин. Но, денеска, полицијата соопшти дека се работи за Бугарин, кој во Скандинавија дошол порано годинава. Во истиот напад, ранети се и 15 и 21-годишни момчиња. Според шведската агенција ТТ, не е јасно дали убиениот имал […]

Голем годишен хороскоп за 2022 година -Овен, Бик и Близнаци


Годишниот хороскоп за 2022 година предвидува дека клучната карактеристика во наредната година ќе биде желбата за лидерство. Силни, решителни, можеби и малку похрабри луѓе можат да сметаат на поддршката од ѕвездите. Оваа 2022 година е добра година за започнување проекти засновани на силен индивидуализам и иновативност. Ова е година во која не треба да се […]

Пендаровски му заблагодари на Ескобар за поддршката од САД


Претседателот Стево Пендаровски и заменик-помошник државен секретар на САД утринава разговараа за односите меѓу двете земји, македонските аспирации за ЕУ, членството во НАТО и силната поддршка на Вашингтон на нашата земја. Сепак, во соопштението од кабинетот на Пендаровски нема ништо за можностите за кревање на блокадата на Бугарија. Во соопштението се вели дека „претседателот Пендаровски […]

Парк со големина колку Плоштад Македонија ќе се гради спроти „Холидеј Ин“  


Со најавата за почеток на градбата на комплексот „Гранд“ на парцелата 1.1 на паркингот спроти „Холидеј Ин“, компанијата МГ Фешн најави и капитална инвестиција на јавен парк со фонтана на површина близу 7.500 м2 како донација за градот и сите граѓани. Оваа површина, велат од МГ Фешн, e колку површината на Плоштад Македонија, а предвидена […]

Задолжителен негативен тест за влез во САД и ако сте вакцинирани и Велика Британија со слично правило


СО цел сузбивање на ширењето на сојот омикрон, кој е детектиран во повеќе земји, американскиот претседател Џо Бајден воведува нови правила за меѓународните патници, кои досега важеа само за невакцинираните туристи. Почувајќи од 6 декември, сите патници во авионот, а кои имаат најмалку 2 години и повеќе, мора да имаат негативен ПЦР тест за Ковид-19, […]

Нови дигитализирани услуги и иновативни кредитни производи може да очекуваат граѓаните од Комерцијална банка


Комерцијална банка континуирано ја проширува палетата на кредитни производи и дигитални услуги кои се прилагодени на потребите и можностите на клиентите. Во услови на пандемија и голема неизвесност, атрактивните потрошувачки и станбени кредити ги направивме уште поповолни со полисите за осигурување од групацијата Триглав, воведовме штедење без книшка и отворивме дигиталните канали и зони кои […]

„Провери па купи“ – платформа креирана од студенти за намалување на сивата економија


„Провери па купи“ (www.proveripakupi.mk) е веб-платформа која им овозможува на потрошувачите безбедно да купуваат преку интернет и е во функција од пред неполн месец. Купувачот кој сака да плати за производ или услуга онлајн, на платформата може да ги провери податоците на е-трговецот (фирмата) од земјава за да се осигури дека тој е регистриран и […]