Презентација на новиот Стратешки зелен инвестициски фонд на ТИРЗ за поддршка на инвестиции


Во Дирекцијата на ТИРЗ денеска ќе се одржи средба на министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски со новинарите на која ќе информираат за начинот на функционирање на новиот Стратешки зелен инвестициски фонд на ТИРЗ за поддршка на инвестиции, креиран во рамки на Планот за забрзан економски раст на Владата што го подготви Министерството за финансии.

Од ТИРЗ појаснуваат дека тој ќе биде наменет и за странските и за домашните инвеститори, а велат дека дел од придобивките од новиот инструмент ќе бидат 15.000 нови работни места, зголемен извоз и поголем поврат на средства во буџетот.