Собранието ги изгласа измените на Изборниот законик


Собранието  без расправа со 78 гласа  „за“,  два „против“ и еден „воздржан„  и 24 гласа „за“ и еден „воздржан“ од пратениците од помалите етнички заедници попладнево го донесе Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Координаторот на СДСМ Јован Митревски претходно во образложението на законот по скратена постапка поднесен од пратениците  Јован Митрески, Никола […]

Усвоени преостанатите закони од областа на управување со отпадот


Собранието на денешната  50-та седница ги донесе преостанатите четири закони од областа на управување со отпадот: Закон за управување со отпадот, Закон за управување со пакување и отпад од пакување, Закон за управување со дополнителни текови на отпад и Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, откако претходно во […]

Атина се надева дека набргу ќе се свика меѓувладината конференција со Македонија


Надеж дека набргу ќе свика првата меѓувладина конференција ЕУ – Северна Македонија, како и поддршка за европската перспектива на нашата земја, но и на останатите од регионот, изрази портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на денешниот брифинг со новинарите. Додаде дека интеграцијата на Западен Балкан, за Атина, е пат  во една насока, бидејќи е „во […]

Заев за оставките: Секој е заменлив, но нема разрешувања пред избори


Никој не е венчан за ниедна функција ниту, пак, од татко му е наследена. Секој е заменлив, но истовремено не смееме да се поставуваме несоодветно затоа што некој поради скриени политички побуди или други скриени намери бара нешто. Треба чесно, транспарентно, отворено да дискутираме, рече премиерот Зоран Заев во коментар на прашањето што треба да се случи за да се разбуди […]

Шоуто за јахти во Монако спремен за супербогатите 


Монако-Уништената од пандемија  Европа минатата година беше гладна од шоуа со бродови на вода. Фестивалот за јахти во Кан имаше добар успех минатата недела, со голема посетеност и повеќекратни пуштања на нови јахти, но големиот настан за суперјахти, Монако Суперјахт шоу, ќе се одржи следната недела во Монте Карло од 22-25 септември. На изложбата ќе […]

Во Скопје денеска пристигнува нова група граѓани од Авганистан


 На Меѓународниот Аеродром во Скопје денеска се очекува да пристигнe нова група граѓани од Авганистан, информираат од Владата.   Според најавата од Владата,  медиумските екипи што ќе се акредитираат треба да пристигнат најдоцна до 16 часот.   Како што посочуваат од Владата, не се придвидени изјави на владини претставници при пристигнувањето.   Инаку, првата група […]

Филтер станицата во Штип спој на словенечка технологија и јапонска иновативност


Капитален проект, спој на висока технологија од Словенија и иновативност од Јапонија. Вака денеска државниот врв ја нарече пречистителната станица која треба да обезбеди чиста, здрава и квалитетна вода за пиење за преку 100.000 домаќинства во општините Штип, Пробиштип, Свети Николе, Лозово и Карбинци. Филтер станицата, со капацитет од 300 литри во секунда, ќе овозможи […]

Фон дер Лајен доаѓа во Македонија на 28 септември 


Белгија– Од дипломатските служби во Брисел за МИА потврдија дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе ја посети и Северна Македонија до крајот на овој месец, јави дописничката на МИА од Брисел. Според првичните информации што ги доби МИА, претседателката ќе ја посети Северна Македонија на 28 септември, на ист ден со […]

Белгиските синдикати го вклучија алармот – растот на цените ќе предизвика социјална катастрофа


Синдикатите го вклучија алармот денеска, предупредувајќи дека растот на цените во Белгија ќе предизвика социјална и економска катастрофа, јави дописничката на МИА од Брисел. Конфедерацијата на либералните синдикати, најмалку блиски до левите партии, ја предупреди Владата во Белгија дека граѓаните ќе страдаат од растот на цените на гасот и струјата. Белгиските граѓани од втората половина […]

Ќе извезуваме органски производи во Аргентина, а ќе увезуваме механизација, риба и месо


Досегашната соработка и можностите за унапредување особено во делот на агросекторот, биле теми на разговор на денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа со амбасадотор на Република Аргентина, Алфредо Атанасов. Како што соопшти Министерствтото за земјоделство, шумарство и водостопанство, заеднички заклучок е дека двете земји имаат потенцијал за многу поголема соработка […]

Оставките на Филипче и Хасани се доставени до премиерот и архивирани


Оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани се доставени до премиерот и се архивирани. Содржината на оставките не отстапува од она што веќе двајцата јавно го споделија, изјави на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски. Премиерот, рече Арсовски, веќе објасни дека проценката и одлуката по однос на поднесените оставки ќе […]

Кога ќе почне примената на „недела неработен ден“? Владата апелира пратениците да ги поддржат законските измени


Владата очекува Предлог-измените на Законот за работни односи со кои недела треба да биде прогласен за неработен ден наскоро да ги помине собраниските процедури и да биде изгласан во Собранието. Владиниот портпарол Муахед Хоџа денеска на редовната прес-конференција во Владата апелираше до сите пратеници, и од власта, и од опозицијата, да го поддржат ова законско […]

Корона-кризата повеќе ги погоди жените


Корона-кризата во глобални рамки го нагласи уште повеќе прашањето за родовата рамноправност и степенот на вклученост на жените во општеството, бидејќи согласно со расположливите податоци, таа несразмерно повеќе ги погодува жените од мажите. Пандемијата наметна потреба од рестриктивни мерки коишто најмногу ги засегнаа дејностите коишто се засноваат на социјална интеракција, односно услужниот сектор, но и […]

Заедничка владина седница со Косово утре во Скопје


Владите на Република Северна Македонија и Република Косово утре во Скопје ќе одржат заедничка седница, на која ќе се потпишат низа договори и меморандуми со кои ќе се продлабочи и зајакне соработката меѓу двете држави. Договорите, како што информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа, се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот […]

Успешно ќе биде завршен процесот со „фингерпринт“ терминалите


Премиерот Зоран Заев верува дека успешно и навреме ќе биде завршен целиот процес околу „фингерпринт“ терминалите кои ќе се користат за претстојните локални избори. Јавната набавка, вели, ги запазува сите законски процедури, а постапката е транспарентна. Заев ги охрабрува институциите будно да го следат целиот процес за да биде успешен и навреме завршен, но истовремено […]

Маричиќ: Граѓаните веќе ја забележуваат проактивната улога на Судскиот совет


Задоволство од резултатите и темпото на спроведување на реформите во правосудството изрази денеска министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на дијалогот за јавни политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година со Акциски план – до каде сме и што понатаму“, што се одржа во организација на Институтот за европска политика. […]

Од ателје на локалитетот Стоби: Уникатна изложба на скулптури на Петар Хаџи Бошков


Сите изложени дела авторот ги има зачувано во лична сопственост и ги оставил во наследство на неговото семејство. Овие репрезентативни дела, благодарение на неговиот син Игор Хаџи Бошков ќе бидат позајмени и директно од ателјето ќе бидат пренесени на локалитетот Стоби како спој на два света – античкиот со модерниот Во сабота, на 18 септември, […]

Филхармонија гостува со „Петре и волкот“ во Прилеп


Оркестарот на Филхармонија в петок, на 17 септември ќе гостува во Прилеп, каде што ќе ја изведе симфонискат поема „Петре и волкот“ од Сергеј Прокофјев. Концертот наменет за најмладата публика ќе се одржи во Домот на култура „Марко Цепенков“ со почеток во 20 часот. Диригент е Борјан Цанев, а наратор, актерот Мартин Јордановски, кој ќе ги […]

(Видео) Поплави на југот на Франција – блокирани автопати


Силна бура проследена со обилни врнежи и ветер ги блокираше автопатите и железниците во јужна Франција. Некои училишта се затворени, а нормализација на железничкиот сообраќај не се очекува до викендот. Поплавениот автопат меѓу Ним и Монпелје е привремено затворен, а прекинат е и железничкиот сообраќај меѓу двата града. За денеска се очекуваат дополнителни обилни врнежи, […]

Десет држави дел од првото издание на онлајн фестивалот „Театарски европски алтернативи”


Во петок почнува првото издание на онлајн интернационалниот алтернативен фестивал „Тетарски европски алтернативи”, каде ќе бидат претставени над 70 артисти во различни уметнички области. Публиката ќе има можност да гледа 11 театарски продукции во интернационална и студентска програма од Србија, Бугарија, Црна Гора, Романија, Словенија, Словачка, Италија, Франција, Австрија и Англија. Во програмата „НОВ БРАН“ […]