Нови 617 случаи на Ковид 19, починаа 32 лица


Во последните 24 часа од направени 4.621 тестирање регистрирани се 617 нови КОВИД случаи, оздравени се 450 пациенти, а починале 32 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.   Од новите случаи на Ковид-19 најмногу се во Скопје – 314, по што следат Куманово – 47, Струмица – […]

Мултимедијалниот фестивал „Кокино – Тврдина на Сонцето“ со тридневна програма


На локацијата кај мегалитската опсерваторија Кокино, викендов ќе се одржи третото издание на Мултимедијалната културна манифестација „КОКИНО – Тврдина на сонцето“, кој годинава првпат е организиран со тридневна програма од 17 до 19 септември. Во рамки на перформативната програма на „Кокино – Тврдина на Сонцето“ ќе се одржат повеќе од 20 настапи на реномирани уметници од македонската […]

Турскиот моден бренд „Кигили“ нов спонзор на македонските кошаркари


Ден откако стана моден спонзор на македонските олимпијци, турската компанија „Кигили“ попладнево потпиша договор за соработка и со Македонската кошаркарска федерација и во следните години ќе се грижи за имиџот на националните селекции. Договорот за соработка во Скопје го потпишаа претседателот на Федерацијата Перо Антиќ и извршниот директор на турскиот моден бренд Хилал Суредем. – […]

Dead Can Dance ќе настапат во Скопје


Во рамки на Таксират фестивалот, што ќе се одржи на 23 и 24 мај 2022 година, првпат ќе настапи дуото Dead Can Dance. Тие ќе одржат два концерти во Скопје, во Македонскиот народен театар. Лиза Џерард важи за еден од најубавите светски вокали на современата музика. Заедно со Брендан Пери, веќе четири децении го пренесуваат […]

Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово


Тим од германски експерти кои треба да ги истражат причините и околностите за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово денеска пристигна во државава, потврдија за МИА од Владата. Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, како што беше најавено претходно, е составен од четворица експерти и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување […]

Намалувањето на бројноста на судиите штетно ќе се одрази врз функционалноста на судскиот систем


Пред Судскиот Совет стои предизвикот за кадровско пополнување на судовите, како со судии, така и со администрација, особено заради фактот дека следува период во кој многумина судии ќе ги исполнат условите за пензионирање, па како итност се отвора прашањето за избор на нови судии. Тоа го истакна претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, на конференцијата […]

Македонските предизвици кон ЕУ се предизвици за самата Унија


Политиката на проширување со земјите од Западниот Балкан е од особена важност за адресирање на прашањата кои ја засегаат иднината на Европа, потенцираше вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кој попладнево во Солун, се обрати на специјалната дискусија за европската перспектива на регионот „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“, иницирана од страна […]

Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во северозападните делови од земјава


Земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија на 170 километри северозападно од Скопје денеска е регистриран во 14 часот и 26 минути, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. -Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML4.2, а беше почувствуван од населението во северозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти […]

Ќе го шириме каталогот и во Македонија: Разговор со Никола Кнежевиќ од „Кроација рекордс“


Винилите имаат една ексклузивност, она што сте го купиле е исто така уникатно затоа што не може да се копира. Тие се вистински мал трофеј, вели Никола Кнежевиќ, музички уредник, во разговорот за „Независен“ осврнувајќи се на нивната долговечност. Потенцира дека албумот „Био сам наиван“  од Даниел Поповиќ, е најпродаван албум на Југотон во ексЈу, […]

Португалија вакцинира 80 отсто од населението


  Португалија тполно вакцинра околу 80 отсто од популацијата, со што стана една од најдобро вакцинираните наии во светот, па властите ги ублажуваат повеќето антиковид мерки, покажаа официјалните податоци. Според податоците на Ројтерс, Португалија и Обединетите Арапски Емирати имаат речиси ист процент потполно вакцинирани граѓани, а во тој сегмент се водечки во светот. Португалија, земја […]

Во Србија 7.628 новозаразени, починаа 32 пациенти


  Рекорден број заразени во последните шест месеци бележат речиси сите поголеми српски градови. Дневната бројка новозаразенисе движи кон 8.000 Исто така, поради неповолната епидемиолошка состојба и се поголемиот број заболени ученици, но и наставници и професори, се зголемува бројот на одделенија кои преминуваат на онлајн настава. Според последните податоци во Србија регистрирани се 7.628 […]

Талибанците пронашле 12,3 милиони долари кај поранешни функционери


Околу 12,3 милиони долари во готовина или златни шипки се пронајдени кај поранешни авганистански функционери, соопшти денеска авганистанската централна банка, еден месец откако талибанците ја обвинија поранешната влада за корупција и ја фалат својата транспарентност. – Пронајдените пари доаѓаат од високи поранешни владини претставници како Амрулах Салех (поранешен потпретседател) и некои безбедносни агенции кои чувале пари или злато во […]

(Видео) Пристигнуваат 44 лица од Авганистан


 На Меѓународниот Аеродром во Скопје денеска пристигнува нова група граѓани од Авганистан, информираат од Владата. Инаку, првата група од 149 Авганистанци во земјава пристигнаа на  31 август, меѓу кои и жени и деца. Станува збор за Авганистанци што работеле за меѓународни организации и нивните семејства.

Заев најави две нови „зелени“ инвестиции


Премиерот Зоран Заев најави две нови стратешки инвестиции – сончева електрична централа и ветерен парк.   -На предлог на Комисијата за стратешки инвестициони проекти, со посебни одлуки Владата ги утврди како стратешки инвестиционите проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар“ дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови“ […]

ОН повикуваат на мораториум за системите за вештачка интелигенција


ОН денеска повикаа да се воведе на мораториум за некои системи за вештачка интелигенција, како што е препознавање лица, додека не се воспостават елементите за заштита на човековите права. – Технологиите за вештачка интелигенција можат да имаат негативни ефекти, дури и катастрофални, доколку се користат без да се земе предвид начинот на кој тие влијаат врз човековите права, рече Мишел […]

Ќе се затвори модуларната болница во Гостивар


    Модуларната болница во Гостивар до крајот на неделава ќе се затвори поради намалениот број на заболени, но и да се отстапи место за истражителите кои најавиле дека ќе вршат безбедносни проверки. По трагедијата во тетово во болницата  секојдневно се прават безбедносни проверки, како на електриката така и на сите инсталации во неа. На […]

Од вечерва корекции на откупните цени -10 денари за „смедеревка“, 12 денари за „вранец“


Откупната цена за „смедервка“ да изнесува 10 денари, а за „вранец“ 12 денари. На сите лозари кои предале грозје под овие цени, разликата ќе им биде надоместена од страна на винариите. Ова е договорено денеска, по два и пол часа преговори на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа со претставници на винариските визби. […]

Изменет сообраќаен режим утре во Скопје


 Во Скопје утре ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово.Од  тие причини, информираат од МВР,  Секторот за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје. Секторот за внатрешни работи  Скопје апелира  до сите граѓани […]

 Стратегијата на попишувачите е да бидат упорни до крај


Работиме заедно и на решавање на проблемите, меѓутоа и на спроведување на оваа најважна статистичка операција по 20 години, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, кој уште додаде дека е во секојдневна комуникација со тимот на Државниот завод за статистика. – Заклучно со вчерашниот ден попишани се, од теренскиот попис, 618.000 граѓани, и тоа […]

Бочварски очекува до идната пролет да се затворат сите прашања за патната инфраструктура во источниот регион


 Експресните патишта Штип – Радовиш и Штип – Кочани се градат со исклучително добра динамика, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Првата фаза од патот Штип – Радовиш е веќе пуштен во употреба. Од втората фаза, привршува делот од Бучим до Радовиш, а се работи и на обиколницата во Штип. -Очекувањата се […]