Се урна хеликоптер со началникот на Генералштабот на индиската војска


Хеликоптер, во кој се превезувал началникот на Генералштабот на индиската армија, генерал Бипин Рават, се урна денеска во јужната индиска држава Тамил Наду, а локалните медиуми информираа дека загинале 11 три лица загинаа во несреќата. „Хеликоптер Ми-17В5 на индиските воздухопловни сили со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал Бипин Рават, денеска доживеа несреќа кај Кунур, […]

Бесими: Нема да има значително зголемување на цената на струјата


Понудата што ЕСМ треба да ја даде кон универзалниот снабдувач ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на електрична енергија, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Во одговор на новинарско прашање, Бесими, не сакаше да калкулира со бројки, посочувајќи дека тоа ќе го каже Регулаторната комисија за енергетика. […]

Корупцијата за граѓаните стана пострашна од сиромаштијата


Корупцијата е најголем проблем за граѓаните, за разлика од претходните години кога на првите три места беа егзистенцијалните прашања (невработеноста, сиромаштијата и ниските приходи) или политичката нестабилност,  покажа последното истражување за проценка на корупцијата спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Вкупно 80% од македонските граѓани сметаат дека желбата за брзо лично богатење на […]

Чернева: Дaвањето ЕУ пари на Бугарија да не се врзува со односите со Северна Македонија


Планот за закрепнување и развој како инструмент не може да се поврзува со ниту едно билатерално прашање меѓу поединечни земји, изјави за БНР Весела Чернева, шефица на канцеларијата на невладиниот Европски совет за надворешни односи. Сепак, политички, според Чернева, тоа веројатно може да се поврзе. Таа додаде дека факт е дека Бугарија во моментов е […]

Деспотовски го повика членството на СДСМ да му „избере“ тим


Јован Деспотовски, кандидатот за претседател на СДСМ, го повика членството и сите граѓани да достават свои предлози за идните носители на функции во партијата, но и во државата. „Време е заедно да го креираме новиот тим на СДСМ. Ги поканувам сите членови на СДСМ, но и сите наши сограѓани да достават свои предлози за тоа […]

Асен Василев ќе биде суперминистер, но Петков ќе му дише во врат


Асен Василев ќе стане министер за финансии и вицепремиер задолжен за енергетика и економија, нешто како суперминистер“, изјави Кирил Петков во интервју за Шпигел.  Oвој детал за идната структура на можната коалициска влада не е објавен во Бугарија, но минатата недела бил споделен со германскиот магазин.  Во интервјуто „Продолжуваме со промените“ новинарот ја нарекува партија.Според […]

Стопанската комора на Македонија внесува промени во работата


Стопанската комора на Северна Македонија најавува неколку стратешки промени во работењето со кои компаниите во Комората треба да препознаат силен партнер кој ќе ги имплементира современите трендови и практики на дејствување.Новиот концепт на работа насловен како „Комора на иднината“, како што информираат од Комората, е на барање на компаниите. Клучната промена е функционирањето на четири […]

Бучковски: Предолго чекавме нова бугарска влада, спорот треба да биде приоритет


Владо Бучковски, специјалниот претставник на македонската Влада за преговорите со Бугарија, изјави за „Дојче Веле“ вели дека разговорите не се прават од денес за утре, туку траат подолг период. „Петте точки се тема на разговори повеќе од една година. И за време на службената влада во Бугарија продолжи комуникацијата на нашето и бугарското МНР, на […]

Германија доби нов канцелар


  Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за наследник на Меркел како канцелар на Германија. Наскоро ќе положи заклетва. Лидерот на Социјалдемократската партија Шолц ќе ја предводи владата во коалиција со Зелените и Слободните демократи. Членовите на Бундестагот гласаа за именување на Олаф Шолц за наследник на Ангела Меркел. Левичарските социјалдемократи на Шолц (СПД) се […]

Танги: Заедничката европска иднина не треба да биде ограничена со проширувањетод :


 Лилиана Танги, заменик претседателка на Комисијата за европски прашања во Националното Собрание на Франција смета дека  постои едногласност дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија. Според неа, градењето на оваа заедничка иднина не треба да чека, ниту да биде ограничено со проширувањето. – Мораме да ги развиваме и продлабочуваме нашите односи преку економски, […]

Словачка ги отвора продавниците, но наставата ќе се одржува онлајн


  Словачкиот министер за здравство Владимир Ленгварски соопшти дека продавниците, затворени од 25 ноември, повторно ќе бидат отворени в петок. Но, оние кои не се вакцинирани против Ковид-19 или не го прележале, ќе можат да одат само во продавниците што продаваат прехранбени производи. Рестораните и другите угостителски објекти во кои се служи храна остануваат затворени, […]

Над илјада иселеници аплицирале за пасоши во конзулатот во Бон


 За помалку од три месеци, над илјада државјани на Република Северна Македонија кои живеат во Сојузна Република Германија, се сликаа за нови патни исправи во Конзуларното одделение во Бон, каде во функција е ставена новата базна станица. Конзулот Боро Мирчески вели дека седумстотини биометриски пасоши се готови, а во тек е обработката на пристигнатите барања, […]

Косовскиот заменик-министер за правда најави посета на осудените за „Диво насеље“


Заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салаху најави дека утре ќе ги посети косовските државјани кои се осудени за случајот „Диво насеље“, кои ги служат казните во македонските затвори за настаните од мај 2015 година во Куманово. Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, Салаху рече дека, по воспоставената комуникација со Министерството за правда на […]

Плаќањето за роаминг се враќа во ЕУ?


Пратениците на Европската унија уште еднаш се судрија  околу тоа што ЕУ го смета за една од најголемите победи во историјата на правата на потрошувачите: правото на да телефонираат и да пишуваат пораки без да плаќаат дополнителни трошоци кога патуваат во рамките на ЕУ. Договорот за рајомингот од 2017 година  беше поздравен како „еден од […]

Романскиот суд го рехабилитираше Адријан Настасе


Врховниот касационен суд на Романија го рехабилитираше поранешниот премиер Адријан Настасе, кој е осуден за два случаи на корупција, објави Аџерпрес. Во 2012 година, Настасе беше осуден на две години затвор за незаконско користење на средства од приватна компанија во изборната кампања во 2004 година, а во 2014 година на 4 години затвор за поткуп […]

Автомобилите на е-гориво загадуваат исто колку и тие со фосилните


Автомобилите напојувани од синтетичко гориво продуцираат слични количини на штетно загадување на воздухот како фосилните горива, открива новата студија нарачана од невладината организација за чиста мобилност „Транспорт и животна средина“. Како што Европа се префрла на патнички автомобили со нулта емисија, студијата ги оспорува зелените акредитиви на е-горивата, промовирани од индустријата за течно гориво како […]

Голем годишен хороскоп за 2022 година – Вага, Скорпија и Стрелец


Годишниот хороскоп за 2022 година открива што ги чека Вагата, Скорпијата и Стрелецот на полето на кариерата, љубовта, парите и здравјето! ВАГА На Вагите ќе им се допадне 2022 година, бидејќи носи минимум неволји и непредвидливи настани. Ѕвездите ќе покажат неутралност кон вашиот знак оваа година, а ова е најдоброто. Во најмала рака, ќе се […]

Европарламентарци бараат ЕУ да не казни за претераното загадување со централите на јаглен


ЕУ мора да инсистира земјите од Западен Балкан да го намалат нивното загадување преку централите на јаглен  и да се усогласат со барањата за емисии, реагираат европратениците Петрос Кокалис и Виола фон Крамон-Таубадел, покренувајќи иницијатива зад која застанаа уште 23 нивни колеги од ЕП. Според нив, петте земји од Западен Балкан, кои се потпираат на […]

Димитров утре во Германија, ќе се сретне со новите министри


– Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров од утре ќе престојува во дводневна посета на Сојузна Република Германија.   Според агендата, предвидени се средби со високи претставници на новоформираната германска Влада, вклучително и со новата државна министерка за Европа – Ана Лирман, која на првиот ден од преземањето на функцијата од […]

Вртоглав раст на цените на становите во Скопје


Цената на становите во Скопје бележи постојан раст од почетокот на годинава. Во третиот квартал годинава, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 5,9 отсто. Во првиот квартал зголемувањето изнесуваше 3,2 отсто, а во вториот 4 отсто. Тоа резултираше квадратен метар станбена површина да достигне 1.500 евра во општини како Центар и Карпош, а […]