Бочварски очекува напролет да започне изградбата на пругата кон Бугарија


Во финална фаза се процедурите од тендерската постапка за изградба на железничката пруга од Коридорот 8, порача денеска од Штип министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. За двете делници во игра се осум компании. Очекува на почетокот на годината да се склучат договорите со избраните компаниите. – За првата делница Куманово – Бељаковце имаме […]

Ако има ценовен шок ќе донесеме мерки за заштита на граѓаните, вели Бектеши


Секојдневно правиме анализи и во моментов немаме податоци дека може да се случи ценовен шок. Како што направивме пред една година ќе направиме пак во делот на преземање на соодветни мерки согласно Законот за трговија и согласно надлежностите што ги има Министерството за економија ако дојде до тоа, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. […]

Миленичињата позитивно влијаат при карантин и изолација


САД – Истражувањата покажуваат и потврдуваат дека миленичињата позитивно влијаеле на менталното здравје на нивните сопственици при рестриктивните епидемиолошки мерки против коронавирусот. Испитување спроведено меѓу 1.200 сопственици на домашни миленици, посочува дека и за време на карантинот и затворањето дома, кучињата навистина може да бидат најдобри пријатели на човекот. Испитаниците, поточно 85 отсто од нив рекле дека […]

Хрватска ја надмина бројката од 10.000 починати како последица од корона вирусот


Хрватска денеска надмина бројка од десет илјади смртни случаи како последица од коронавирусот од почетокот на пандемијата. Во последните 24 часа починаа 64 лица, со што вкупниот број напочинати се искачи на 10.050. Земјата вчера воведе задолжителни потврди за Ковид за влез во државни институции, но не, на пример, и за угостителски објекти. Утре, пак, […]

ДРЗ: Ревизорскиот извештај за МАЛМЕД со низа забелешки и препораки


Државниот завод за ревизија го објави конечниот извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи (за три сметки) заедно со ревизија на усогласеност на Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД за 2020 година. Како што се наведува во Извештајот, изразено е неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи како и за усогласеноста […]

Заврши конзервацијата на турската бања во Дојран


Во Дојран, по долго време од покренување на иницијативата, заврши конзервацијата на „турската бања“ која како нова туристичка атракција веднаш е ставена во функција на посета од страна на гостите и локалното население. – Збогатувањето на туристичката понуда и туристичките содржини за нас како општина од секогаш претставува врвен приоритет.Заради тоа сметаме дека токму со […]

АД ЕСМ не го прекршил Законот за енергетика со недоставување понуда до ЕВН Хоум, вели Бектеши


Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека АД ЕСМ не го прекрши Законот за енергетика со тоа што не достави понуда на првиот повик на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за набавка на потребните количини на електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи за првите шест месеци од наредната година. Во Законот, како што […]

Операта „Дрдорењата на Лапо“ во НОБ по повод 700 години од смртта на Данте Алигиери


По повод 700 години од смртта на големиот италијански поет Данте Алигиери во Националаната опера и балет на 19 ноември со почеток од 20 часот ќе се изведе операта „Дрдорењата на Лапо“ на композиторот Џо Скитино. Операта е посветена на Данте Алигиери и на неговиот пријател кој исто така е врвен поет и значаен човек. […]

Задолжителната вакцинација и во приватниот сектор, бара Стопанската комора


Стопанската комора на Северна Македонија бара да се воведе задолжителната вакцинација и во приватниот сектор. Само така, смета, ќе се постигнат колективни резултати во борбата со вирусот, но и ќе се овозможи континуитет на деловните процеси. Како што соопшти денеска потпретседателката на Комората, Анета Трајковска, ова барање во вид на Иницијатива е веќе доставено до […]

Мел Гибсон ќе го режира „Смртоносно оружје 5“


САД– Мел Гибсон ќе го режира и ќе глуми во петтиот филм од серијалот „Смртоносно оружје“, чие снимање ќе почне следната година, објави „Сан“, додавајќи дека глумецот го најавил тоа во изјава за новинарите во Лондон. За „Смртоносно оружје 5“ се зборува уште од 2020. Во декември таа година режисерот на претходните четири филма Ричард Донер […]

Истражувачки проекти на седум научни установи ќе бидат финансирани од МОН


На седум јавни научни установи и институти денеска им беа доделени договорите за финансирање научно-истражувачки проекти за 2021 година кои беа позитивно оценети на конкурсот на Министерството за образование и наука. Со средства од МОН ќе биде поддржана реализацијата на проектите: „Еколошката состојба на рибната популација во Белчишко Блато“ на Хидробиолошкиот завод-Охрид; „Македонска книжевна енциклопедија […]

ССМ: Вакцинацијата мора да биде лична определба на работниците, без уцени или присила


Против најновите мерки што ги предлага Комисијата за заразни болести реагира и Сојузот на синдикати на Македонија. Оттаму наведуваат дека вакцинацијата мора да биде резултат на лична определба на работниците и не смее да се спроведува со присила. – Процесот на имунизација не смее да се спроведува на штета на елементарните права на граѓаните гарантирани со […]

Кроација осигурување Неживот и Стопанска банка – Скопје со понуда за осигурување на отплата на кредит


Во насока на поттикнување на развојот на домашниот осигурителен пазар Кроација осигурување и Стопанска банка неодамна ја проширија понудата на банкоосигурување на македонскиот пазар за првпат овозможувајќи им на клиентите осигурување на отплата на кредит (во светот познато како CPI – Creditor protection insurance). Со оваа понуда корисниците на ново-одобрени кредити од Стопанска банка АД […]

КСС: Со новите Ковид-мерки се кршат основните човекови права


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) реагира на најновите мерки за вработените во јавниот сектор што ги предлага Комисијата за заразни болести. Со предложените мерки, според КСС, се кршат основните човекови права и се бара Владата да размисли пред да ги донесе. – Вакцинирањето треба да е личен избор, а не да се наметнува со мерки, […]

Ќе се бара одговорност ако не се исполнат плановите за производство на струја, вели Бектеши


Ќе се бара одговорност од сите кои нема да ги исполнат плановите што ги доставиле до Владата за производство на електрична енергија до крајот на годината, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Како Влада и Министерство за економија имаме добиено планови за производство. Ќе се бара одговорност од одредени раководства на подружниците на ЕСМ, […]

Царовска: Состојбата во училиштата е стабилна, остануваме на настава со физичко присуство


Состојбата со корона вирусот во училиштата е стабилна и сѐ додека е така останува на првото сценарио – настава со физичко присуство.   – Доколку има каква е да е промена или загрозување, тогаш во координација со Комисијата за заразни болести и со Министерството за здравство ќе имплементираме други сценарија. Но засега сѐ укажува дека состојбата […]

Aвстриските трговци ќе губат 350 милиони евра неделно заради карантинот за невакцинираните


Директорот на австриското Здружение на трговци Рајнер Вил  нагласи дека откако во Австрија стапи на сила карантинот за невакцинирани, трговците во таа држава имаат третина помалку клиенти. Според него, загубата на прометот ќе биде огромна, а здружението смета на дефицит од околу 350 милиони евра неделно. Вил потсетува дека сега е време да се купат […]

Академик Таки Фити: Потребен е поповолен даночен третман на иновативните тутунски производи


Минатата недела, во Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) се одржа научна дискусија по повод завршувањето на мултидисциплинарниот проект „Социјален пристап и прифаќање на намалување на штети преку наука и истражување“.  Академик Таки Фити од МАНУ ги образложи економските и фискалните аспекти при креирање јавни политики за контрола на тутунот во Северна Македонија. Според него, во […]

Туристичкиот сектор мора да се прилагоди за да не заостане зад конкуренцијата


Креирање понуди за мали групи туристи кои сакаат неоткриени дестинации и кои повеќе трошат, нови атрактивни локации и викенд пакети, развивање еко и рурален туризам, вложување во сместувачки капацитети, во услуги, но и во соодветни кадри. Ова се само некои од начините што ќе овозможат домашниот туристички производ да остане конкурентен и да ги следи […]

АД ЕСМ: „Мицубиши” заинтересиран за изградбата на гасна електрана од 250 MW во РЕК Битола


Делегација на јапонскиот производител „Мицубиши“ ги посети АД ЕСМ и Подружницата РЕК Битола со цел испитување на можностите за изградба на гасна електрана со моќност од 250 MW во кругот на РЕК Битола, соопшти АД Електрани на Северна Македонија. На средбите со Управниот одбор на АД ЕСМ и со менаџерскиот тим на РЕК Битола, претставниците […]