За првпат во Бугарија еден службен кабинет ќе ја предаде власта на друг службен


Дури и пред да заврши, 2021 година може да се нарече година на политички преседани во Бугарија, коментира порталот Медијапол, најавувајќи дека за првпат во историјата еден службен кабинет – ќе ја предаде власта на друг службен кабинет. Според најавите, во четврток претседателот Румен Радев повторно ќе му го даде мандатот на досегашниот технички премиер […]

Трошоците на четиричлено семејство во август речиси 35.000, ако има ученик – 42.000 денари


Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули, покажуваат податоците од најновата синдикална кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. Според овие податоци, во август на едно четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби му требале 34.342 денари, а доколку во семејството […]

Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје, приведено едно лице


Полицијата вчера го лишила од слобода Ѓ.Г.(33) од Скопје, откако при претрес во неговиот дом на бул. „АСНОМ“, извршен со судска наредба, била откриена импровизирана лабораторија за производство на марихуана, при што биле одземени 71 стебло од растението канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, гранки во процес на сушење, тегли и други пакувања со семки […]

Стипендии и за македонските студенти кои живеат во регионот


Политиките за стипендирање кои ги спроведува Министерството за образование и наука (МОН) оваа година се ревидирани и значително унапредени во насока на обезбедување поголема поддршка од досегашната и тоа на што поголем број студенти. Воведени се низа нови типови на стипендии, а воедно зголемен е износот на речиси сите категории кои досега се доделуваа, вклучително […]

ЕУ со помош за најпогодените од пожарите во Северна Македонија


Европската Унија ќе обезбеди 140.000 евра хуманитарни средства за да им помогне на најпогодените семејства и на оние кои беа во првите редови на борбата со пожарите кои избувнаа во Северна Македонија кон крајот на јули. Овие средства од ЕУ се поддржани и од националниот Црвен крст, кој ќе помага во испораката на потребната помош, вклучувајќи храна […]

(Галерија) Околу 15 илјади посетители на годинешниот Саем на книга


Саемот на книга по втор пат, поради пандемијата, се реализираше на отворен простор во комплексот на А1 Арена – СЦ Борис Трајковски. Издавачките куќи присутни на овогодинешниот саем на книга изразија задоволство од концепциската поставеност, континуитетот на саемот и безбедните услови за негово непречено одржување. Според организаторите на Саемот, интересот за читање на сите видови […]

Франција ги суспендира невакцинираните здравствени работници


 Здравствените работници во Франција кои не се вакцинирани против коронавирусот, од денеска ќе бидат суспендирани од работа. Околу 300.000 медицински лица се уште не се вакцинирани, а во некои болници може да има недостаток на работна сила поради суспензијата. Во Франција, вакцинацијата на медицинските работници и работниците во итните служби е задолжителна. Денеска им истекува […]

Урсула Фон дер Лајен најави посета на Западен Балкан


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека во септември ќе го посети Западен Балкан, нагласувајќи дека инвестирањето во иднината на тој регион е инвестирање во иднината на Европската унија. – Пред крајот на месецот, ќе одам во регионот за да испратам јасен сигнал за нашата посветеност кон процесот на проширување, рече Фон […]

Црвениот крст на град Скопје и општинските организации утре ќе го одбележат Светскиот ден на Првата помош


 Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје со координирани активности ќе го одбележат Светскиот ден на Првата помош под мотото „Биди херој во твоето училиште“. Од Црвениот крст соопштија дека како дел од планираните активност, а во насока на зачувување на здравјето и безбедноста на учениците […]

Венецуела: Покрената кривична постапка против Хуан Гуаидо


Венецуелскиот државен обвинител Тарек Вилијам Саб денеска покрена кривична постапка против опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за наводно преземање контрола врз компанијата Мономерос, која е подружница на државната хемиска компанија Пекуивен. Во својата објава на Твитер, државниот обвинител наведува дека лидерот на опозицијата е осомничен за „злоупотреба на моќта, велепредавство и криминален заговор“, како и „проневера […]

МЗ: Досега вакцинирани 763.965 граѓани, само вчера 13.493


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 763.965 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.057 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.493 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.411.735 дози вакцини, а […]

Димитров: Ветувањето на ЕУ кон регионот најблаго и најдипломатски кажано е разнишано


Грција на некој начин го иницира ветувањето на ЕУ кон регионот на Самитот во 2003, меѓутоа Грција по решавањето на проблемите што ги имавме со нив сега се однесува најприродно и најнормално како што треба да се однесува земја што се граничи со овој период. Земјите членки на ЕУ кои се дел од нашиот регион, […]

Онлајн наставата во Тетово и Гостивар продолжува до 20 септември


Наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар ќе продолжи да се изведува онлајн до 20 септември, наместо до 14, како што беше планирано со претходната одлука, одлучи Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница. Поради влошената ситуација со пандемијата во овие градови, владата претходно донесе одлука наставата да се организира онлајн во траење […]

Бислимоски: Владите во регионот мора да продолжат со инвестиции во енергетскиот сектор


Само преку одговорно менаџирање со енергетските капацитети, може да се амортизираат сложените состојби на пазарот, порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, кој заседаваше со 49. Одбор на регулатори на Енергетската заедница што се одржа во Атина, Грција. – Кога е во прашање енергетскиот сектор, здравствената криза покажа дека компаниите чии услуги се […]

Приведен криминалец баран со потерница


Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево – Отсек потраги, утрово во 05.50 часот, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.О.(25) од село Палиград, општина Зелениково, за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Како што информираа денеска од МВР, лицето било предадено во […]

„Епл“ претстави нов „Ајфон 13“ и подобрен „Ајпад“


Американскиот технолошки гигант „Епл“ денеска го претстави новиот „Ајфон 13“ и подобрени модели на „Ајпад“ таблетите, проширувајќи ја 5-Г конективноста и прикажувајќи побрзи чипови и подобри камери. „Ајфон 13“ има посветол екран. Новите модели изгледаат речиси исто како „Ајфон 12“, со таа разлика што се подебели и достапни во повеќе нови бои. Новата „13-ка“ има […]

Се проширува канализационата мрежа во беровското село Русиново


Се проширува канализационата мрежа во село Русиново. Во рамки на проширувањето како што информираа од Општината предвидена е изградба на третиот крак од канализационата мрежа, со цел на жителите од овој дел на селото долгорочно да им се решат проблемите со канализационата мрежа. -Со овој проект се опфатени неколку индивидуални станбени објекти и земјоделски имоти, […]

Во Шведска седум дена никој не починал поради Ковид-19


  Нереди поради ковид-мерките во Франција, заклучување во Австралија, нови рекордни броеви на заразени во Европа, а во Шведска последните седум дена никој не починал поради Ковид-19. Да потсетиме дека Шведска беше ставена на столбот на срамот во светските медиуми поради лабавите ковид-мерки. Британски „Гардијан“ шведскиот пристап го окарактеризира како „катастрофа во најава“, додека Си-би-ес […]

Антитела предизвикуваат долготраен ковид?


Научниците се исправни пред загатката – што предизвикува хронични долготрајни последици од Ковид-19? Лекари од Арканзас идентификуваа молекули кои е можно да играат централна улога кај долготраен ковид. Многу луѓе кои биле заболени од Ковид-19, со месеци потоа страдаат од последици на инфекцијата.  Ова долготрајно хронично заболување лекарите го нарекуваат долготраен ковид или пост-ковид (Post-Acute Sequelae of SARS-CoV-2 […]

Нагелсман по триумфот над Барселона: Баерн имаше проблеми во првите 7-8 минути, потоа се адаптиравме


Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман даде свое видување за победата од 3:0 над Барселона, синоќа во првото коло во Лигата на шампионите. -Мислам дека тимот одигра многу добро, ова е клучниот момент. Имавме проблеми во првите 7-8 минути кога не одигравме доволно храбро, но потоа направивме некои приспособувања. Секогаш е одлично да не примите гол. […]