Состојбата во Србија не е вонредна, туку катастрофална

 

Епидемиолошката состојба во Србија е многу тешка. Расте бројот на заразени и ппочинати од Ковид-19, како и на пациенти кои се на респиратор.

Според последните податоци, во Србија се регистрирани 5.733 новозаразени, а починаа уште 61 пациент.

Епидемилогот и член на кризниот штаб Бранислав Тиодоровиќ вели дека состојбата не е вонредна туку катастрофална.

Додава дека вирусот не го познава „српскиот инает“.

„Јас би апелирал до нашите граѓани да се вакцинираат ако сакаат да живеемае како во Италија, Данска, Норвешка, Португалија. Кога ќе ги прашаме нив, тие не сакаат да се вакцинираат, не сакаат тестови, не сакаат Ковид-19, а кога ги прашуваме што сакаат, велат сакаме-неќеме. Тоа личи на нашиот српски инает, но вирусот инает не познава“, порачува Тиодоровиќ.

Педијатрите кои имаат увид во заболувањето кај деца до 18 години, пријавија страшно голем број случаи, кое може да се спореди со претходните бранови, кога беше 2 до 3 отсто, а сега е 10 до 15 отсто.

Тиодоровиќ смета дека децата од прво до четврто одделение поретко заоболуваат, но оние од петто до осмо, треба да се третираат исто како средношколците.

Околу стагнацијата на вакцинацијата тој вели дека Србија ја пропушти шансата да има 70 отсто вакцинирани досегa, иако кога почна вакцинацијата Србија беше прва во Европа.

Второ сценарио вели е природниот процес, сите да се заразиме, па прашува „колку ќе не чини природниот процес“.

Апелираше до луѓето да се обединат, затоа што друга алтернатива на вакцинацијата нема.