Германија доби нов канцелар
Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за наследник на Меркел како канцелар на Германија. Наскоро ќе положи заклетва. Лидерот на Социјалдемократската партија Шолц ќе ја предводи владата во коалиција со Зелените и Слободните демократи.
Членовите на Бундестагот гласаа за именување на Олаф Шолц за наследник на Ангела Меркел.