Заев: Пендаровски е наш коректив, да учиме од неговите критики


Претседателот на државата Стево Пендаровски одлично ја врши својата функција. Тој е наш коректив и неговите критики секогаш ги сфаќам најдобронамерно, рече денеска премиерот Зоран Заев, во врска со последното интервју на шефот на државата во кое, меѓу другото, зборува и за трагедијата во Тетово. -Не си дозволувам длабински анализи на интервјуа на претседател на […]

Отворање на изложбата „Допирот“ во Мала станица


Во Мала станица денеска ќе биде отворена изложбата „Допирот“, што е подготвена во партнерство со Британскиот совет и агенцијата за подвижни слики „Лукс“ од Обединетото Кралство Велика Британија, а под кураторската палка на Ана Франговска, соопштија од Националната галерија на Република Северна Македонија. На изложбата учествуваат исклучителни уметнички имиња од британската визуелна сцена која ја […]

Во ковид центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација


Утрово на редовна координација со директорите на Клиниките разговаравме за болничките капацитети, состојбата на болните, актуелната епидемиолошка состојба, информираше денеска преку својот Фејсбук, министерот за здравство Венко Филипче. – Во ковид центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и […]

Прометот во индустријата во јули намален во однос на јуни, а зголемен во споредба со јули лани


Прометот во индустријата во јули бил намален за 6,4 проценти во однос на јуни, а зголемен за 8,5 проценти во однос на јули минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-јули во однос на истиот период лани, прометот во индустријата е зголемен за 23,3 проценти. Зголемување се бележи и на прометот во […]

Учениците кои немаат таблет, треба да добијат од училиштето


 Учениците кои немаат финансиски средства да набават уред, уредот треба да биде доставен од училишето и тоа е јасно пропишано. Министерството за образование и наука (МОН) набави 10 илјади таблети како дополнение на сите таблети и електронски уреди кои ги имаат училиштата. Затоа повторувам дека во интерес на учениците е да имаат дигитален уред, а […]

Каматата не смее да биде поголема од долгот, предлог на група пратеници


  Група пратеници од парламентарното мнозинство  предлагаат измени на Законот за облигационите односи со кои се одредува каматите, кога ќе го достигнат износот на долгот, да престануваат да растат. Предлотот во скратена постапка е на дневен ред на денешната собраниска седница.Според предложеното нов член кој гласи: „Кога износот на стасаната, а неисплатена договорна камата ќе […]

Холандија ќе ги олесни мерките против пандемијата и најави Ковид – пропусници


Холандската влада во вторникот најави олеснување на мерките против Ковид-19 и ќе претстави корона пропуници како доказ за вакцинација, за влез во кафулиња, ресторани, клубови или културни настани, пренесува Ројтерс. Премиерот Марк Руте рече дека повеќето мерки за социјална дистанца ќе бидат укинати на 25 -ти септември. Овој потег е сличен на најавите во другите […]

Издадени рекорден број одобренија за градба три месеци пред изборите


На три месеци пред изборите, во јули биле издадени одобренија за градба на скоро 2.000 станови, што е 3 до 4 пати повеќе од просечниот број на одобренија што се издаваат месечно, пишува Радио Слободна Европа. Најмногу дозволи, според анализата, се издадени во Аеродром, Центар и Карпош, каде актуелните градоначалници нема да добијат нов мандат. […]

Во АСУЦ „Боро Петрушевски“ почна имплементација на ПИСА тестирањето


АСУЦ „Боро Петрушевски“ е училиштето кое прво започнува со имплементација на ПИСА тестирањето, кое е меѓународно тестирање и се спроведува од страна на ОЕЦД. Нашата држава за првпат земала учество во ова тестирање во 2002 година, а ова е четврто тестирање, информира денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Во ова тестирање, како што посочи […]

Еднаш месечно бесплатен влез во музеите и историските локалитети во Охрид


Објектите под ингеренција на Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“ во периодот надвор од туристичката сезона еднаш месечно ќе бидат слободни за посета, односно нема да се наплаќа влез за посетителите. Секој прв ден од месецот во периодот од октомври оваа година до мај наредната година влезот во музеите и локалитетите што се под […]

Цената на гасот во Европа надмина неверојатни 950 долари


Цената на природниот гас во Европа уште еднаш го урна рекордот, надминувајќи 950 долари за 1.000 кубни метри, првпат во историјата, според податоците за тргување на ICE Futures. Цената денеска се зголеми за дури 20 проценти. Цената на октомвриските фјучерси на индексот на холандскиот гасен центар ТТФ утрово во 8:35 часот изнесуваше 841,39 долари за […]

Стабилно и топло време во наредните денови


Во следните денови ќе преовладува стабилно и топло време, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во петок температурата ќе достигне до 36 степени, ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец. Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и наместа […]

Учениците остануваат во училниците, вели Царовска – бројот на новозаразени вчера бил помал


Вчера бројот на позитивни ученици во училиште е 0,01, што значи дека се помалку новозаразени во споредба со понеделникот. Досега немаме индикација дека наставниот модел треба да се менува, но во моментот кога ќе добиеме индикација за промена на моделот ние сме спремни така да постапиме, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. […]

Прва цивилна НАТО вежба „Северна Македонија 2021“


Во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК), на подрачјето на Охрид и Струга, од 20 до 24 септември годинава ќе се одржи вежбата „Северна Македонија 2021“. Центарот за управување со кризи како домаќин, на оваа прва цивилна НАТО вежба во земјава, што […]

Мицкоски: Материјалот што бил користен во модуларните болници надминува морална одговорност


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук порача дека информациите за материјалот кој е користен за градба на модуларните болници ја надминува моралната одговорност на надлежните. Мицкоски притоа прашува зошто во набавката за модуларните болници се барале лесно запаливи PUR панели, не се барало атест за квалитет и зошто немало противпожарна заштита. – Со набавката […]

Шахпаска: Жените треба да бидат рамноправни и во носењето одлуки


Жените храбро застанаа во првите редови за време на пандемијата со Ковид-19. Во категориите каде што најмногу се вработени жени се покажа нивната храброст и упорност. Дадоа се од себе и не дозволија здравството за потклекне, образованието да застане, децата да не бидат згрижени, а продавниците да бидат затворени. Ова денеска го истакна министерката за […]

Вудворд – Коста: На Трамп во последните денови му биле одземени овластувања за нуклеарни и воени напади


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп бил тајно лишен од овластување да нареди нуклеарен напад или да почне воена акција во последните хаотични денови во Белата куќа, според книга од новинарите Боб Вудворд и Роберт Коста, која треба да биде наскоро објавена. Двајца ветерани на „Вашингтон пост“ во книгата наведуваат нови драматични детали за избезумениот обид […]

МАПАС на Денот за пензиска свесност: Информирајте се за својата пензиска заштеда додека сте млади


Во рамки на својата мисија да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови и да го поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го одбележува Денот за пензиска свесност – 15 септември со низа активности чија цел е подигнување на […]

Народна банка ја задржа основната каматна стапка на 1,25 проценти


Основната каматна стапка останува на ниво од 1,25 проценти, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на вчера одржаната седница на која биле разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во однос на поставеноста на монетарната политика. На седницата е оценето дека нивото на основната каматна стапка […]

ООУ „Лазо Трповски“ во меѓународен проект за заштита на биолошка разновидност


Проектот на учениците од 9б одделение од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје „Инвазивни растенија и животни во општина Карпош по течението на реката Вардар“, координиран од двајца наставници во својство на ментори, Даниела Радевска и Стефан Симовски стана дел од глобалната акција за заштита на биолошката разновидност со седиште во Хамбург, Германија. – Еко-проектот учесниците […]