Во кои земји живеат најмногу милијардери?


Не изненадува дека САД и Кина се дом на најголемиот број од најбогатите луѓе во светот. Сепак, бројот на милијардери годинава е зголемен во речиси секоја земја, според листата на најбогати „Форбс“. „Форбс“ пишува дека има значителни промени на листата на земји каде живеат најмногу милијардери, па Индија се проби во првите три откако годинава […]

Маск ги праша следбениците на Твитер дали да продаде 10 отсто од уделот во Тесла, акциите паднаа за 8 отсто


Американскиот иноватор Илон Маск ги анкетираше своите 62,5 милиони следбеници на Твитер со прашањето дали треба да продаде 10 отсто од своите акции во компанијата Тесла, чиј основач и директор е тој. „Во последно време многу се зборува за нереализирани профити, кои се средство за даночно затајување, па затоа предлагам да продадам 10 отсто од […]

Конгресмени бараат од Бајден поцврст став кон Вучиќ


Едно писмо во кое се бараат и санкции спрема оние што го дестабилизираат Западен Балкан, ја крена на нозе власта во Белград   Писмото од група конгресмени упатено до американскиот претседател Џозеф Бајден во кое се предлага блокада на имотот и забрана за патување за оние кои го дестабилизираат Западен Балкан, обвинувајќи го српскиот претседател […]

Незгодната страна на патувањето во Вселената и назад


Франција– Четворица астронаути треба да пристигнат на Земјата утре, по престојот на Меѓународната вселенска станица, а патувањето што ќе трае околу 20 часа ќе има и свои ризични моменти, пишуваат медиумите во Франција кои го следат настанот. Французинот Томас Песке е меѓу космонаутите. Патувањето започнува кога капсулата во којашто се наоѓаат астронаутите ќе се одвои […]

Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани, досега 43.376 примиле трета доза


Во изминатите четири дена аплицирани се вкупно 8.185 дози вакцини, од кои 1.706 се аплицирани како прва доза, 1.899 се ревакцинирани, а 4.590 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 809.293 граѓани, ревакцинирани се 780.456, а трета доза примиле 43.376 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Педесет и четири отсто од граѓаните […]

Тешка сообраќајка во Прилеп


Утрово, во 3.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од улиците „Александар Македонски“ и „Октомвриска“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(26) од Прилеп и патничко возило „хјундаи акцент“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(19) од Прилеп. -Во несреќата, со […]

Железници Инфраструктура ќе помогне за транспорт на мазут до ТЕЦ Неготино и на јаглен до близина на РЕК


Железници Инфраструктура се вклучува од логистички аспект во решевање на енергетската криза и презема активности да се стават во функција капацитетите за транспорт на јаглен и мазут, изјави денеска за МИА Хари Локвенец, директор на ЈП ЖРСМ Инфраструктура. Како што информира Локвенец, ЖРСМ Инфраструктура во соработка со ТЕЦ Неготино е во финална фаза за целосната […]

Принцезата Шарлин се врати во Монако по шест месеци во Јужна Африка


Монако– Принцезата од Монако Шарлин (43) се врати дома! Извори за „Пипл“ велат дека Шарлин пристигнала рано наутро по ноќниот лет од Дурбан, Јужна Африка. Мајката на две деца слета на југот на Франција во 8:30 часот по локално време. Враќањето на Шарлин става крај на месечните шпекулации за нејзиното ненадејно и продолжено исчезнување од […]

Островот може да исчезне, а неговиот министер вака се обрати до ОН


Министерот за надоврешни работи на Тувалу одржа говор на климатската конференција на Обединетите нации во Глазгов стоејќи до колена во морската вода за да покаже дека неговата држава е на првата линија на климатските промени, пишува Си-ен-ен. Фотографиите од Симон Кофе во костум и врска какос тои на говорница поставена во морето. сп подвиткани ногавици, […]

Статуи на Афродита и Дионис откриени во Турција


Турција– На подрачјето на древниот град Ајзаној, кој се наоѓа во западниот дел на Турција, археолозите откриле солидно извајани глави на древните богови Афродита и Дионис. Истражувачите сметаат оти статуите пронајдени при археолошки ископувања се направени од варовник пред околу 5.000 години. Според координаторот на ископувањата, археологот Гохан Косќун од турскиот универзитет „Думлупинар“, овие наоди […]

Нова необична книга за деца: Што има во шапката на волшебникот?


Во книжарниците на ТРИ книга по книга се комплетира едицијата „Читаме заедно“, проект поддржан од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ чија едногласна идеја за квалитетна литература ги освојува читателите. Со „Шапката на Волшебникот“ од Туве Јансон, во превод на Ивица Челиковиќ, литературата за деца се збогатува со уште едно, култно светско дело. Туве Јансон е […]

Пијанистката Јеол Еум Сон од Јужна Кореја со концерт во Филхармонија


В четврток во 20 часот, со оркестарот на Филхармонија ќе настапи една од најдобрите млади пијанистки на светската музичка сцена – Јеол Еум Сон од Јужна Кореја. Концертот е насловен „Фрески“ според истоименото музичко дело на македонскиот композитор Благоја Ивановски кое ќе биде изведено на овој концерт, заедно со Концертот за пијано и оркестар бр.2 […]

Пресечен меѓународен канал за шверц на наркотици, запленета дрога во вредност од околу 350.000 евра


Триесет и осумгодишен државјанин на Република Албанија е приведен вчеравечер на локален пат во селото Оровник во општина Дебрца, со што е пресечен меѓународен канал за шверц на марихуана од Албанија во нашата држава, соопшти МВР. – На 7 ноември 2021 во 20 часот на локален пат во селото Оровник, општина Дебрца, од страна на […]

Арбен Тачи доби награда за најдобар дебитантски режисер на Фестивал во Монтреал


Режисерот Арбен Тачи ја доби наградата за најдобар дебитантски режисер за филмот „Исчезнатиот” на Фестивалот на независен филм што се одржува во Монтреал, Канада. Ова е втора меѓународна награда за овој филм, по наградата за најдобра фотографија која му беше доделена на директорот на фотографија Владимир Самоиловски на Филмскиот фестивал во Анадолија. Инаку, филмот „Исчезнатиот“ […]

ССМ бара пратениците да ги усвојат законите за унапредување на работничките права


Сојузот на синдикати на Македонија бара од пратениците веднаш да ги усвојат сите законски решенија кои се заглавени во Собранието, а се однесуваат на остварување и унапредување на работничките права. Бараат да се усвои законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со кое сите оние кои работат во дејностите каде не може […]

Концерт на Стинг во Сараево на 19 март


„Авалон Продукција“ го носи Стинг во Сараево, на 19 март, следната година, како свој  прв голем календарски проект во 2022 година.  Концертот е закажан во олимписката сала „Зетра“, во 20 часот. Концертот ќе биде во рамки на неговата „My Songs“ турнеја, која беше прекината поради Ковид, а истовремено ќе биде и промоција на неговиот нов […]

Двајца мажи на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар


Двајца мажи од Берово и Штип на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во дневниот здравствен билтен. Се очекува во текот на денот раководството да информира во каква состојба биле донесени пациентите и кои компликации од коронавирусот предизвикале смрт кај пациентите на возраст од […]

Кандидатот за претседател на Бугарија Лозан Панов: Подавам рака на соседите


Независниот кандидат за претседател на Бугарија, предложен од иницијативата „Правда за секого“ и поддржан од Демократска Бугарија, Лозан Панов деновиве ќе го посети Скопје каде, според најавите, ќе има средби „со пријателите на Бугарија и со претставници на македонските Бугари на кои ќе се разговара за иднината на бугарско-македонските односи“. Пред посетата на Скопје, Панов […]

РЕК Битола надвор од погон, поради дефект исклучен и Блок 1, ЕСМ очекува брза санација


Поради дефект исклучен Блок 1 во РЕК Битола, до крајот на денот се очекува повторно да биде вклучен   Поради дефект од синоќа е исклучен Блок 1 од РЕК Битола. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде повторно приклучен на електроенергетската мрежа. – Заради дефект во котелот на Блок […]