Трет Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО


Во Битола денеска и утре се одржува Трет Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО. Темата на форумот е „Креативните индустрии – мост на иднината меѓу културата и креативната економија / Ковид-19 предизвици“.   За време на форумот ќе бидат вклучени високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО […]

Кина забрани градење „супер високи згради“ во помалите градови


  Кина им забрани на малите градови во земјата да градат „супер високи згради“, како дел од поголем проект за сузбивање на изгледот на испразнети градови. На оние со популација под 3 милиони луѓе ќе им биде забрането да градат згради повисоки од 150 метри. БНа градовите со поголема попуалција ќе им биде забранета изградба […]

Ова се најголемите компании за нафта и гас во светот (инфографика)


Пандемијата ја потресе индустријата за нафта и гас. Глобалната потрошувачка на примарна енергија опадна за 4,5 отсто во споредба со 2019 година, а побарувачката за нафта падна за 9 отсто. За краткиот период во март 2020 година, цената на фјучерсите на нафтата West Texas Intermediate (WTI) падна под нулата, што претставува најголем еднодневен пад на […]

Австралија нема да го поддржи глобалното намалување на емисиите до 2030 година


Австралија нема да го поддржи глобалното Ветување за метанот, иницирано од Европската унија и САД, за намалување на емисиите на метан за 30 отсто до 2030 година поради загриженоста за влијанието врз земјоделството, производството на јаглен и гас, изјави портпаролот на австралискиот министер за енергетика. Од друга страна, Нов Зеланд, уште еден голем емитер на […]

ОН: Бројот на внатрешно раселени лица во светот достигна светски рекорд – 48 милиони луѓе


Бројот на внатрешно раселени лица кои бараат подобар живот достигна светски рекорд – 48 милиони луѓе се бегалци од нивните земји поради разни видови конфликти, изјави специјалниот известувач на ОН за внатрешно раселени лица Сесила Хименез-Дамари за време на говорот пред Третиот комитет на Генералното собрание на светската организација. – Бројот на луѓе кои ја напуштаат […]

Без вода дел од корисниците на општина Центар


ЈП Водовод и канализација известува дека денеска од 09:00 часот, поради промена на водоводен затворач (шибер) Ф 80 мм, на раскрсницата „Орце Николов“ со „Дане Крапчев“, без вода ќе бидат корисниците од ул. „Орце Николов“ на потегот од ул. „Ѓорѓи Пулевски“ до ул. „Костурски Херои“ и дел од улиците: „Дане Крапчев“, „Дебарца“ и „Славка Недиќ“, […]

Барселона го отпушти тренерот Куман


Шпанија– Холанѓанецот Роналд Кумен повеќе не е тренер на Барселона. Ова го објави каталонскиот клуб на својата официјална веб-страница ноќта меѓу 27 и 28 октомври. – Претседателот на клубот, Жоан Лапорта, ја соопшти одлуката по поразот од Рајо Ваљекано. Роналд Куман ќе се збогува со тимот во четврток. Барселона сака да му се заблагодари на тренерот […]

Концерт „Зимски соништа“ во Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Зимски соништа“. Како солист ќе настапи виолистот Тимоти Ридаут од Велика Британија, диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концертот за виола во е-мол, оп. 85 Транскрипција од Kонцертот за виолончело од Едвард Елгар и Симфонијата број 1 “Зимски соништа“ од Чајковски. „Зимска […]

„Вон боите“ – изложба на Висар Мулиќи во Чифте амам


Во Старата скопска чаршија, во Чифте амам вечерва уметникот Висал Мулиќи ќе ја претстави својата изложба насловена „Вон боите“. Куратор на изложбата ќе биде Зени Блажи. -Делата на сликарот Висар Мулиќи докажуваат долг пат, каде професионалноста и уметничката оригиналност постојано се натпреваруваат со личната слика, сега целосно формулирана со експресионистичка димензија, што ја зголемува гледаноста […]

Расте бројот на активни случаи, ревакцинирани 772.424 граѓани, 20.119 примиле трета доза вакцина


Бројот на активни ковид случаи во земјава се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, активни се 6.395 случаи од кои најголем број се во Скопје 3203. Во Куманово има 455 активни случаи, во Велес 328, во Прилеп има 257, во Битола 216, во Кавадарци 211, во Штип 207, во Охрид 192… […]

Трагедија во Босна: Два автoмобила удрија во дете, возачите избегаа


Босна- Во босанскиот град Бијељина синоќа се случи страотна сообраќајна несреќа каде 14-годишно дете загинало откако прво го удрил еден, а потоа врз него налетал уште еден автомобил, во моментите кога мајката и таткото на детето се обидувале да му помогнат. И двајцата возачи избегале од местото на несреќата, а детето кога го однеле во […]

Презентација на новиот Стратешки зелен инвестициски фонд на ТИРЗ за поддршка на инвестиции


Во Дирекцијата на ТИРЗ денеска ќе се одржи средба на министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски со новинарите на која ќе информираат за начинот на функционирање на новиот Стратешки зелен инвестициски фонд на ТИРЗ за поддршка на инвестиции, креиран во рамки на Планот за забрзан економски раст на Владата што го подготви […]

Во Словенија епидемиолошката слика „најлоша досега“


Поради наглото влошување на епидемиолошката состојба, словенечката Влада одлучи да воведе построги рестриктивни мерки кои ќе стапат во сила од понеделник, а не се исклучени и нови доколку продолжат негативните трендови. Од понеделник сите ученици и студенти кои се „самотестираат“ за да можат да посетуваат настава, тоа во иднина наместо еднаш ќе треба да го прават два […]

Наутро студено, преку ден сончево


Времето наутро во земјава ќе биде  студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од – 4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, сончево. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 16 степени. Продолжува […]

Блинкен најави модернизација на американската дипломатија


Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денеска во Институтот за дипломатска служба при Стејт департментот одржа говор посветен на плановите за модернизација на американската дипломатија за решавање на надворешнополитичките предизвици во 21 век. Во обраќањето, тој посочи на значењето на трансформацијата во историјата на американската дипломатија, вклучително и во организацијата на дипломатската работа. Укажа дека […]

Столе Димитриевски херој во триумфот на Рајо над Барселона (видео)


Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, му донесе три бода на својот тим Рајо Ваљекано од дуелот со шпанскиот фудбалски великан Барселона. Димитриевски при водство на Рајо со 1:0, во 72.минута му го одбрани пеналот на Мемфис Депај, па резултатот не се промени до крајот на мечот. Ова беше натпревар од 11. коло во Ла Лига. […]

Заев: Да не дозволиме да скршенеме од патот на напредокот


Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев вечерва од Демир Капија ги повика граѓаните на 31 октомври да го заокружат бројот 12. -На 31 октомври треба да го потврдиме напредокот, Демир Капија и сите други општини да продолжат напред, да не ризикуваме да скршнеме од патот и да се вратиме назад, а напред продолжуваме со […]

Зимски олимписки игри Пекинг 2022: „Црвен картон“ за кршење на антиковид мерките


Организаторите на Зимските олимписки игри 2022 година во Пекинг најавија дека ќе ги дисквалификуваат спортистите и ќе ги им ги одземаат акредитациите во случај да ги прекршат мерките за борба против Ковид-19. Ова го соопшти заменик-градоначалникот на Пекинг, заменик-шеф на Организацискиот одбор на Игрите-2022 Џан Џиандун. – Со Меѓународниот олимписки комитет разговараме за некои детали. […]

САД го издадоа првиот пасош со ознака за пол X


САД –  Во САД е издаден првиот американски пасош „Х“ (икс) кој нема да го идентификува сопственикот како маж или жена, а се планира оваа опција за неутрален пол да им се овозможи на сите апликанти за патната исправа од следната година, соопшти Стејт департментот. – Со нетрпение очекуваме да им ја понудиме оваа опција на […]

Конгресот на САД усвои закон против анонимноста на пазарот со уметнички дела


САД – Конгресот на САД усвои закон според кој трговците на уметнички дела треба да го откриваат идентитетот на купувачите и продавачите на уметнички слики, скулптури, антиквитети и други форми на уметност. Со ова, пишува изданието Аксиос, завршува приватноста и анонимноста на пазарот со уметнички дела. Законот стапува во сила во декември и според него се […]