Вакцина против сезонски грип досега примиле 6099 граѓани, 35 811 пријавени за вакцинирање


Вкупно 6099 граѓани досега примиле вакцина против сезонски грип. Вкупно 35 811 граѓани се пријавени преку веб страната vakcinacija.mk . Вакцини има во доволен број, информираа за МИА од Министерството за здравство. Годинава, Министерството за здравство набави 40.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип за следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични […]

„Ем-ти-ви“ : „Манескин“ е најдобра рок-група


Унгарија– Во конкуренција со Coldplay, Foo Fighters, Imagine Dragons, Kings Of Leon  и The Killers, италијанскиот бенд „Манескин“-годинешен победник на Евросонг во Ротердам -ја освои наградата рок група на годината, викендов на Европските музички награди-ЕМА во Будимпешта. Бендот кој изминатиот период ја освојуваа Америка и беа предгрупа на некои концерти на „Ролинг стоунс“ , но […]

Бугарските избори – трета среќа за Македонија


Што може да се очекува од новата владеечка структура предводена од  Кирил Петков и кој всушност стои зад нив, иако се нови на политичката сцена? Слободанка Јовановска Бугарите излегоа по третпат на избори годинава и, по се изгледа, има шанси тие конечно да резултираат со формирање на нова влада и продолжување на преговорите со Македонија. […]

Започна процесот на Фондот за Западен Балкан за аплицирање за проекти од земјите во регионот


Почнувајќи од 8 ноември, Фондот за Западен Балкан го отвори процесот на аплицирање за предлог проекти за земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Ова е четврти повик од формирањето на Фондот, но прв што ќе се кофинансира со регионални грантови преку Инструментот за претпристапување (ИПА). Апликациите […]

Реџепи: Додека не се донесат официјални одлуки, јас сум член на БЕСА, а партијата е дел од Владата


Додека не добијам официјална одлука од партијата, врз основа на статутот на партијата, дека сум исклучен, јас сум се уште член, потпретседател на партијата, пратеник и координатор на групата пратеници на Движењето БЕСА во парламентот, изјави денеска пратеникот Кастриот Реџепи, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција со Собранието. Прашан дали би влегол во коалиција со […]

Музички награди „Ем-ти-ви“: Ед Ширан триумфира во Будимпешта


Унгарија– Хитот „Bad Habits” на британската поп-ѕвезда Ед Ширан (30) му ги донесоа наградите- најдобар изведувач и најдобра песна на Европските музички награди, пократко познати како ЕМА . Лил Нас Икс, Ники Минаж, Оливија Родриго, Малума и Савити исто така уживаа во вкусот на победата за време на наелектризираното шоу во Будимпешта. Сепак, суперславниот бенд […]

Во преработувачката индустрија во октомври искористени 70,9 проценти од капацитетите


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври во однос на септември годинава е намален за 0.1 процентен поен и изнесува 14.7, а  споредено со октомври лани е зголемен за 0.9 процентни поени, објави денеска Државниот завод за статистика. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври […]

СДСМ очекува конструктивност од опозицијата, без опструкции, за носење на Буџетот


СДСМ очекува конструктивност од страна на опозицијата, низ аргументирана дебата, без блокади и опструкции со цел да се донесе Буџетот, рече на денешната прес-конференција пратеничката од оваа партија, Марија Георгиевска, по стартот на расправата за Предлог буџетот за 2022 година  од собраниската Комисија за финансирање и буџет. Со одговорно финансирање, истакна Георгиевска,  очекуваме 2022-ра да […]

Божикната елка стигна во Њујорк-ќе светне на 1 декември


САД- Божиќната елка од Центарот Рокфелер за 2021 година пристигна викендов во Њујорк, откако 79-метарската норвешка смрека беше избрана од Елктон, Мериленд, претходно оваа недела. Обележувајќи го првиот пат кога дрвото беше избрано во Мериленд во речиси 90-годишната историја на традицијата, тоа беше донирана од дворот на семејството Прајс, кое беше присутно во Њујорк за […]

Буџетската дупка за 2022 година изнесува 33,5 милијарди денари, еве како ќе се покрива


Министерството за финансии преку нови финансиски инструменти – развојни, зелени, проектни обврзници и обврзници индексирани со инфлацијата, ќе го финансира дефицитот на Буџетот за 2022 година што е проектиран во износ од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е помал за 2,2 проценти од БДП во споредба со предвидениот со Ребалансот на […]

Во октомври за 55 отсто намален бројот на жртви во сообраќајни несреќи 


Бројот на жртви на сообраќајниците во октомври 2021 година е за 55 отсто помал во споредба со истиот месец лани, соопштија денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски и претседателката на РСБСП, Гордана Кожувароска на одбележувањето на 15 ноември – Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи. Ангеловски им се заблагодари на мнозинството граѓани […]

Филипче: Набавени најсовремени апарати за Урологија, грижата за пациентите продолжува


Министерството за здравство соопшти дека се набавени најсофистицирани и најсовремени апарати за хируршки зафати врз пациенти на Универзитетската клиника за урологија. Со помош на оваа најиновативна опрема, заедно со стручноста и експертизата на здравствените работници, Клиниката за урологија го обезбедува третманот со најдобри резултати на пациентите кои имаат потреба од лекување тука. Станува збор за […]

Бочварски апелира да се изгласа законот за новиот рок за изградба на автопатот Кичево – Охрид


Mинистерот за транспорт и врски Благој Бовчарски апелира да се закаже седница на собраниската Комисија за транспорт и врски за да усвои законот со којшто  преку Анеск на Договорот за автопатот Кичево-Охрид ќе се продолжи рокот за неговата изградба. На терен има градежни работи, но како што посочи, динамиката не може да биде со  потребното […]

Шел непријатно ја изненади холандската влада со планот да се пресели во Лондон


Холандија– Холандската влада е „непријатно изненадена“ од информацијата дека Ројал Дач Шел (Royal Dutch Shell) планира да го пресели своето седиште од Хаг во Лондон. – Кабинетот жали што Шел сака да го премести своето седиште во Британија. Ние сме во дијалог со раководството на Шел за импликациите што овој план може да ги има […]

Во Тајланд почна со работа најголемата пловечка сончева фарма


Тајланд– Во Тајланд беше пуштена во употреба најголемата пловечка сончева фарма во светот. Таа е изградена на браната „Сириндхорн“, на реката Лам Дом Нои. Платформата има капацитет да генерира 45 мегавати енергија, со нејзините сончеви панели. Ова доаѓа во време кога Тајланд почна да напредува во постигнувањето на целите за независност од јаглерод. Тајландскиот премиер Прајут […]

ОЈО Велес почна истрага против 73 годишник за кривично дело „убиство во обид”


Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Велес на возраст од 73 години за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Велес. – На 13.11.2021 година околу 19.45 часот, осомничениот при вршење […]

Ќе овозможи ли буџетот за 2022 економски раст – власта вели „да“, опозицијата ќе го „подобрува“ со 220 амандмани


Предлог-буџетот за 2022 година денеска беше „отпакуван“ пред пратениците матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет, каде што во наредните десетина дена се очекува дебата за државните приходи и расходи наредната година. Претресот на Предлог-буџетот доаѓа во исклучително чувствителна политичка ситуација во земјава и во очекување на разврската со парламентарното владејачко мнозинство. Од власта порачуваат […]

„Диор“ за мажи слета во Хародс- францускиот бренд има силни врски со Англија


Англија – Машката облека на Диор пристигна во Хародс во нов, самостоен простор на вториот кат, само неколку недели пред брендот да ја претстави својата предесенска машка колекција во Лондон на 9 декември. Просторот има современ декор, палета на бела, беж и небесно сина боја и  „Версај“ паркет. Ќе содржи облека, обувки, чанти и додатоци, […]

Уште 55 жртви на Ковид-19 во Хрватска, новозаразени се 1.135


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.135 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни изнесува 34.062. Од нив 2.338 пациенти се на болничко лекување, а 287 на респиратор. Почина ауште 55 пациенти. Досега бво Хрватска од Ковид-19 заболеа 539.887, а починаа 9.936 До денеска тестирани се 3.275.233 лица, а 3.602 […]

Кејт Мидлтон во Меквин на службата за Денот на сеќавањето во Лондон


Англија- Кејт Мидлтон им се придружи на членовите на кралското семејство вчера- без кралицата Елизабета – за да го одбележат Денот на сеќавањето . Војвотката од Сасекс и се придружи на својата свекрва Камила, војвотката од Корнвол и Софи, грофицата од Весекс на балконот со поглед на церемонијата во Лондон. Таа и војвотката Камила гледаа […]