Конгресмени бараат од Бајден поцврст став кон Вучиќ
Едно писмо во кое се бараат и санкции спрема оние што го дестабилизираат Западен Балкан, ја крена на нозе власта во Белград
Писмото од група конгресмени упатено до американскиот претседател Џозеф Бајден во кое се предлага блокада на имотот и забрана за патување за оние кои го дестабилизираат Западен Балкан, обвинувајќи го српскиот претседател за продлабочување на корупцијата и притисок врз медиумите, предизвика лавина реакции кај владините претставници. Некои од нив го игнорираат фактот дека во писмото се зборува за санкции против поединци, а со речникот од 90-тите се тврди дека се воведуваат санкции кон Србија и дека зад сето тоа стојат опозиционерот Драган Ѓилас и косопственикот на медиумската група „Јунајтед груп“ Драган Шолак. Против нив обвинувања упатува и претседателот на Србија, кој тврди дека тој не е дестабилизирачки фактор и дека нема сметки што би можеле да бидат блокирани.
„Ѓилас и Шолак имаат сметки, блокирајте ги, Ѓилас и Шолак не ги интересира дали Србија била бомбардирана или не, Ѓилас и Шолак сакаат да ме соборат“, одговори претседателот на Србија одговори на речиси сите новинарски прашања по добивањето на третата доза од вакцина.
„Мене да ми ги замрзнат сметките!? Па јас не сум Ѓилас и Шолак, немам ниту една сметка во странство. Шолак и Ѓилас немаат ништо, не ги интересира Србија. Изгледа некој губи многу пари, милијарди евра, да не е тоа сопственикот на вашата куќа, Шолак и Ѓилас“, рече Вучиќ.
Од друга страна, тој е претседател на Србија кој, како што вели, се бори за својот народ, го одржува мирот и стабилноста и ќе продолжи да го прави тоа.
„Дури и да бидам Робин Худ од мала нација кој се бори за својот народ. Сите мои претходници немаа толку средби со светските лидери како јас, сите заедно. Јас сум претседател на слободните луѓе“, рече тој.
Во писмото на конгресмените, кое предизвика бурни реакции кај претставниците на српската влада, се наведува дека претседателот на Србија ја продлабочил корупцијата и врши притисок врз медиумите.
Вучиќ може да се претстави и да се споредува со Робин Худ во врска со набавката на респиратори, но тоа секако нема да ги спречи Американците да почнат да ѝ ги презентираат на јавноста податоците што ги имаат долго време, смета
„Како доказ за корупција гледам дека ми се забележува што набавував респиратори… Супер, јас сум виновен за тоа, воопшто не е корупција. Србија е апсолутно стабилизирачки фактор во регионот, што го потврди и господинот Ескобар, во однос на Република Српска и сѐ друго, ако сакате Србија секаде да се откаже од својот народ и со тоа да стане стабилизирачки фактор, ниту јас нема да го сторам тоа“, рече Вучиќ. (Н1)