Пандемијата ја зголеми економската зависност на Германија од Кина


Пандемијата  со Ковид-19 ја зголеми економската зависност на Германија од Кина во многу области, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан. Тој додаде дека е потребна отворена дискусија за тоа како да се намали прекумерната зависност од растечкиот азиски гигант. – Го видовме фактот колку станавме зависни од Кина, изјави Шпан на економската конференција […]

Србија годинава привлече 3,18 милијарди евра странски директни инвестиции


Приливот на странски директни инвестиции во Србија достигна 3,18 милијарди евра годинава до првата декада од ноември. Тоа го тврди гувернерката на НБС Јоргованка Табаковиќ, наведувајќи дека Централната банка проценува дека вредноста на тие инвестиции ќе изнесува околу 3,4 милијарди евра до крајот на годината. -Очекуваме дека учеството на тековниот дефицит во БДП годинава ќе […]

Бектеши: 2022-ра ќе биде година на економско заздравување и забрзување на растот


Буџетот на Министерството за економија за 2022 година е предвидено да изнесува 1,24 милијарди денари од кои 151 милиони денари се предвидени за плати и надоместоци на вработените, 733 милиони денари за капитални расходи, што е за скоро четири пати повеќе споредено со 2021 година,  а 214 милиони денари за субвенции. Со предложениот буџет за […]

УХМР: Утре магла по котлините


Утре во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, а во западните делови услови за слаб дожд, информираат од УХМР. Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе ги спушти дневните температури за неколку степени, а условите за појава на утринска магла ќе се […]

„Ин стајл“ ги награди ѕвездите, тие го промовираа трендот на сезоната


САД- Наградите „InStyle“ за 2021 година ги собраа некои од најголемите ѕвезди на годината кои заслепуваа на црвениот килим со својот моден изглед. На годишната церемонија на доделување награди, која им оддава почит на годишните стилски ѕвезди, трендсетерки и дизајнери, дојдоа Ела Фенинг, Фиби Дајнвор, Никол Кидман, Зои Кравиц, Рис Витерспун, Кејт Хадсон, Аманда Горман… […]

Спасени четворица авганистански новинари, Северна Македонија им обезбеди привремен престој


Изутрината на Меѓународниот аеродром Скопје, пристигна група од четворица новинари од Авганистан кои се во опасност од новите тамошни власти. Станува збор за ТВ и радио новинари кои работеле за локални медиуми и дописници за странски медиумски куќи, а по падот на демократската влада, добивале закани по живот од Талибанците. Северна Македонија им обезбеди привремен […]

Со огромна торта во облик на дворецот Хогвортс одбележана 20 годишнината на Хари Потер


Торта направена во облик на дворецот Хогвортс изложена е во рамки на прославата на 20 годишнината од премиерата на првиот филм за јунакот Хари потер. Тортата е широка 186, висока 152 cm и тешка 100 кг, а претставена е во Ливсден во Ватфорд каде е снимен поголемиот дел од франшизата. За правење на тортата биле […]

Буџетот на Црна Гора за 2022 година предвиден за рамномерно финансирање по региони


Во буџетот на Црна Гора за 2022 година е предвидено рамномерно финансирање по региони, односно план е да се издвојат 180 милиони евра за капитални инвестиции. Владата на Црна Гора повторува дека нема дополнително да се задолжува за проектот „Европа сега“. Северниот регион добива 76,7 милиони, средниот 60,5 милиони, јужниот 26,7 милиони евра“, изјави државниот […]

Уништени се 20.000 дози од бугарските вакцини


Развојот на епидемијата е многу непредвидлив, но за секој случај здравствениот систем треба да биде подготвен за пренаменување на одделенија во ковид-центри, но тоа значи дека други пациенти чекаат здравствена услуга. – Многу е тешко со сигурност да се каже во која насока ќе оди епидемиологијата, меѓутоа ние мора да се подготвуваме за лошите сценарија кои […]

Принцезата Шарлин ги откажа јавните обврски во Монако од здравствени причини


Монако – Принцезата од Монако, Шарлин ќе одмора неколку недели и ќе ги избегнува јавните обврски, вклучително и прославата на националниот ден на кнежевството, додека закрепнува од лошото здравје, соопшти вчера кралската палата на Монако. Палатата соопшти дека Шарлин, поранешна олимпијка, ќе закрепне на тајно место и дека ќе продолжи со јавните должности штом нејзиното […]

Во петок најдолго помрачување на Месечината во последните 580 години


Најдолгото помрачување на Месечината во последните 580 години ќе се случи во петок во утрнските часови, на 19 ноевмри, и ќе трае неколку часа. Врвот на делумното залмрачување ќе се случи рано наутро клога 97 отсто од Месечината ќе биде во сенка на Земјата/ Претходно, најдолгото помрачување на Месечината се случи во 2018 година и […]

ПСО бара наставничките совети сами да одлучуваат за моделот на настава од 1 декември до 31 март


Прогресивниот синдикат за образование (ПСО), член на Сојузот на синдикатите на Македонија, бара од Министерството за образование и наука да дозволи наставниците на наставнички совети да може да одлучат дали наставата да ја организираат со физичко присуство или онлајн во периодот од 1 декември 2021 до 31 март 2022 година. Барањето го образложува со актуелните […]

Филипче смета дека во Владата треба да остане оној кој покажал резултати


Министерот за здравство Венко Филипче смета дека во новата влада треба да остане секој кој се пронаоѓа во министерската позиција и покажал резултати. „Тоа е нешто што допрва ќе треба да се преговара и со политичките партии за парламентарното мнозинство така да тој процес ќе трае“, кажа Филипче. На прашањето дали очекува тој да биде […]

„Charming Escape“: Колекција на Kiko Milano чии производи мора да ги имате!


Познатиот италијански бренд за декоративна козметика Kiko Milano неодамна ја отвори својата прва продавница во East Gate Mall, а дамите веќе успеаја да си ги пронајдат своите фаворити. Во можеби најубавото годишно време за многумина, Kiko Milano ја претставува својата колекција едноставно наречена „Charming Escape“, целосно инспирирана од најубавите и најмиризливи италијански предели. Истата е […]

Сите вработени во јавниот сектор мора да се вакцинирани за да одат на работа


Комисијата за заштита од заразни болести препорача до Владата да донесе одлука сите вработени во јавниот сектор да мора да се вакцинирани, за да одат на работа, или да имаат потврда за прележан Ковид-19, или пак да имаат потврда од лекар дека не смеат да се вакцинираат.  „Да ѝ предложиме на Владата сите вработени во […]

Федерер ќе го пропушти Австралија опен 2022


Швајцарија– Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер нема да учествува на Австралија опен во 2022 година поради повреда. Грен слемот во Мелбурн ќе се одржи на почетокот на следната година. – Ќе можам да почнам полека да џогирам во јануари и да се вратам на тренинзите на теренот во март или април. Треба да бидам трпелив и да […]

„Хари Потер“ се враќа за 20-годишнината: Специјалното издание на „Ејч-би-о макс“


САД– Оригиналната актерска екипа од серијалот „Хари Потер“ ќе биде повторно обединета 20 години по првиот филм. Специјалното издание на „Ејч-би-о макс“, со наслов „Враќањето во Хогвортс“ ќе биде објавено на 1 јануари 2022 година, соопшти стрим-платоформа. Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон ќе му се придружат на американскиот режисер Крис Колумбус за да […]

Кампања за собирање проектни идеи за прекугранична соработка со Бугарија


 Бугарското Министерство за регионален развој и јавни работи (МРДПР) започнува кампања за собирање проектни идеи кои ќе се имплементираат во рамките на Интегрираната територијална стратегија (ИТС) во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија, која ќе се спроведува во периодот 2021-2027 година. Проектни идеи и решенија можат да поднесат месните […]