Утре бесплатен јавен превоз и ноќни линии поради „Бела ноќ“


ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2021“, а во функција ќе бидат и дел од ноќните линии (2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65 В). Бесплатно користење на јавниот превоз ќе биде дозволено од утре, сабота (25.09.2021 год) од 18 […]

Во бура на највисоката планина во Европа, загинаа пет планинари


  Петмина планинари загинаа на Елбрус, највисоката планина во Европа, откако времето одненадеж се сменило и се претворило во снежна бура, потврдија надлежните во петокот. Елбрус, планина на северот од Кавказ во Русија, со 5.642 метри е највисока планина во Европа. Останатите 14 членови на комерцијалната експедиција спасени се од Елбрус во тешки временски услови, […]

Директорот на „8 Септември“ им порача на хирурзите да лечат ковид пациенти откако тие се заканија со протест


Директорот на „8 Септември“, Христијан Костов, одговори на најавите за протест од страна на хирурзите во болницата, кои бараат да се зголемат капацитетите за извршување операции.  -Ја разбирам потребата за зголемување на бројот на оперативни сали и денови кај колегите од хирургија и секојдневно сум информиран за оперативниот програм во нашата установа.Меѓутоа согласно бројот на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Откривањето на возилото на МВР со дрога е институционализација на криминалот


ВМРО-ДПМНЕ го нарече институционализација на криминалот откривањето дрога во автомобил на МВР од страна на црногорските граничари. -Министерот Спасовски очигледно ќе релативизира и ќе префрла одговорност, на крај можеби ќе кажат дека дрогата сама се ставила во возилото, но нека не заборави дека од 2015 е министер,со мал прекин додека беше премиер. Морална одговорност нема […]

Маричиќ: Добро е за државата што успешно го завршуваме пописот


Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето гостување на ТВ24 кажа дека до крајот на следната недела успешно ќе финишира попишувањето на населението. Според него, добро е што апелите за бојкот не наидоа на поддршка кај граѓаните, кои се свесни за значењето на оваа голема статистичка операција. -Задоволени сме што пописот тече успешно. Досега 1.400.000 […]

СЗО препорача коктел од антитела против Kовид-19


Комисија на Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача употреба на коктели од антитела против Ковид-19 развиени од компаниите „Регенерон“ и „Рош“ за пациенти со висок ризик од хоспитализација, за оние кои се тешко болни и луѓето што немаат природни антитела. Третманот во САД доби итно одобрување, откако привлече внимание кога се користеше минатата година за лекување на […]

Општина Петровец оштетена за 1,5 милиони евра поради злоупотреба на службена положба


 Управата за финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава против пет физички и три правни лица за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец. Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, посочи дека во мај годинава добил анонимна претставка за злоупотреба на службената положба и […]

Димитров: Бугарија го прекрши Договорот за добрососедство и почна со уцени


Односот со Бугарија се измести отако таа го прекрши членот 2 од Договорот за добрососедство, којшто зборува дека Софија ќе ни помага на европскиот пат, нема да ни одмага, најмалку пак ќе не блокира. Ние доживеавме две вета и проблематизирање на нашиот јазик. Нема напредок во атмосфера на уцена. Потребна е заемна доверба и почит за […]

Директорот на болницата во Тетово требало да изготви план за заштита од пожар, велат од Светска банка


Планот за заштита од пожари требало да го изработи и спроведе болничкиот персонал под раководство на директорот на болницата во Тетово, велат од Светска банка за Дојче веле, по пожарот во модуларната болница кој однесе 14 човечки животи. Тендерот за изградба на тетовската, како и на останатите 16 модуларни болници ширум земјата во октомври 2020 година беше […]

Хирурзите од „8 Септември“ќе протестираат


Хирурзите во болницата ГОБ „8 Септември“ в понеделник ќе го искажат своето незадоволство поради проблемите со функционирањето на хируршките сали, а тоа ќе го сторат на начин што ќе ги стават инструментите во фиока и ќе ги откажат сите закажани операции на пациенти. Вакво предупредување денеска испрати хируршкиот колектив во болницата, кој преку писмо до […]

Талибанците повторно воведуваат егзекуции и отсекување раце


Еден од основачите на талибанците и главен иницијатор за строго толкување на исламскиот закон за време на последното владеење на Талибанците во Авганистан кон крајот на 1990 -тите, Мула Норудин Тураби, рече дека движењето повторно ќе врши егзекуции и отсекување на раце, иако можеби не во јавност. Во интервју за Асошиејтед Прес, Тураби го отфрли […]

Дури 75 отсто од вработените во градинките се вакцинирани


Додека последниве недели се намалува темпото на на вакцинацијата во државата, бројката на вакцинирани меѓу вработените во градинките постојано расте. Според денешните последни податоци од Министерството за труд и социјална политика дури 75 отсто од вработените во градинките се вакцинирани, од кои огромниот број со две дози. Бројката е поголема кај оние структури кои работат […]

Европската комисија е против СП во фудбал на две години


Европската комисија изрази загриженост поради планот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за одржување на Светските првенства на секои две години, објави порталот „Политико“. Истиот извор посочи дека потпретседателот на Комисијата задолжен за поттикнување на европскиот начин на живот Маргаритис Шинас застанал во одбрана на претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин во спорот со […]

Населението во руралните средини ретко ги користи електронските услуги што ги нудат општините


Недоволната информираност за електронските услуги, немањето пристап до интернет и недоволната дигитална писменост на населението во руралните средини се дел од причините поради кои не се користат електронските услуги што ги нудат општините. Од друга страна, сѐ уште има општини кои немаат ИКТ сектори, соодветна инфраструктура и човечки ресурси, покажува истражувањето за е-услугите во руралните […]

Аеродром се збратимува со Стари Град од Сараево


Висока делегација од Општина Стари Град од Сараево, предводена од градоначалникот м-р Ибрахим Хаџибајриќ, вчера ја посети Општина Аеродром со цел збратимување на двете општини. На средбата со раководството на Аеродром беше изразен интерес за збратимување на двете општини преку искрено меѓусебно почитување, воспоставување различни видови соработка, размена на идеи за реализација на проекти од […]

Работник почина по пад при изведување градежни работи во Гази Баба


 Починал работник кој паднал при изведување градежни работи на зграда во изградба на подрачјето на Гази Баба. – На 23 септември 2021 во 16:39 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека при изведување градежни работи на зграда во изградба на подрачје на Гази Баба, паднал работникот М.Ц. (55) од Скопје, кој […]

Кралскиот зет Едоардо Мапели Моци успешен во светот на дизајнот: Ѕирнете во неодамна завршената градска куќа во Лондон


Англија– Банда Дизајн Студио, развој, дизајн и бизнис со недвижности, со седиште во Лондон, основан од сопругот на принцезата Беатрис и тазе татко во британското кралско семејство, Едоардо „Едо“ Мапели Моци, е повеќе фокусиран на исклучителност отколку на престиж. Како и да е, колекцијата на имоти на компанијата, кои се расфрлани низ целиот свет, издвојуваат […]

Осумдневен притвор за лекарка од Куманово за примање поткуп


Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 51-годишна лекарка од Куманово, поради постоење основано сомневање дека сторила  кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување и Примање поткуп. Основен суд Куманово на осомничената и определи мерка притвор во траење од осум дена. -На 22.09.2021 година во временски период од 07:00 до 14:00 часот, искористувајќи ист […]

Привремена Комисија на јавното обвинителство ќе следи евентуални изборни нерегуларности


Привремена Комисија на јавното обвинителство ќе следи евентуални изборни нерегуларности на претстојните локални избори, закажани за 17 октомври 2021 година. -Настаните поврзани со претстојните локални избори, закажани за 17 октомври 2021 година, се од општ интерес на јавноста. Оттука, јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални […]

Минатата година, 12 отсто од вработените во земјите на ЕУ работеле од дома


Минатата година, поради воведувањето на физичката дистанца како мерка за спречување на ширење на коронавирусот, повеќе луѓе почнаа да работат од дома отколку порано, а според податоците на Евростат, 12 отсто од вработените на возраст меѓу 20 и 64 години работеле од дома во земјите од Европската унија. Тоа е двојно повеќе од годишниот просек […]