Облачно, со слаб ветер и температура до 16 степени


Претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе од 9 до 16 степени. Во Скопје, умерено облачно со умерен ветер од северен правец. […]

ИстокPress: Ване Богдов ја предаде штипската конфекција „Вабо“ на работниците


Од први јануари 2022 година познатата штипска конфекција „Вабо“ ќе премине во рацете на работниците. Во нивно име (во име на работниците) со овој стопански колектив ќе раководат Тања Николова, дипломиран технолог со долгогодишен работен стаж во конфекцијата и Дарко Роглев, референт по извоз, пишува порталот ИстокPress. -Вчера имавме собир на работниците на кои ја […]

Бугарија се уште не гледа услови да ја крене „рампата“ за Македонија


Шефот на бугарската дипломатија денеска на состанок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ истакнал дека бугарската страна сè уште очекува конкретни чекори од Скопје за исполнување на обврските, вклучително и откажување од територијалните и претензиите кон малцинства, прекинување на говорот на омраза, промена на учебниците и гарантирање на правата на граѓаните со бугарска самоопределба. […]

СДСМ ќе го враќа Максим Димитриевски во партијата


Генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер, Љупчо Николовски, во гостувањето  на ТВ21 вечерва најави дека партијата ќе се обиде да го врати кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во своите редови. Димитриевски беше исклучен од партијата откако најави независна кандидатура за локалните избори, на кои потоа настапи самостојно и го освои вториот мандат на чело на општината. „СДСМ […]

Лидерската позиција на Мицкоски на тест во декември


На 12 декември во Скопје ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи редовен паркиски конгрес на кој ќе се трасира патот за идното делување на партијата, соопшти членот на Извршниот комитет (ИК), Драган Ковачки.Датумот за конгресот е утврден вечерва на седницата на ИК која се одржува во партиското седиште. На конгресот ќе се избира и лидер со оглед на […]

Гувернерот на Оклахома укина смртна казна неколку часови пред нејзиното извршување  


Гувернерот на Оклахома, Кевин Стит, денеска нареди укинување на смртната казна за Џулиус Џонс, на кога за само неколку часови требаше да му биде инјектирана смртоносна доза.  Џонс (41), во изминатите 20 години очекуваше исполнување на смртна казна поради убиство од 1999 година на бизнисменот Пол Ховел од предградие на Оклахома сити.  На судењето и […]

Претседателска дебата на Радев и Герџиков на тема Македонија


Актуелниот претседател на Бугарија и кандидат за втор мандат Румен Радев и независниот кандидат поддржан од ГЕРБ-СДС Анастас Герџиков, на дебата на БНТ во пресрет на вториот изборен круг, искажаа слични позиции за темата Македонија, јави дописникот на МИА од Софија. Според Герџиков, потребен е поинаков пристап во односите меѓу двете земји, но не од […]

Италија праќа 30 лекари на помош во Словенија


Во Словенија и денеска продолжуваат драматичните предупредувања од медицинските установи дека Ковид-одделенијата се преполни. Предупредуваат дека кризата со четвртиот бран од корона вирус ќе продолжи ако поголемиот дел од популацијата не се вакцинира. На одделенијата за интензивна нега во Клиничкиот центар во Љубљана состојбата е критична и во нив се лекуваат 80 болни од Ковид-19 […]

Вардар го забележа четвртиот пораз по ред во ракометната Лига на шампиони


Продолжи црната серија на ракометарите на Вардар во Лигата на шампионите, откако вечерва загубија од Пик Сегед со 34:31. Унгарскиот претставник на дуелот во Сегедин до бодовите дојде со подобра игра во текот на сите 60 минути. Домаќините има водство речиси целиот натпревар со исклучок на неколку изедначувања, последното (20:20) во 37. минута. Најефикасен во […]

Полскиот претседател Анджеј Дуда допатува во Скопје


Полскиот претседател Анджеј Дуда вечерва допатува во дводневна официјална посета на земјава, во чии рамки ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев. Претседателот Дуда на Аеродромот во Скопје беше пречекан од министерот за […]

САД нарачаа 10 милиони дози од антивирусниот лек на Фајзер


САД – САД нарача 10 милиони дози од лекот против Ковид на Фајзер, во вредност од 5,29 милијарди долари, а претседателот Џо Бајден вели дека ќе ги сподели бесплатно. Фармацевтската компанија, која продава антивирусната вакцина во соработка со БиоНТек, на почетокот на неделава поднесе барање за итно одобрување на долгоочекуваниот лек, кој лесно се зема во […]

Нови 493 случаи на Ковид-19, оздравени 532, починале 17 лица


Во последните 24 часа регистрирани се 493 нови случаи на КОВИД-19, од направени 2.911 тестирања. Оздравени се 532 пациенти, а починале 17 лица. Како што информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи во Скопје се 200, Битола – 53, Куманово, Велес и Прилеп – по 23, Кавадарци – 20, Кочани […]

Самит на Македонија2025: Визијата е земјава да стане водечка економија и најпросперитетна држава во регионот


Не постојат добри услови за почеток на позитивните промени. Добрите услови ќе бидат резултат на позитивните промени. Успехот на нашата генерација ќе се оценува врз основа на тоа дали ќе успееме да обезбедиме подобра иднина за нашите млади, тука во Република Северна Македонија. А тоа ќе го постигнеме само ако изградиме напредно општество втемелено врз […]

На српскиот пазар македонското вино се перцепира како едно од најдобрите


Македонските вина се на петтото место како најквалитетни по Франција, Србија, Италија и Шпанија, а на високото трето место се позиционирани според соодносот квалитет и цена според Истражувањето на ставовите и перцепцијата на потрошувачите во Србија за македонски производи за широка потрошувачка достапни на српскиот пазар, што денеска пред претставници на компании производители на вино […]

Пакистанскиот парламент ја одобри хемиската кастрација во новиот закон против силување


Пакистанскиот парламент го одобри новиот закон против силување што на судовите им дозволува да наредат хемиска кастрација за некои престапници и предвидува формирање специјални трибунали за итни судења, јави ДПА. Законот предвидува престапниците повратници, криминалците вклучени во групно силување и педофилите да се соочат со хемиска кастрација, казни што групите за правата на човекот и […]

Почна новата кампања за економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан


Почна кампањата насловена „#ЕУиТИ – Заедно можеме” низ целиот регион на Западен Балкан, која има за цел да ги истакне можностите и приоритетните проекти кои ќе се спроведат во регионот, како дел од Економскиот и инвестициски план (ЕИП) на ЕУ за регионот. Како што соопштија организаторите, ЕИП издвојува речиси 30 милијарди евра за финансирање и инвестиции во областите на зелена […]

Битиќи: Земјава ќе биде пионер во воведувањето асистенти за вештачка интелигенција


До пред десет години не можеше ни да се замисли дека владините седници ќе се одвиваат онлајн, но пандемијата го покажа спротивното. И тоа како може да се функционира дигитално. Јавната администрација е подготвена, но не сум сигурен за останатите чинители во општеството и зошто одбиваат да одат онлајн, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир […]

Наместо реконструкција ќе има нова влада


Ќе нема реконструкција на Владата, туку нова влада што ќе ја состави нов премиер, кој ќе биде и лидер на СДСМ, најавиле за „Слободен печат“ извори од кабинетот на премиерот Зоран Заев. Според овие најави, по окрупнувањето и зацврстувањето на парламентарното мнозинство, кое се очекува да се случи наскоро, премиерот Зоран Заев ќе ги активира […]

Поцрвене цела корона-карта на Европа, во зелено само еден остров


Европскиот центар за контрола и превенција од болести (ECDC) денеска ја објави новата корона-карта која ја одразува епидемиолошката состојба во земјите од ЕУ. Секој четврток ECDC ја ажутрира најважната мапа за корона вирус во ЕУ, според која земјите членки одредуваат правила за влез и излез од земјата според бојата која земјата нја има на оваа […]

Апелација го укина куќниот притвор за Миле Јанакиески


  Апелацискиот суд во Скопје денеска го укинал куќниор притвор на екс министерот во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, за укинување на мерката куќен притвор. -Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 18.11.2021 година достави решение КСЖ бр. 605/21 со кое второстепениот суд постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во […]