Париз: Нема да ја следиме мерката изолација за невакцинираните


„Франција нема да ги следи европските земји кои ја воведуваат мерката за изолација на невакцинираните против Ковид-19“ изјави претседателот Емануел Макрон. Макрон оваа одлука ја образложи со зборовите дека Франција бележи успех во борбата против пандемијата благодарение на своите здравствени пропузници. „Тие земји кои ги заклучуваат невакцинираните се оние кои не воведоа здравствени пропусници. Од […]

Шведскиот документарец „Модна ревија: Од ’Глада Худик‘ до Њујорк“ во Кинотека


Приказната ја следи Ема Ертлунд, девојка со интелектуална попреченост како го остварува својот сон да учествува на модна ревија Документарниот филм „Модна ревија: Од ’Глада Худик‘ до Њујорк“ во режија на Јохан Ског ќе биде прикажан вечерва во 20 часот и утревечер во 18 часот во Кинотеката на Северна Македонија. Станува збор за особено популарен […]

„Недела“ на Ермис Лафазановски објавена на руски


Во Москва деновиве излезе од печат романот „Недела“ на Ермис Лафазановски. Тоа е петто дело од македонски автор обjавено (како и претходните „Вежби за ибн Пајко“ на Оливера Николова, „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, „Разговор со Спиноза“ на Гоце Смилевски и „Дива лига“ на Влада Урошевиќ) во превод на руски од Олга Панкина во […]

(Видео) Во Канада 18.000 луѓе се отсечени од светот


Екипите на итната помош се обидуваат да стигнат до 18.000 луѓе во Британска Колумбија кои се отсечени од остатокот од светот поради поплавите и свлечиштата кои ги уништија патиштата, куќите и мостовите. Според тамошните медиуми, тоа може да биде најскапа природна катастрофа во историјата на Канада. Премиерот на Британска Колумбија Џон Хорган, прогласи вонредна состојба […]

Медлин Олбрајт е нов претседател на Комитетот за одбранбена политика на САД


Поранешниот американски државен секретар, 84-годишната Медлин Олбрајт, положи заклетва како нов претседател на Комитетот за одбранбена политика на САД, соопшти Пентагон, јави Си-Ен-Ен. Овој развој на настаните доаѓа речиси точно една година откако администрацијата на Трамп ја отстрани неа и другите експерти за национална безбедност од советодавниот комитет. Олбрајт е првата претседателка на одборот откако […]

Инфлацијата ја опфати и е-трговијата на мало


Електронската трговија, која обезбеди најголеми попусти и поевтини стоки, стана постојан извор на инфлација за време на закрепнувањето од пандемијата -цените на интернет се зголемија за 1,9 отсто во октомври во однос на претходната година и 0,9 отсто во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на софтверската компанија Adobe Inc., јави  Блумберг. Ова е 17-ти […]

Во БиХ просечната плата во септември била 514 евра


Просечната месечна нето-плата по вработен во Босна и Херцеговина за септември 2021 година изнесува 1.006 КМ (514 евра) и е номинално повисока за 4,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Агенцијата за статистика на БиХ. Најниска плата имала во дејноста обезбедување сместување и подготвување и подготовка на храна – 625 КМ (319 […]

Ќучуков: Прекраток е рокот за повлекување на бугарското вето пред Самитот на ЕУ


Бугарија е под многу силен меѓународен притисок да го повлече ветото за Северна Македонија, изјави за БНТ поранешниот бугарски заменик-министер за надворешни работи, Љубомир Ќучуков. Тој, сепак, смета дека рокот за тргање на ветото за почеток на преговорите на Скопје со ЕУ е прекраток, јави дописникот на МИА од Софија. – Во сегашните услови, кога […]

Виена и Скопје се за старт на преговорите во декември, според Софија рокот е нереален


Австрија се загала за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ уште во декември, и тоа интензивно го бара од партнерите во Унијата. За Скопје декември сѐ уште останува добар прозорец за отпочнување на преговорите со ЕУ, Софија пак наговестува дека 14 декември не е реалистичен рок за постигнување на целосен договор за […]

Нов рекорд на индексот S&P 500 на Волстрит


На Волстрит вчера индексот S&P 500 достигна ново рекордно високо ниво, исто како и Nasdaq, благодарение на подобрите од очекуваните деловни резултати на неколку компании. Dow Jones падна за 60 поени, или 0,17 отсто, на 35.870 поени, додека S&P 500 порасна за 0,34 отсто, на 4.704 поени, а индексот Nasdaq за 0,45 отсто, на 15.993 […]

Директорот на Светската програма за храна му одговори на Маск како може светот да се спаси од глад


Директорот на Светската програма за храна на ОН (WFP), Дејвид Бисли, претстави план како да се потрошат 6,6 милијарди долари за борба против гладта во светот, со што одговори на предлогот на директорот на Тесла, Илон Маск, да ги продаде акциите на Тесла за финансирање план, ако WFP може да опише точно како би функционирал. […]

Американски држави почнуваат истрага за Инстаграм и влијанието врз децата


Јавните обвинители во неколку американски држави нагласија дека почнале заедничка истрага за да утврдат дали Мета (поранешен Фејсбук), кој е сопственик на Инстаграм, намерно им дозволувал на децата и тинејџерите да ја користат неговата социјална мрежа, додека знаеле дека може да биде штетно за нивното физичко и ментално здравје. – Истрагата ќе испита дали Мета […]

Уништувањето на бразилската амазонска прашума лани зголемено за 22 отсто


Уништување шуми во бразилската амазонска прашума е зголемено за 22 отсто за една година и го достигна највисокото ниво од 2006 година, се вели во годишниот извештај на бразилската влада. Бразилската агенција за вселенски истражувања ИНПЕ регистрирала 13.235 квадратни километри уништени шуми во најголемата прашума во светот во своите сателитски податоци за време на официјалниот […]

Денеска денот „Д“ за ново парламентарно мнозинство – средба на Заев и Гаши за влез на Алтернатива во Владата


Можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата, ќе биде тема на најавената за денеска средба на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Средбата треба да се одржи во Клубот на пратениците во 15:30 часот. Координаторот на пратеничката група на СДСМ […]

Македонско – полски бизнис форум


Во рамки на посетата на претседателот на Полска Анджеј Дуда на земјава, денеска ќе биде одржан македонско – полски визнис форум на коj претставници на компании од двете земји ќе ги разгледуваат можностите за интензивирање на економската соработка. На бизнис форумот ќе се обратат претседателите на Стево Пендаровски и Анджеј Дуда, по што ќе биде […]

Полскиот претседател Анджеј Дуда во официјална посета на Северна Македонија


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Претседателот Дуда, ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен […]

Што ќе каже Владата за предлог-мерките на Комисијата за заразни болести


Во очекување Владата да се произнесе за предлогот на Комисијата за заразни болести за заострување на мерките против КОВИД-19 и зголемување на опфатот на имунизација, Министерството за здравство информира дека заклучно со вчера, вкупно се вакцинирани 818.689, а ревакцинирани се 787.837 граѓани. Трета доза примиле 59.735 граѓани. Во меѓувреме предложените мерки наидоа на поделени реакции […]

Современата ирска кинематографија прв пат на репертоарот на „Киненова“


Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, во рамките на својата редовна програма, годинава за прв пат ја претставува современата ирска кинематографија во Македонија. По тој повод, во кино-салата на Кинотека на Македонија, во сабота со почеток во 20 часот ќе се одржи свеченост на која ќе присуствува амбасадорот на Ирска за Романија, Северна Македонија и Молдавија, Пол […]

Операта „Дрдорењата на Лапо“ премиерно на сцената на НОБ по повод 700 години од смртта на Данте Алигиери


По повод 700 години од смртта на големиот италијански поет Данте Алигиери во Националаната опера и балет, вечер со почеток од 20 часот ќе биде изведена операта „Дрдорењата на Лапо“ на композиторот Џо Скитино. Операта е истовремено традиционална и современа, бидејќи обработува теми и настани од време кое се случило пред 700 години, но кои […]

Седумдесет години од формирањето на Ботаничката градина при ПМФ


Ботаничката градина при Факултетот за природно-математички науки во Скопје денеска одбележува 70 години од формирањето.  Јубилејната прослава, како што е најавено, ќе се одржи во дворот на Ботаничката градина. Ќе се обратат деканот на Природно-математичкиот факултет во Скопје проф. д-р Александар Скепаровски, Робертина Брајановска од Македонското еколошко друштво и проф. д-р Рената Ќуштеревска – раководител на Институтот за […]