Полскиот претседател Анджеј Дуда во посета на Македонија


Mинистерството за внатрешни работи известува дека на ден 18 и 19.11.2021 година (четврток и петок) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Република Полска Н.Е Анджеј Дуда. За таа цел МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје, за што апелираме до […]

Владо Поповски: Нема потреба од ревидирање на Уставот сè додека не станеме членка на ЕУ


 Денешниот Устав е одличен пример за граѓански, демократски и европски Устав, смета професорот Владо Поповски, кој заедно со професорите Љубомир Фрчковски и Лазе Китановски учествуваше во подготовка на работниот текст на првиот Устав од независноста на земјата. Три децении подоцна, Поповски во разговор за МИА евоцира спомени за настаните и за процесот на изработка и […]

Фаучи: Трета доза ќе стане стандард за „целосна вакцинација“ против Ковид-19


Главниот медицински советник во Белата куќа Ентони Фаучи предупреди дека слабеењето на ефектот на вакцините во комбинација со високо преносливата Делта варијанта на коронавирусот ќе доведе до двоен удар, што ќе ги погоди и вакцинираните луѓе. Како што се приближува зимата и бројот на случаи на коронавирус повторно се зголемува, главниот медицински советник на Белата […]

Мицкоски закажа состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ


    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски закажа состанок со Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На овој состанок се очекува да се разговара околу следните политички чекори во однос на барањето за врзи предвремени парламентарни избори, како и целокупната политичка ситуација во земјава.

Џафери го посети Павилјонот на Северна Македонија на Експо 2020 Дубаи


Претседателот на Парламентот Талат Џафери и собраниска делегацијата го посетија Павилјонот на Република Северна Македонија на Експо 2020 Дубаи. Како што соопшти собраниската прес-служба, во периодот од 1 октомври 2021 година до 31 март 2022 година земјава е претставена на ЕКСПО 2020 во Дубаи со слоганот „Дом на секој чекор“, а под мотото „Нови можности“. […]

Атентатот во Ливерпул бил подготвуван најмалку седум месеци


Наводниот извршител на нападот со експлозијата, што се случи во неделата во такси во Ливерпул, северна Британија, го подготвувал нападот „најмалку“ седум месеци, соопшти денеска британската полиција. Силите за борба против тероризмот го истражуваат минатото на Емад Ал Свелмин (32), барател на азил кој го прифатил христијанството, кој загина во експлозијата во неделата околу 11 часот пред женска болница, […]

ДКСК: Прекршочен платен налог против директор на затвор, кој си го вработил синот


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на денешната 55-та седница, донесе одлука за поднесување прекршочен платен налог против поранешен директор на еден затвор, кој додека ја извршувал функцијата си го вработил својот син во истиот затвор. Против директорот, кој во февруари годинава бил разрешен од функцијата, претседателката на ДКСК Билјана Ивановска рече дека ќе […]

Во Србија 3.600 новозаболени, починаа 56 пациенти


Во Србија до последниот пресек потврдни се 3.600 новозаболени со корона вирус, а од последиците на Ковид-19 починаа уште 56 пациенти. На респиратор се 254 лица, а во болница се лекуваат 6.160 луѓе. Во текот на епидемијата од кроона вирус во Србија од Ковид-19 досега почибнаа 11.007 лица, а процентот на смртност е 0,90. Досега […]

Ревакцинирани 48 отсто од полнолетните граѓани, 58.132 примиле трета доза


Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.207 дози вакцини, од кои 1.515 се аплицирани како прва доза, 930 се ревакцинирани, а 1.732 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 16 ноември вкупно се вакцинирани 817.079 граѓани, ревакцинирани се 786.941, а трета доза примиле 58.132 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Педесет и седум отсто […]

Од утре ќе се вози по новата обиколница во Штип


Штип доби нова модерна обиколница, како дел од експресниот пат Штип – Радовиш, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид на изградената обиколница. Тие најавија дека од утре попладне обиколницата ќе биде пуштена за сообраќај за сите возила. Обиколницата е во […]

Славески: Бесплатниот јавен превоз може да се реализира во догледно време


Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески денеска изјави дека бесплатниот јавен превоз може да се реализира во догледно време со, како што рече, зголемена ефикасност на ЈСП „Скопје“. -Во моментов и изминатите неколку години со проширувањето на правата за користење бесплатен јавен превоз, почнувајќи од пензионерите, зголемувањето на бројот на денови во работната […]

За 58 постари и болни лица, во Крушево се грижат 13 негуватели


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска при денешната посетата на Крушево ги повика граѓаните да се вклучат и да ги искористат активните мерки од Оперативниот план, со цел да се намали невработеноста на сметка на зголемување на активноста на пазарот на трудот. При увидот во имплементацијата на програмата за Економска грижа од Оперативниот план преку […]

ССК контра Филипче – наместо репресивни подобри се стимулирачки мерки


Сојузот на стопански комори смета дека правото на вакцинација која не е задолжителна е лично право на избор и не треба да се ограничува.  Од оваа асоцијација на стопанственци велат дека изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дека Сојузот барал да се воведе задолжителна вакцинација и за вработените во приватниот сектор е целосно неточна. […]

Истражување: Притисокот на Бугарија врз Македонија бил контрапродуктивен


Притисокот на Софија врз Скопје е контрапродуктивен, покажува бугарска студија. Говорот на омраза кон Бугарија кој се појави во македонските медиуми е резултат на ветото за почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, заклучуваат од софиската Фондација за хуманитарни и социјални истражувања. Притисокот на Бугарија врз Северна Македонија за прашањата за идентитетот и јазикот […]

Мицкоски плаши: Греењето во Скопје ќе поскапи над 200 проценти


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, само што заврши со една кампања, ја почна следната. денес во Кисела Вода тој промовираше изградба на фекална канализација, со која по неколку децении ќе се обезбедат 200 приклучоци за ќителите на една улица и која ќе биде долга од  1.100 метри. -Продолжуваме со проектите, сакаме да покажеме дека Македонија […]

ИОК: Спортистите треба да се натпреваруваат во категоријата пол во која најдобро се чувствуваат


Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) објави сет совети за Меѓународните спортски федерации за прашањето на трансродовите лица и спортистите кои го декларираат својот пол спротивен. Сетот вклучува 10 принципи кои, според ИОК, федерацијата треба да ги земе предвид. ИОК смета дека на сите спортисти треба да им се дозволи да се натпреваруваат, без разлика на пол, […]

(Видео) Сицилија ја погодија поплави, невреме и пијавици, загина едно лице


Пијавицата која денеска се формира на југот на Сицилија уби еден човек и нанесе штета на имотите. На тоа подрачје, поради силните дождови дојде до поплави, па властите ги затворија училиштата. Канцеларијата на цивилната заштита соопшти дека маж на возраст од педесетина години, кој излегувал од дома во близина на градот Рагуза, бил зафатен од […]

Пет години „Костал Македонија“, филијалата во Охрид со илјада вработени


Претставници на Амбасадата на Германија, предводени од заменик-амбасадорот Ото Граф беа во посета на производствените капацитети на „Костал Македонија“ во Охрид, по повод одбележувањето на петгодишнината од доаѓањето на Групацијата „Костал“ во земјата. Каи Кникман, управниот директор на Групацијата „Костал“, изрази задоволство од постигнатото во нивната филијала во Охрид. – Пет години како успешно се […]

Трајко Славески ќе претседава со градскиот совет на Скопје


Со гласови на вкупно 26 советници поранешниот министер за финансии Трајко Славески денеска е избран за претседател на Советот на Град Скопје. Неговиот избор беше подржан од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците / Алтернатива и двајцата советници на ЛДП и ДОМ. Против гласаа СДСМ, ДУИ и двајцата советници на Зелен […]

ДКСК препорачува да се исфрли балансерот од Законот за административни службеници, луѓето лажат за да се вработат


 Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на денешната седница говореше за предмети кои пристигнуваат до Антикорупција за тоа кога кандидати за вработување ја менуваат националноста, со цел да ги исполнат условите од балансерот и да се вработат. Таа конкретно образложи предмет, при што е утврдено дека во Агенцијата за вработување […]