Белгискиот премиер се противи на задолжителна вакцинација


Во опширно интервју за еден од најтиражните дневни весници, белгискиот премиер Александер Де Кро објаснува зошто е против задолжителна вакцинација и покрај тоа што големите градови во земјата не ги постигнуваат зацртаните цели. Иако Белгија важи за една од најдобрите земји кога станува збор за вакцинирано население, кога ќе се погледне во детали паѓа во […]

Израелски воздушни напади врз локации на Хамас


 Израелски борбени авиони погодија локации на Хамас во Газа како одговор на ракетните напади врз Израел во петокот вечерта, напиша портпаролот на израелската војска рано утрово на Твитер. „Сирените за предупредување од ракетирање се огласија доцна синоќа во близина на израелската граница со Појасот Газа“, соопшти израелската војска. Сирените се огласија само неколку часа откако […]

Ден што го промени светот: САД и светот ја одбележуваат 20-годишнината од терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон


Во нападите со киднапираните патнички авиони врз зградата на Пентагон, како и њујоршките кули на Светскиот трговски центар загинаа речиси 3.000 луѓе. Многумина се потсетуваат на трагичните настани.  „Се уште сум тука, момци. Се уште сум тука“, рече Том Канаван во Њујорк во 2001 година. „Голема експлозија. Се симнав по скалите. Се беше во ред […]

Џо Дитмар: Споделувањето спомени за бегството од 9/11 е „моја терапија“


Потсетувајќи се на терористичките напади од 11 септември 2001 година, Џозеф Дитмар малку се смее, малку плаче. Тој се справува со траумите со тоа што често зборува за тоа како слегол по скалите од 105 -от кат на јужната кула на Светскиот трговски центар непосредно пред да се урне. Неговото спуштање по тие 105 ката, […]

Како ривалството да не премине во конфликт – Бајден и Си разговараа телефонски час и половина


Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг имаа телефонски разговор кој траеше 90 минути. „Вчерашниот разговор беше исполнет со почитување и искреност, без предавања и надменост, рече портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. „Двајцата државници разговараа за можностите како конкуренцијата меѓу двете најразвиени светски економии да не се претвори во конфликт“, објави […]

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа утре 10 часа без струја


Жителите на градот Ресен и на сите населени места во Преспа утре од 8:00 до 18:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Како што информираат од ЕВН Македонија АД, во вој период екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија […]

Поради асфалтирање сообраќајот на патниот правец Прилеп – Ленишки мост по една лента


Сообраќајот на патниот правец А1К1 Прилеп – Ленишки  мост од вчера се одвива наизменично по една коловозна лента заради асфалтирање, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните […]

Ѓоковиќ избори финале на УС Опен по драма во пет сета против Зверев


Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на УС Опен откако во пет сета го совлада Александар Зверев со резултат 4:6, 6:2, 6:4, 4:6, 6:2. Германскиот тенисер го одигра еден од најдобрите мечеви во кариерата, особено во првиот и во четвртиот сет што ги освои, но Ѓоковиќ сепак беше подобар во првиот меч во пет сета […]

Преспанскиот договор и новите македонско-грчки еду-хоризонти


Академските заедници од Северна Македонија и Грција со Преспански договор добија нови еду-хоризонти за меѓусебна меѓународна соработка. Тоа е посебно овозможено со членот 15 од Договорот кој се однесува на соработката во сферата на науката, образованието и истражувањата, креативно поле за македонските и грчките високо стручни експерти. Членот 15 во Преспанскиот договор е win-win ситуација, […]

Бајден во пресрет на одбележувањето на 20-годишнината од нападите на 11 септември повика на национално единство


Американскиот претседател Џо Бајден повика на национално единство пред 20 – годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година во САД. Во видео запис во Белата куќа, објавен и на Твитер, Бајден им оддаде почит на загинатите во нападите и илјадниците повредени, како и пожарникарите, медицинските сестри и многу други кои загинаа или ризикуваа […]

Денеска на полноќ завршува рокот за поднесување кандидатури за локалните избори


Најголем дел од учесниците на локалните избори, политички партии и независни кандидати го чекаат последниот ден да ги поднесат своите кандидатури за локалните избори на 17 октомври. Кандидатурите се поднесуваат до Општинските изборни комисии (ОИК) до денеска на полноќ. ОИК ќе имаат свои тимови кои ќе дежураат до завршувањето на рокот за да овозможат кандидатурите […]

Северна Македонија и Грција чекор поблиску до изградбата на интерконекторот за природен гас


Националните компании за пренос на гас од Северна Македонија и Грција, НЕР и ДЕСФА вчера во Солун потпишаа Договор за соработка за развој и изградба на интерконекторот за природен гас, што е уште еден чекор поблиску до изградбата, но и нешто што според вицепремиерот Фатмир Битиќи „ќе ни даде можност да се позиционираме како регионален […]

За еден месец 26 илјади позитивни на корона, од нив 19 отсто биле целосно вакцинирани


Бројот на активни случаи во земјава изнесува 13.166 од кои најголем број 5.731 се во Скопје. Во Тетово има 1.192 активни случаи, во Куманово – 859, Гостивар – 726, Струга – 618, Охрид – 554, Струмица – 543, Кичево – 494, Прилеп – 269, Битола – 266… Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно […]

ДПС нема да го поддржи Румен Радев за втор претседателски мандат  


Парламентарната партија Движење за права и слободи нема да го поддржи Румен Радев на претстојните претседателски избори во Бугарија, изјави пратеникот од партијата Јордан Цонев во емисијата „Панорама“ на Бугарската национална телевизија. Според дописникот на МИА во Софија, причина за одлуката бил дијалогот меѓу претседателот Радев и лидерот на ДПС Мустафа Карадај за време на […]

Променливо облачно и потопло, температурата до 31 степен


Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло, со услови за појава на краткотраен дожд во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните температури ќе се движат од 21 до 31 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и потопло со дневна температура до 29 […]

Конституиран десеттиот плурален албански законодавен дом, прв парламентарец македонска снаа, политичките тензии се зголемуваат


Со политички тензии, не само меѓу опозицијата и владејачкото мнознство, туку и во редовите на опозицската Демократска партија, вчера претпладне започна со работа десеттиот состав на албанскиот законодавен дом, со враќање на опозицијата во собраниската сала, која ја напушти во февруари 2019 година. Според Деловникот, како највозрасна меѓу народните избраници, седницата ја водеше Лулјета Бозо […]

Битиќи: Интерконекторот со Грција можност да станеме регионален центар за снабдување со гас во Југоисточна Европа


Изградбата на интерконекторот со Грција ќе ни даде можност да се позиционираме како регионален центар за снабдување со гас на земјите во регионот на Југоисточна Европа, истакна заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи за време на неговото учество на панел дискусија на енергетскиот […]

За ВМРО-ДПМНЕ оставката на Филипче не е доволна


За опозициската ВМРО-ДПМНЕ оставката на министерот за здравство Венко Филипче не е доволна, од таму порачуваат дека е потребна оставка и од премиерот Зоран Заев, бидејќи според нив само така ќе се гарантира независна истрага. „Оставката на Венко Филипче не е доволна, потребно е оставка на Зоран Заев кој е централниот дел на пирамидата на […]

За Алијансата за Албанците оставките се задоцнети, бара одговорност


Алијансата за Албанците ја оцени како задоцнети и обид да се избега од одговорноста оставките на функционерите во здравствениот ресор.   -Тие коишто пред само 24 часа рекоа дека е време за предизвици, а не за оставки, по објавувањето на првите индиции за трагични грешки во изградбата на модуларната болница во Тетово, даваат оставки. Овие задоцнети […]

Линдита Никола – нова претседателка на албанскиот Парламент, опозицските пратенци ги кинеа гласачките ливчиња


На продолжението на првата седница на албанскиот парламент, доцна попладнево беа верификувани мандати на 140-те пратеници, меѓу нив и на Сали Бериша, кој откако дадоа заклетва, ја напушти собраниската сала. Седницата продолжи со изборот на претседател. Предлогот за Линдита Никола го дадоа 16 пратенички од социјалистичката партија и лидерот Еди Рама. На тајното гласање учествуваа […]