ЕУ подготвена да казнува со укинување на европските пари


 Европската комисија е подготвена да воведе нов механизам кој го условува плаќањето на европските пари со почитување на владеењето на правото, изјави нејзината потпретседателка Вера Јоурова. Механизмот, кој беше воспоставен од јануари, е „доволно зрел за употреба“, рече чешката комесарка задолжена за „вредности и транспарентност“, без да открие за кои земји ќе се применува. Механизмот […]

Хрватските ќебапи добија ново име, па шегите почнаа


Ресторан во Загреб деновиве претстави своја, изменета „хрватска верзија“ на ќебапите, кои добија и ново, хрватско име – „мљевеници“. Замислата првично била да се направи нешто различно од соседните босански ќебапи, но шегите на нивна сметка се неизбежни. „Се оствари милениумски сон! Мљевеник, а не ќебап!”, „Дали плескавицата сега е ’мљевеница‘?“, „Тогаш, јогуртот нека биде […]

Народна банка: Солвентноста на банкарскиот сектор подобрена


Банкарскиот сектор работи во услови на неизвесност, но помалку нагласена поради подобрената епидемиолошка состојба и последователното укинување на рестриктивните мерки. Солвентноста на банкарскиот систем бележи подобрување, оценува Советот на Народната банка. На вчерашната седница, на која е усвоен извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за вториот квартал од годинава, оценето е дека кредитната активност на банките […]

Сеавус се проширува на европскиот пазар, ја отвори првата канцеларија во Полска


Компанијата за развој на софтвер и консалтинг услуги, Сеавус ја отвори во Варшава, својата прва канцеларија во Полска, со што значително ја зголемува мрежата и достапноста на своите услуги на европскиот пазар. Канцеларијата во Варшава е вкупно 16-та на компанијата, а Полска е деветтата држава во која Сеавус отвора свои простории. Со првата канцеларија во […]

Се операционализира Центарот за едукација на АД ЕСМ


Преземени се конкретни чекори за операционализирање на Центарот за едукација во кој ќе може вработените во компанијата да ги надоградуваат своите знаења, информира АД ЕСМ. – На состанок на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, со вработени од повеќе подружници во компанијата кои имаат докторски титули од различни области, одредени се конкретни чекори за […]

Јапонија целосно ја укина вонредната состојба поради вирусот


Јапонија, по шест месеци, ја укина вонредната состојба воведена поради коронавирусот, а властите постепено почнуваат да ги олеснуваат мерките.   Итните мерки што беа на сила за повеќе од половина од земјата, вклучувајќи го и Токио, завршија вчера по постојаниот пад на бројот на новозаразени во последните недели.   Премиерот во заминување Јошихиде Суга им […]

Виз Ер Скопски маратон традиционално по 17 пат в недела


В недела традиционално по 17 пат ќе се одржи спортскиот настан Виз Ер Скопски маратон. Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе биде во 8 часот, а трката на 5 километри ќе започне во 8:10 часот, од платото пред Спортскиот центар Борис Трајковски, каде што ќе биде и целта на […]

Обработката на пописот ќе трае шест месеци


    Премиерот Зоран Заев  по затворањето на националниот попис објави дека СДСМ успеал по 20 години да ја спроведе статистичката операција и при тоа наведе дека ВМРО-ДПМНЕ не успеала тоа да го направи во претходното долгогодишно владеење.   „По 20 години, имаме УСПЕШЕН попис! Заврши пописот – попишани се преку 99% од граѓаните, попишани […]

Министерот за здравство на Косово поднесува оставка поради учество на локалните избори


Косово– Министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа денеска ќе поднесе оставка на функцијата, поради учество на локалните избори како кандидат за градоначалник на косовската престолнина, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата за косовските медиуми ја потврдија извори од Владата на Албин Курти, најавувајќи ја прес-конференцијата на која Витиа ќе ја објави оставката. Витиа е кандидат за градоначалник […]

„Fashion Group“ ги носи сите есенски модни фаворити во „East Gate Mall“!


Да, добро прочитавте! Есента се чини и не може да биде повозбудлива од она што е, но ако на стилското секојдневие му додадете четири нови брендови зад кои стои „Fashion Group“, тогаш имате сè што ви треба за оваа сезона. Во очекување на возбудливото отворање на новиот трговски центар во градот „East Gate Mall“, сега […]

Министерот за здравство на Косово поднесува оставка поради учество на локалните избори


 Министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа денеска ќе поднесе оставка на функцијата, поради учество на локалните избори како кандидат за градоначалник на косовската престолнина, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата за косовските медиуми ја потврдија извори од Владата на Албин Курти, најавувајќи ја прес-конференцијата на која Витиа ќе ја објави оставката. Витиа е кандидат за градоначалник […]

Премиерот Заев во посета на Пивара Скопје


Премиерот Зоран Заев по повод првиот реализиран проект од новиот инвестициски циклус денеска ќе ја посети Пивара Скопје.  На настанот, како што е најавено, предвиденo е обраќањe и на генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ. Станува збор за нов деловен простор за вработените, кој се отвора во пресрет на 100-годишниот јубилеј, на компанијата, со […]

Османи: Северна Македонија од денеска на Дубаи ЕКСПО


Под мотото „Нови можности“ и под слоганот „Дом на секој чекор“ оваа година Северна Македонија со сопствен павилјон ќе биде претставена на Дубаи ЕКСПО, објави денеска  министерот за надворешни работи Бујар Османи на „Фејсбук“. – Пред повеќе од 190 земји и над 25 милиони посетители, ќе ги промовираме економските можности, инвестицискиот потенцијал, туристичките атракции, богатото […]

Пет хип-хоп легенди ќе настапат на полувремето на 56. „Супербол“


САД – Музичарите Доктор Дре, Снуп Дог, Еминем, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар ќе бидат во центарот на вниманието на полувремето на идниот, 56. „Супербол“. Тоа ќе биде првпат пет уметници да настапат заедно на сцената, се вели во соопштението на организаторите. – Можноста да настапам на „Суперболот“ на полувреме, и тоа „во мојот двор“, […]

Со проширувањето на бул. „Борис Трајковски“, Драчево се поврзува со градот


Град Скопје продолжува да ја развива градската улична мрежа во исто време со мрежите на велосипедски и пешачки патеки, на начин што ќе обезбеди одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај. Градежните активности се во тек за проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова река […]

Австралија по 18 месеци повторно ги отвора границите во следните неколку недели


Австралија – Австралија од следниот месец повторно ќе ги отвори своите граници, изјави денеска премиерот Скот Морисон, 18 месеци по воведувањето на забраната за патување во странство без дозвола поради коронавирусот. Морисон кажа дека вакцинираните Австралијци „од следните недели“ ќе можат да се вратат дома и да патуваат во странство, штом ќе се постигне целта на […]

Елен Помпео меѓу најплатените ТВ-актерки: „Вовед во анатомија“ ја направи богата


САД- Како најплатен член на актерската екипа на Grey’s Anatomy, богатството на Елен Помпео е жешка тема меѓу фановите со години. Помпео дебитираше како Мередит Греј во премиерата хит-серијата во март 2005 година. Медицинската драма на АБЦ, создадена од Шонда Рајмс, следи тим од хирурзи во Меморијалната болница Греј Слоун (порано позната како Сиетл Грејс) […]

(Вулкан) Еден од најактивните вулкани на светот повторно еруптира


  Вулканот Килауа, еден од најактивните на светот, повторно исфрла лава, но засега само од главниот кратер и не е закана за населението, соопштија американските власти. „Вулканот исфрла лава во висина од петкатница”, објави на Твитер, Американскиот геофизички завод. Првите пукнатини на кратерот се појавиле во средата, а набрзо се претвориле во реки лава вжарена […]

Зошто дел од луѓето се отпорни на корона вирусот


  Студија, која проучувала двојки, каде двајцата партнери биле изложени на корона вирусот, а сепак само еден заболел од Ковид-19 помага во расветлувањето на дилемата зошто некои луѓе се отпорни на вирусот. Научниците веруваа дека таквите случаи се ретки, но повикот до волонери кои оговараат на тој профил резултираше со јавување на илјада двојки. На […]

Продолжени за уште една седмица актуелните мерки за влез во Грција


Грција– Актуелните правила и мерки за патување во Грција, односно задолжителен документ за Ковид-19 и PLF формулар, кои меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, продолжени се за уште една седмица, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука на грчката Влада, „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето […]