Тедрос: Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи, бидејќи сите алатки за борба против вирусот се достапни


Швајцарија– Пандемијата на Ковид-19 ќе заврши „кога светот ќе одлучи да стави крај“, бидејќи „сите алатки“ за борба против вирусот сега се достапни, рече во неделата шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, повторувајќи ги своите повици за поправедна дистрибуција на вакцината.   – Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи да и стави крај, таа […]

Алек Болдвин ризикува да биде кривично гонет за ненамерно убиство, велат правните експерти


САД– Алек Болдвин ризикува да биде кривично гонет за ненамерно убиство на снимателката Халина Хачинс, предупредија правните експерти. Холивудската ѕвезда може да се соочи со обвиненијата поради неговата улога како извршен продуцент на филмот, а не поради повлекување на чкрапалото, сугерираше американскиот обвинител Џозеф Коста. Коментарите дојдоа откако се појавија вести за напуштање на екипата […]

Од  денеска во Бугарија почнува проверката на  зелените сертификати


Бугарија – Од денеска во Бугарија почнуваат засилените инспекции за зелени сертификати. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските власти во изминатите неколку дена дозволија преоден период за да објектите на затворено да се подготват за пунктови за брзи тестирања,  галерии, кина и театри. Сертификатот нема да биде потребен при посета на аптеки, мали […]

Македонија продолжува да ги исполнува одредниците за визна либерализација


Спогодбата за стабилизација и асоцијација (САА) со ЕУ, потпишана во 2001 година, ја поставува рамката за односите на Северна Македонија со Унијата и вклучува политички, економски и технички дијалози. Во текот на извештајниот период експертите се состанале во седум Поткомитети и една Специјална група. Комитетот за стабилизација и асоцијација, пак, се одржа во јуни 2021 […]

Здравството се соочува со загуби на медицински кадар, особено на специјалисти, нотира ЕК во Извештајот


Здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено на специјалисти кои одат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство, оценува Европската комисија во неодамна објавениот Извештај за напредокот на земјата. Во Извештајот се оценува дека пристапот до лекари специјалисти во јавното здравство останува проблематичен. – И покрај обезбедувањето на зголемени плати […]

Концерт на солистите на Националната опера и балет


По повод Светскиот ден на операта вечер со почеток во 20 часот во Националната опера и балет, ќе се одржи концерт на солистите на Националната опера и балет. На концертот ќе настапат солистите Марјан Јованоски (баритон) и Владимир Саздовски (бас). Додека, гостин ќе биде Сандра Митровска (сопран); Пијано придружба Елена Сиљаноска. На програмата се арии и дуети од оперите […]

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ


Младинскиот културен центар ја продолжува сезоната на есенски настани со што вечерва во 20 часот со изведба на претставата „Парадоксот на Диоген“, во режија на младите Јована Зајкова и Бобан Русески. Претставата ќе биде придружена со танцувачка кореографија на креативниот колектив „X Squared“, како и претставници на Скопскиот танцов театар и училишниот центар „Илија Николовски […]

Мерсиха Шукри со концерт во Филхармонија ќе одбележи 20 години творење


Нашата најпозната харфистка Мерсиха Шукри вечер со концерт во Филхармонија ќе одбележи 20 години од нејзиното творење. На програмата ќе бидат изведени композиции од Дуранд, Дусек, Глинка и Хенсон. Како гости ќе настапат нејзините драги колеги Елена Талевска на виолина и Паскал Краповски на виолончело. М-р Мерсиха Шукри е родена во Скопје, каде дипломирала на […]

ЕК: Стапка од 96 проценти усогласеност на Македонија со надворешната политика на ЕУ


Република Северна Македонија продолжува да биде умерено подготвена во делот на заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика, се оценува во Извештајот на ЕК за напредокот на земјата за 2021 година, при што се нагласува дека усогласеност со одлуките на ЕУ и Европскиот совет е 96 проценти. Постигнат е одреден напредок во периодот на известување, со […]

Сончево со променлива облачност и слаб до умерен ветер


Времето во земјава ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје, наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура […]

Заев од Радовиш: Многу е важно да се обединиме сите, да продолжи економскиот раст


Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Радовиш оствари средба со граѓаните и со пензионерите и ги повика на 31 октомври обединети заедно да ја донесат победата, за најдоброто.Истакна дека Радовиш е социјалдемократски град, неколку изборни циклуси наназад бил единствен, сега повторно е единствен, а во единството била и победата, и силата, и успехот и среќата. […]

Ахмети: Oпштините ни се потребни за спроведување на зелената агенда


 Потребно ни е владеење на правото, чиста животна средина, бидејќи без нив ЕУ нема да ги отвори вратите и затоа треба да се мобилизирате за гласањето в недела, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој на предизборен собир ја побара поддршката на жителите од гостиварското село Дебреше. Тој се осврна и на делувањето на политичките […]

Манчестер јунајтед го претрпе најголемиот пораз на домашен терен од Ливерпул во клупската историја


 Ливерпул го совлада Манчестер јунајтед со 5:0 на „Олд Трафорд“ во 9. коло од шампионатот на Англија. Ова е најголемиот пораз на Манчестер јунајтед на домашен терен од „црвените“ во историјата на клупското ривалство. Тоа е, исто така, прв пат од 1925 година Јунајтед да загуби толку убедливо од Ливерпул во натпревар од највисоката англиска […]

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добиле смртни закани


Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка во која нему и на неговото семејство им се заканувааат со смрт, а слична закана добил и министерот за одбрана Матеј Тонин, објавија вечерва словенечките медиуми. Според словенечката телевизија, премиерот добил смртни закани во пратка која била испратена на негова приватна адреса, што е потврдено и од кабинетот на […]

Состојбата во Србија не е вонредна, туку катастрофална


  Епидемиолошката состојба во Србија е многу тешка. Расте бројот на заразени и ппочинати од Ковид-19, како и на пациенти кои се на респиратор. Според последните податоци, во Србија се регистрирани 5.733 новозаразени, а починаа уште 61 пациент. Епидемилогот и член на кризниот штаб Бранислав Тиодоровиќ вели дека состојбата не е вонредна туку катастрофална. Додава […]

Шилегов најавува натамошен развој на Бутел


Денеска во Бутел, градоначалникот Петре Шилегов оствари повеќе средби со жителите на оваа скопска општина. Во разговор со бутелчани Шилегов потенцираше дека Бутел е општина со најбрз развој во изминатите четири години. – Бутел денес една од општините со најмногу важни капитални проекти и затоа најбрзо се развива. Во Бутел изминатиот мандат вложивме многу затоа […]

Од ЗХГ предупредуваат: Ќе се исечат 17 дрвја за нов станбен објект во Кисела Вода


Во Скопје продолжува бетонизацијата и сечата на дрјва, предупредуваат денеска од Зелен хуман град. Овојпат, се работи за Кисела Вода, односно локција, покрај булеварот „БОрис Трајковски“, во населбата 11. Октомври. – Новите згради кои се планира да никнат до ул. „Борис Трајковски“ во населба 11. Октомври значат смрт за 17 големи дрвја и приближно уште […]

Пријавен физички напад во Василево поврзан со кампања за локалните избори


Денеска во 12:30 часот В.М. (33) пријавила кривично дело насилство сторено од А.В. и С.А. двајцата од село Василево, соопштија од СВР Струмица. Според полицијата денеска околу 11 часот додека пријавителката заедно со уште неколку лица ги посетувала жителите на село Василево во рамките на изборната кампања за Локалните избори 2021, забележале дека подолго време […]

Ричард Гир повикан да сведочи на судењето на Салвини за мигрантите


Италија- Матео Салвини, лидер на италијанската десничарска партија Лига, рече дека судењето каде што се соочува со обвинение за киднапирање затоа што одбил да дозволи брод со мигранти да се закотви во земјата во 2019 година, не е сериозно бидејќи актерот Ричард Гир беше повикан да сведочи. Салвини, кој во тоа време беше министер за […]

Заев Од Кочани: Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари, да се обединиме да продолжи економскиот раст


Во овие четири години поставивме високи економски стандарди, минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а до пред четири години тaa беше девет илјади денари, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред денешната трибина со граѓаните во Кочани. – Согласно економските движења и растот на економијата, од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари […]