Се урна хеликоптер со началникот на Генералштабот на индиската војска


Хеликоптер, во кој се превезувал началникот на Генералштабот на индиската армија, генерал Бипин Рават, се урна денеска во јужната индиска држава Тамил Наду, а локалните медиуми информираа дека загинале 11 три лица загинаа во несреќата.

„Хеликоптер Ми-17В5 на индиските воздухопловни сили со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал Бипин Рават, денеска доживеа несреќа кај Кунур, во државата Тамил Наду“, се наведува во пораката на Твитер, објавена од Воздухопловните сили на Индија (ИАФ).

Весникот „Индиа тајмс“ јавува дека со генералот биле и некои членови од неговото семејство. Весникот посочува, иако засега нема официјална потврда, дека во фаталната несреќа загинале 11 лица, додека спасувачките операции се уште се во тек за да се спасат евентуално преживеаните.

Во хеликоптерот имало вкупно 14 лица. Сепак, се уште нема информации за генералот Бипин Рават. Досега се спасени три лица.