Два земјотреса утрово почувствувани во Македонија


Два земјотреса од 3,3 степени во 8 часот и 5 минути, и 4,5 степени според рихтер во 8 часот и 10 минути беа регистрирани на самата граница со Албанија, на 17 км североисточно од македонската општина Центар Жупа. Земјотресите ги разбудија граѓаните. – Силен потрес, за среќа кратко траеше, пишува граѓанин од Центар Жупа – […]

Индустријата за канабис во САД, и покрај пандемијата, во пораст


Индустријата за канабис во САД, и покрај глобалната пандемија, е во пораст, така што минатата година продажбата достигна 20 милијарди долари, оваа година е 26 милијарди, а се предвидува дека ќе се зголеми на 45,9 милијарди во 2025 година, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на податоците од „Марихуана Бизнис Дејли“ (МБД).   – Продажбата од речиси […]

На самитот на Г20 во Рим светските лидери ќе преземат обврска глобалното загревање да остане во рамките на 1,5 степени Целзиусови


Лидерите на Г20 претстојниов викенд ќе признаат дека се потребни итни чекори за да се одржи целта за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, се наведува во нацрт-заедничката изјава во која увид имале британските медиуми. „Ние сме посветени на справување со егзистенцијалниот предизвик на климатските промени“, се наведува во нацрт-заедничката изјава, што треба […]

Судот го одби барањето на Бред Пит за старателство


САД– Врховниот суд на Калифорнија го одби барањето на Бред Пит во неговата битка со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, за старателство над нивните деца. Со тоа, судот ја потврди одлуката на пониските правосудни инстанци. Врховниот суд ја донесе својата одлука без дополнително објаснување. Џоли, инаку, е во Лондон со пет од нејзините деца, заради гала-премиерата […]

Поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, доби прекршочна пријава за сексуалното вознемирување на 11 жени


САД – Против поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куома, е поднесена прекршочна пријава пред судот во Албани, соопшти денеска портпаролот на судовите во државата Њујорк. „Бидејќи се работи за сексуално кривично дело, наскоро ќе биде одстапна и редигираната жалба“, наведе портпаролот Лусијан Чалфен во изјавата испратена по еектронска пошта, пренесуваат британските медиуми. Портпаролите на Куомо не […]

Прв Воздухопловно-едукативен саем за млади и ентузијасти во Скопје


Првиот Skopje Air Fair – Воздухопловно-едукативен саем за млади и ентузијасти заинтересирани за воздухопловство ќе се одржи утре, со почеток од 11 часот, во Градскиот Парк во Скопје, на локацијата Школка, во организација на здружението АВИКОН. -Настанот ќе биде место каде професионалци од различни сфери на авијацијата ќе бидат достапни за младите и ентузијастите да […]

Пренасочување на сообраќајот на автопатот Е-75 кај клучката Градско по една лента


Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско сообраќајот на автопатот Е-75 во правец на Граничниот премин Богородица ќе биде пренасочен на другата сообраќајна лента. Пренасочувањето на сообраќајот ќе трае во следните три дена, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта утрово низ државата се одвива непречено, по претежно суви […]

Поранешни државници: Г20 треба да го прераспредели вишокот вакцини против Ковид-19


Италија– Поранешни претседатели и премиери порачаа дека лидерите на Г20 треба да го искористат состанокот во Рим овој викенд за да се договорат за прераспределба на вишокот вакцини против Ковид-19 во земјите со ниски приходи.   Стотици поранешни шефови на влади и министри во писмо до италијанскиот премиер Марио Драги повикаа самитот на Г20 да […]

Во Битола премиера на „ТРИ“ – театарска претстава на знаковен јазик


Битолски актери вечер во НУ Центар за култура, премиерно ќе ја изведат претставата за деца на знаковен јазик „Три“ чиј режисер е Јован Ристовски. Станува збор за прв културен проект од ваков вид во земјава подготвен на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица кој освен во Битола ќе биде претставен и во други седум […]

Промоција на нови 6.800 комплети спортска опрема за Армијата


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе присуствува на редовните физички подготовки на дел од армиските единици кои се одвиваат на Воениот стадион-Скопје. Како што соопшти Министерството за одбрана, на настанот ќе биде промовирана и новата спортска опрема, која што се состои од 6.800 комплети горни и долни тренерки, атлетски патики и спортски торби

Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела 


Во пресрет на одржување на вториот круг од Локалните избори што ќе се одржи в недела на 31 октомври 2021 година, утре и задутре управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во втор круг со цел да им се излезе  во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти. […]

„Изложба на фотографии од Ататурк до Републиката“ во Музејот на Македонска борба


Во Музејот на Македонска борба за самостојност денеска ќе се одржат активности за одбележување на 98-годишнината на Република Турција. Во рамки на одбележувањето во 15 часот ќе се биде отворена „Изложба на фотографии од Ататурк до Републиката“ и ќе се одржи „Конференција за реформите на Ататурк и републичките достигнувања“

12. Десонанз Фестивал во виртуелен формат


Десонанз Фестивал – еден од најпроминентните културни настани во земјава, денеска и утре во Скопје ќе го има своето 12. издание. Фестивалот, поради ковид-пандемијата, годинава ќе се одржи виртуелно, согласно безбедносните мерки. -Онлајн програмата ќе биде распоредена во два фестивалски дена, а фокусот ќе биде насочен кон локалната современа електронска музика. Преку Youtube каналот на Десонанз […]

Ревакцинирани 773 537 граѓани, трета доза примиле 24 021


Вкупно се вакцинирани 803 408 граѓани, ревакцинирани се 773 537, а трета доза примиле 24 021. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина. Во изминатите 24 часа се регистрирани 436 нови случаи со Ковид-19 и седум […]

Сончево со слаб до умерен ветер, температурата до 19 степени


Времето во земјава денеска ќе биде сончево  со слаб до умерен југоисточен ветер. Во утринските часови понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено во јужните делови. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, сончево и […]

Фејсбук го менува името во Мета


Извршниот директор на Фејсбук Марк Закерберг денеска претстави голем број нови концепти, и најави дека компанијата ќе го промени името во Мета. Социјалната мрежа ќе го задржи своето име, а отсега компанијата Мета ќе биде сопственик на три големи брендови: Facebook, Instagram и WhatsApp. Ребрендирањето би можело да биде дел од обидот да се спаси […]

Роналдо чека близнаци


Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез наскоро ќе добијат близнаци, објави денеска португалскиот капитен, кој веќе е татко на четири деца. – Среќни сме што можеме да објавиме дека чекаме близнаци. Нашите срца се полни со љубов – со нетрпение чекаме да ве запознаеме, напиша Роналдо на својот Инстаграм профил, Неговиот највозрасен син, Кристијано […]

Американската економија значително забави во третиот квартал


Американската економија забележа раст од само 2,0 отсто од јули до септември, што е најнизок во еден квартал од почетокот на закрепнувањето од пандемијата на корона вирусот. Министерството за трговија на САД денеска објави извештај во кој се проценува дека бруто домашниот производ (БДП) на САД паднал далеку под очекувањата во третиот квартал. Во вториот квартал од […]

(Галерија) „Ист гејт мол“ ги отвора вратите за потрошувачите, со над 220 закупувачи и многу нови брендови


Инвестицијата на компанијата „Балфин“ изнесува 103 милиони евра и ќе овозможи вработување на околу 2.500 лица. Беше завршена за 26 месеци и се простира на 160 илјади метри квадратни бруто површина, а со овој објект Скопје станува регионална шопинг дестинација    Најголемиот трговски центар во земјава, но и пошироко во регионот, вечерва ги отвори вратите […]

Изложба во Њујорк ја слави 75-годишнината од раѓањето на Дејвид Боуви


Поп-ап изложба во продавница во Њујорк го слави Дејвид Боуви пред неговата претстојна 75-годишнина од раѓањето. „Ова треба да биде прослава на Дејвид, за Дејвид и за неговите обожувачи “, рече Лоренс Перер, продуцентот на „Боуви 75“ во интервјуто. Изложбата за Боуви, кој почина во 2016 година, вклучува подароци, маици, дуксери, шолји, постери, книги и […]