Поранешниот американски претседател Џими Картер го слави својот 97. роденден


САД – Поранешниот американски претседател Џими Картер денеска ќе го прослави својот 97 – ми роденден дома во Југоисточна Џорџија, изјави неговата портпаролка.   Деана Конџели во Картер центарот во Атланта рече дека Картер, поради неговата возраст и пандемијата со коронавирусот, не планира јавни настапи.   Вработените во Националниот историски центар Џими Картер во Плајнс, Џорџија, […]

Битиќи на форум „Стратешки економски разговори“ во Хрватска


Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе учествува на форумот „Стратешки економски разговори“, кој се одржува во Савудрија, Истра.  Форумот е во организација на Бизнис развојната мрежа за Југоисточна Европа (SEEBDN – South East Europe Business Development Network) и ТПА групација (TPA Group) од Австрија. Вицепремиерот […]

Отворен промотивен штаб на Душко Весковски во Општина Карпош


Отворен е промотивен штаб на Душко Весковски во Општина Карпош каде граѓаните ќе можат да ги постават сите прашања и да ги достават сите предлози „Минатата вечер, заедно со Мила Царовска, започнавме со поделба на промотивен материјал, како би им ја доближиле нашата визија и мисија на граѓаните од Општина Карпош. Презентиравме дел од програмата […]

Ескобар: САД се надеваат дека Скопје и Тирана ќе ги започнат преговорите со ЕУ оваа година


Бугарија– Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар на онлајн средба со бугарските медиуми изјави дека САД се надеваат оти Северна Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство со ЕУ во текот на оваа година. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Ескобар нагласи дека САД се убедени […]

Викенд


Некој дише чист, некој планински, некој морски, а некој моден воздух. Зависи што ви треба, што ви прави ќеф, и без што не можете да живеете. Работата ја делиме со сите, ама викендот е само наш, интимно, скапоцено време, кое го криеме од очите на јавноста. Сами, во двојка, во друштво, со семејството, со пријателите, […]

Конгресот го спречи делумното затворање на американската Влада


Американскиот Конгрес усвои предлог -закон за привремено владино финансирање до 3 декември, со што е избегнато делумно затворање на федералните институции. Предлогот прво беше одобрен во Сенатот со 65 гласови „за“ и 35 „против“, а потоа и во Претставничкиот дом, каде имаше поддршка од 254 членови, додека 175 беа против, пренесе Гласот на Америка. Американскиот […]

Џеј Ло со нова колекција чевли за самоуверени жени


САД – Џенифер Лопез ја објави својата најнова колекција чевли, која „е создадена за да ги забавува и да им помага на дамите да зрачат со самоувереност“. – Ја создадов оваа колекција за секоја жена и за сите пригоди. Едвај чекам сите да затанцуваат, да минуваат повеќе време со семејството и пријателите и што е најважно, јас […]

Отворен ден со РЕДИ Рециклажа


Социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа денеска организира Отворен ден во чии рамки ќе ја презентира својата стратегија, но и сознанијата за важноста и иднината на Ромите во зелената економија. РЕДИ Рециклажа е социјално претпријатие раководено од Роми, собирачи на секундарни суровини кои користат циркуларна економија за рециклирање секундарни суровини. -Наша цел е формализирање и организирање на […]

ПичПрич на тема Љубовни писма во Куршумли ан


ПичПрич, иницијатива за промовирање на женската усна историја, ве поканувa на својата традиционална гала вечер каде што ќе раскажуваме за еден од најстарите и најтрадиционалните начини на додворување – љубовните писма. Овогодишната тема на ПичПрич галата ќе го стави во фокус овој вид на комуникација, како и формите што ги добива низ дигиталната ера. Низ оваа […]

ЕУ ги одложи трговските преговори со Австралија поради скандалот со АУКУС


Белгија– Европската унија ги одложи преговорите за договор за слободна трговија со Австралија. Веројатната причина е скандалот со одбивањето на Канбера да купи француски подморници, пренесува Аустралиан Фајненшал Ривју (Australian Financial Review). Австралија се здружи со Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави во областа на заштитата и безбедноста преку механизмот АУКУС и објави дека се […]

Брегзит: При влез на Европејците во Обединетото кралство задолжителен е пасош


Англија– Од денеска личната карта веќе не важи за влез во Обединетото Кралство, која во иднина ќе бара од европските и швајцарските граѓани да ги покажат своите пасоши, што е една од последните последици од Брегзит. Британското Министерство за внатрешни работи посочува дека оваа промена ќе овозможи „организираните криминални банди и други лица да бидат спречени […]

Коронавирусот ќе остане меѓу нас уште неколку години, велат од „БиоНТек“


Германија– Коосновачката на фармацевтската компанија „БиоНТек“, Озлем Туречи, изјави дека коронавирусот сигурно ќе остане меѓу населението уште неколку години. Во изјава за американската телевизија Си-Ен-Би-Си, Туречи нагласи дека светот се уште се бори против коронавирусот и дека компанијата, која заедно со „Фајзер“ ја развива вакцината против коронавирусот, внимателно ја следи ситуацијата кога станува збор за […]

Премиера на „Вишновата градина“ во Турски театар


Турскиот театар вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Владимир Милчин. Сценографијата е на Крсте С. Џидров, за костимографијата се погрижи Марија Пупучевска, а улогите ги толкуваат: Бедија Беговска, Емине Халил, Несрин Таир, Елјеса Касо, Џенап Самет, Селпин Керим, Неат Али, Сузан Акбелге, Осман Али, Слаѓана Вујошевиќ, […]

Промоција на книгата „Нашиот пат: 25 женски приказни од историјата“


Здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк. – Скопје“ организира промоција на книгата „Нашиот пат: 25 женски приказни од историјата“ од Ивана Хаџиевска, Јана Кпцевска и Ивана Драгшиќ. Промоцијата ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“. „Нашиот пат“ е водич по културната, политичката и географската траекторија на Северна Македонија, во чиј тек учествувале оние 25 […]

Почнува книжевниот фестивал „Друга приказна“ со тема сликовници


Книжевен фестивал „Друга приказна“ ќе се одржи утре и задутре во Пионерскиот дом „Карпош“ во Скопје. Тема на овогодинашниот фестивал се сликовниците. Фестивалот ќе се обиде да понуди свеж пристап кон жанрот на сликовниците, преку мултимедијални и перформативни иновации. Фестивалот ќе отвори со промоција на новиот број на списанието „Маргина“, проследено со изложба „Седум современи […]

Промоција на две музички изданија на фестивалот „Крај Вардарот Џез“


Во дворот на кафе-книжарницата „Буква“ вечер, во рамки на фестивалот „Крај Вардарот Џез“, ќе бидат одржани две слушачки промоции – на винил изданието  „Крај Вардарот Џез 1“ и на компакт дискот „The Essential Sunday Gloom“. „Крај Вардарот Џез 1“ е компилација од повеќе автори кои издаваат за дискографската куќа „ПМГ Џез“ и заедно со останатите […]

Прв академски час на факултетите


Прв академски час ќе се одржи денеска на факултетите во државава, со што ќе се означи почетокот на новата академска 2021/22 година. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како што е најавено, ќе има видео обраќање на првиот академски час на студентите на Правниот факултет, како и на студентите на […]

И втор српски мафијаш избегал во Бугарија


Бугарија – Тиражниот софиски весник „24 часа“ јави дека и втор српски мафијаш од банда за трговија со хероин избегал од Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, станува збор за Доријан Аџиќ, кој беше уапсен на 1 февруари 2021 година, заедно со членот на земунскиот клан, Жарко Момчиловиќ и уште четири други […]

Почнува јубилејниот 10. хакатон NASA Space Apps Challenge


Овој викенд Скопје ќе биде дел од еден од најголемите хакатони во светот, јубилејниот 10. NASA Space Apps Challenge, на кој секоја година учествуваат над 25.000 учесници од 200 виртуелни локации на пет континенти. Предизвикот ќе почне денеска и ќе трае до 3 октомври. Го организираат Њуменс Бизнис Акцелератор и Фондацијата Голдилокс Скопје, а националната […]

Активни 12.087 случаи, надлежните апелираат невакцинираните граѓани да се вакцинираат


Бројот на активни случаи во државава изнесува 12.087 од кои најголем број – 5536 се во Скопје. Во Куманово има 992 активни случаи, во Тетово 905, во Охрид 549, во Гостивар 472, во Кичево 423, во Струга 374… Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, при направени 3.425 тестирања […]