Стопанската комора го повтори барањето: Задолжително брзо тестирање во приватниот сектор, вработените сами да го платат


Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш го повтори барањето –  невакцинираните работници во приватниот сектор кои последните шест месеци не прележале КОВИД задолжително да се тестираат, но на сопствен трошок и тоа со брзи, а не со ПЦР тестови. Комората во пресрет на денешната владина седница апелира – доколку се усвои ваквиот предлог државата […]

Облачно време во следните денови, од петок повремен дожд, на планините снег


Во следните денови ќе се задржи претежно облачно време. Под влијание на влажен бран од петок ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови, каде на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Од четврток ќе дува умерен дозасилен ветер од јужен правец, што за време на […]

Царовска: Поставивме добар правец за развој на науката


Науката, истражувањата и иновациите се актуелна тема во нашата земја, за која се зборува како никогаш досега. Владата покрена силна иницијатива и подготви поширок план за подигнување на важноста на научно – истражувачката дејност преку зголемување на финансиските средства и обезбедување повеќе можности за научно – истражувачките работници, чие достоинство мора да достигне доволно високо […]

Јавниот обвинител Јовески ќе се сретне со бугарските истражители на местото на автобуската несреќа


Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска ќе се сретне со директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов на местото на автобуската несреќа на автопатот Струма, во Бугарија. Средбата со Јовески, во изјава за БТА ја потврдил директорот на бугарската Националната истражна служба Сарафов. Двајцата ќе се сретнат на местото на несреќата […]

Две шолји кафе дневно нѐ оддалечуваат од Алцхајмеровата болест


Австралија- Научници открија дека кај луѓето кои пијат кафе секој ден има помала можност за развој на когнитивно оштетување на мозокот. Истражувањето објавено во списанието „Фронтиерс оф ејџинг неуросајенс“ (Frontiers of Aging Neuroscience), е спроведено во тек на 10 години, во Универзитетот „Едит Кoуaн“ во Перт, Западна Австралија. – Откривме дека учесниците кои пијат повеќе […]

Брнз: Изразувам најдлабоко сочувство на семејствата што ги загубија своите најмили


Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз изрази сочувство за загинатите во автобуската несреќа што се случи доцна синоќа во Бугарија. – Од име на Американската амбасада, сакам да изразам најдлабоко сочувство на семејствата кои ги загубија своите најмили, и нашата поддршка за повредените, како и за оние на кои срцата им се скршија кога […]

Заев и Османи на пат кон Скопје, се најавуваат одлуки на Владата


Денеска на седница на Владата ќе бидат донесени сите неопходни одлуки по страшната трагедија со автобусот на ТА „Беса транс“ кој што изгоре во Бугарија и во која загинаа најмалку 46 лица. Ова го најави министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за ТВ24, во која рече дека заедно со премиерот Зоран Заев веќе […]

„Алсат“ објави список со загинатите


Телевизија Алсат објави список со патници кои  се превезувале со автобусот кој рано утринава изгоре на автопат во Бугарија.Од истиот може да се види дека најмладите жртви се родени 2014 и 2017 година.   Списокот до кој дојде Алсат: Мемеди Кадри, Широки Мухсин, Љупчо Зафиров Амети Љуан, Амети Џихан, Амети Аљбан, Амети Авни, Рустеми Ибрахим, […]

Одложени активностите во Собранието поради автобуската несреќа во Бугарија


Поради автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во Бугарија, во која 46 луѓе ги загубија животите, денеска се одложени сите активности во Собранието. Одложени се и сите планирани средби. Како што информира собраниската прес-служба, само Националниот совет за евроинтеграции ќе ја одржи третата седница. Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија […]

Минута молчење за загинатите на конференцијата „Наука за развој, Заедно е возможно“


Со едноминутно молчење почна конференцијата „наука за развој, заедно е возможно“, по автобуската несреча што ноќеска се случи во бугарија, а во која загинаа македонски граѓани. – Денеска е многу тажен ден за нашата земја и за регионот – 45 македонски државјани го загубија животот во сообраќајна несреќа што се случи кај нашиот источен сосед. […]

Карди Б смени осум креации од висока мода на Американските музички награди


САД- Карди Би го претвори доделувањето на Американските музички награди во модна писта за една манекенка. Раперката и првпат водителка го покажа својот препознатлив стил на доделувањето на наградите, каде носеше вкупно осум модни изгледи од почеток до крај. Со помош на нејзиниот стилист, Колин Картер, кој стоеше и зад нејзиниот винтиџ изглед на Муглер […]

Шекеринска: Сојузници се понудија за помош, засега нема барања од институциите


Премиерот Зоран Заев и министрите за надворешни работи и за здравство, Бујар Османи и Венко Филипче, кои беа на  местото на сообраќајната несреќа, на седница на Влада ќе ги пренесат дополнителните информации кои беа на располагање, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска, додавајќи дека Владата денеска ќе дискутира и ќе информира за следните чекори. Посочи […]

Заев – Јанев: Заедно сме и во добро и во лошо


Две големи трагедии ја најде Бугарија во последните два дена, денешната автобуска несреќа со 46 жртви од Македонија и вчерашната, кога во пожар изгореа девет станари на старечки дом.   – Заедно сме и во добро и во лошо, ние сме први соседи, за мене братски народи и секојпат треба да се најдеме и помагаме. Оваа […]

Заев – Јанев: Заедно сме и во добро и во лошо


Заедно сме и во добро и во лошо, ние сме први соседи, за мене братски народи и секојпат треба да се најдеме и помагаме. Оваа трагедија позитивно ќе се одрази на односите меѓу двете земји, затоа што си помагаме, институциите работат заедно. Ова е пораката на народите од двете страни – тука сме да си […]

(Видео) Роднина на еден од патниците во автобусот бара информации барем за преживеаните


Родинина на еден од патниците во автобусот кој се запали во Бугарија, вели дека немаат никакви информации за своите најблиски. Тој повика институциите или некој од агенцијата „Беса транс“ да ги информира. – Барем за тие што се преживеани, да кажат информација на луѓето – вели Џељаљ Бакиу, чиј братучед патувал на оваа екскурзија. Информацијата […]

Останатите три автобуси на „Беса Транс“ се вратиле во Македонија


Останатите три македонски автобуси, кои превезувале дел од групата од Истанбул до Скопје, рано утринава околу 5 часот поминале низ граничниот премин Гуешево и се вратиле во Северна Македонија, потврдија за БНР граничните власти. Несреќата предизвика и политичка кавга во Бугарија, откако повеќе експерти обвинија дека  тешката сообраќајна несреќа можеби е резултат на лошата состојба […]

Спасовски: Tим на МВР веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изрази сочувство до семејствата на загинатите во автобуската сообраќајна несреќа што рано утрово се случи во Бугарија. -Дозволете ми во овие тешки моменти на тага и болка за целата држава да изразам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа која се случи во Бугарија, […]

Рама: Нема зборови за утеха за оваа голема трагедија


Албанскиот премиер Еди Рама изрази искрено и длабоко сочувство за настраданите во сообраќајната несреќа во која 46 лица, главно македонски државјани го загубија животот. Во објава на Фејсбук, Рама овој трагичен настан го опишува како „огромна болка“ и вели дека нема збор за трагедијата каде животот го загубија речиси сите патници. – Нема зборови на […]

Алтернатива го одложува Централното претседателство поради несреќата во Бугарија


Во знак на солидарност со жртвите од трагедијата во Бугарија и нивните семејства, седницата на Централното претседателство на Алтернатива се одлужува за наредните денови, информираа од партијата. „Притоа Алтернaтивa им изразува топли и искрени сочуства на семејствата на загинатите, а на повредените им пожелува брзо враќање  во нивните домови“, додаваат од таму. Централното претседателство на […]

Бугарија ќе прогласи ден на жалост


Премиерот Стефан Јанев најави дека бугарската влада размислува да прогласи ден на жалост поради трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ во која загинаа 45 патници, но и поради вчерашната трагедија во Бугарија кога во пожар во дом за стари лица загинаа 9 лица.  -Денес е посебен ден. Ни се случија две големи трагедии. Тие се […]