Бугарската политика заглави во мочуриште


Бугарската политика зачекори во мочуриштето на изгубената насока и значење. Останаа две прашања: како стигнa овде и како да излезе од калта. Кризата е повеќе партиска отколку социо-политичка. Луѓето дадоа јасен мандат на четири партии – „Има таков народ“ (ИТН), БСП, „Демократска Бугарија“ (ДБ) и „Застани БГ! Доаѓаме“ (ИБГНИ) – за формирање влада која е […]

Вардар: Изборивме место на Ф4, СЕХА не исфрли


 Македонскиот ракометен првак Вардар, иако обезбеди место на Ф4 турнирот во СЕХА лигата во Задар, сепак нема да се појави во полуфиналето. Таму требаше да игра со Мешков Брест. Извршниот комитет на СЕХА лигата донесе одлука Вардар да биде исклучен поради еден позитивен случај. Според епидемиолозите во Загреб позитивниот член ќе остане во изолација 10 […]

ЕУ ќе инвестира 30 милијарди евра во Западен Балкан во наредните 4-5 години


Еврокомесарот за проширување на Стратешкиот форум во Блед изјави дека Европската комисија предвидува суштински економски и инвестициски план за регионот на Западен Балкан. „Предлагаме приближно една третина од БДП на целиот регион за инвестирање, речиси 30 милијарди евра за целиот регион да дојде и да испорача во следните четири до пет години темелна промена на […]

Нова паралелка за фармацевтски техничар со 23 ученици во „Панче Караѓозов“


Од оваа учебна година, 23 ученици во Средното медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов”, а во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ на МОН ќе учат во дуалната паралелка „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“, додека „Алкалоид“ ќе обезбеди заштитна опрема, систематски прегледи, топол оброк и месечни стипендии од 3.000 денари за секој […]

Словенија сака самитите ЕУ-Западен Балкан да станат регуларни – еднаш годишно


Редовните самити би претставувале тип на притисок до земјите-кандидати, а и обврска на ЕУ да го оствари ветеното   Претседателството на Словенија со ЕУ ќе биде домаќин на самитот ЕУ-Западен Балкан на почетокот на октомври и неговата желба е овие самити да бидат редовен годишен настан како средство за забрзување на процесот на проширување на […]

Бесими не отстапува од проекциите за раст од 4,1 отсто и инфлација од 2,1 отсто, очекува подобрување кај капиталните расходи


Според статистичките податоци и проекциите, државата годинава излегува од криза и влегува во раст и заздравување. Министерството за финансии оценува дека се стабилни очекувањата за раст од 4,1 проценти и инфлација од 2,1 процент годинава. Министерството за финансии, како што информира на денешниот брифинг со новинари министерот Фатмир Бесими, има конзистентен пристап за остварување на […]

Таравари: Не би сакал да верувам дека пожарот во Русино е дело на некој партиски пироман


Политичките опоненти од ДУИ и Алијанса за албанците си ја префрлаат одговорноста за појавата на пожар на депонијата Русино. На новинарски прашања дека изминативе два дена има непријатна миризба и чад кој доаѓа од јужниот дел на општина. Двете страни изразија сомнеж дека причините се политички мотивирани. Градоначалникот Арбен Таравари запрашан за актуелната состојба во […]

Хуманитарниот спот „Чукни во дрво“ на „Алкалоид“ достигна над милион прегледи (видео)


Хуманитарниот спот „Чукни во дрво“ на „Алкалоид“ кој беше поставен на дигиталните канали на „Алкалоид“ АД (YouTube, Facebook и Instagram) достигна над милион, – поточно 1.136.751 прегледи. Почнувајќи од 10 јуни па се до 20 септември 2021 година, по повод својот 85 – годишен јубилеј, компанијата за секој преглед на видеоспотот (ќе) ѝ донира по […]

Максим Димитриевски: Моето исклучување од СДСМ е желба на поединци


Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, реагираше на најавата дека ќе биде исфрлен од сите тела и од партиското членство на првиот состанок на Централниот комитет на СДСМ. Според него исклучувањето од партијата ќе биде желба на поединци и не е волја на членството.   -Како може партиското раководство на СДСМ однапред да ги знае […]

Бочварски не очекува проблеми за транспортерите по симнување на државата од листата безбедни земји за патување


Транспортерите не се очекува да имаат проблеми во транспортот на стоки наредниот период, рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Одговорајќи на новинарско прашање за проблемите на транспортерите откако државава е симната од листата на безбедни земји за патување, Бочварски истакна дека досега успешно функционирале „зелените“ рути. Според министерот, регионот одлично соработува, а […]

Во Србија 3.524 нови случаи на корона


Во последниве 24 часа во Србија починаа 15 лица од корона вирусот, со што вкупниот официјален број на жртвите изнесува 7.322. Има регистрирано 3.524 нови инфекции од 16.134 тестирања, што значи дека големината на примерокот е дури 21,8 отсто. Хоспитализирани се 1.347 лица, од кои 79 се на респиратори.

Азаренка: Време е да се разговара за задолжителна вакцинација во тенисот


САД – Белорусинката Викторија Азаренка стана првата тенисерка која јавно побара задолжителна вакцинација против коронавирус во тенискиот свет. Азаренка по победата во 2. коло на УС Опен над Италијанката Јасмин Паолини со 2:0 во сетови, рече дека е среќна што повторно може да игра пред публика, но оти тоа го отвора и прашањето за вакцинација меѓу играчите. – […]

Интервју со министерката за култура Ирена Стефоска: Мораме да му го вратиме идентитетот на модерно Скопје


Во враќањето на идентитетот на модерно Скопје мора да одиме претпазливо, а не насилнички. Проектот „Ослободување на просторот“ од Венециското биенале 2018 година е добар концепт за ова, вели Стефоска во интервју за „Независен“. Таа е задоволна што се зголемени платите во културниот сектор изминатава година   Лејла Сабит  Како Министерство за култура, ние не […]

Џејн Кемпион по 10 години се врати на филмот во Венеција


Италија- Џејн Кампион нема снимено од 2009 година, но по неколку години работа на телевизија, повторно се привлече кон романсата на двочасовната приказна. Големото враќање на Кемпион во форма е делото „The Power of the Dog “, сеопфатна, но интимна семејна драма сместена во изолираните ридови во Монтана во 1925 година. Филмот, во кој глумат […]

Меѓународна конференција „Економско закрепнување и раст по ковид“ на 6 и 7 септември во Скопје


Прва годишна меѓународна конференција „Економско закрепнување и раст по ковид“, во организација на Министерството за финансии ќе се одржи на 6 и 7 септември во Скопје. Конференцијата, како што информира на денешниот брифинг министерот за финансии Фатмир Бесими, е замислена како платформа за развој и дебата за економски политики, со акцент на транспарентноста и инклузивноста, […]

Во Турција најголем број починати во еден ден од почетокот на пандемијата


Рекорден број жртви од корона вирусот – 290, се регистрирани во Турција во последните 24 часа, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа. Ова е највисоката стапка на смртност од почетокот на пандемијата. Вкупно 23.496 нови случаи на инфекција беа идентификувани на 1 септември во 302.869 тестови, рече министерот. Излечени се 15.164 пациенти. Коџа на […]

ЈСП е целосно на располагање на граѓаните, но не ги задоволува потребите


Со почетокот на учебната година, автобусите на јавниот градски транспорт во Скопје се преполни, почна метежот, а граѓаните се гневни на одговорните што не овозможиле подобри услови.  По забелешката дека приградсите линиии се редуцирани, иако учебната година почна, а средношколците најмногу го користат овој вид транспорт, од Градот и од ЈСП најавија дека од понеделник […]

 Четири членови од исто семејство починаа од ковид 


Четири членови од исто семејство во Tетово починале од Ковид 19 откако сите се заразиле на свадба. Тие починале во период од една недела. Сега е пандемија. Насекаде треба да има аларм за негрупирање и дистанца. Кај нас тие мерки не се почитуваат и за жал имаме многу голем број починати. Повеќето се со слаб […]

Рама во новиот владин кабинет има дури 12 министерки


Лидерот на албанските социјалисти и актуелен премиер, Еди Рама, на денешната седница на Националното собрание на партијата го соопшти составот на новиот владин кабинет. Нема некои поголемии изненадувања околу имињата на членовите на владата „Рама 3“, но она што посебно паѓа в очи е застапеноста на министерки. Од 16 министерски места во дури 12 ќе […]

Од 21 септември директна авиолинија Скопје – Санкт Петербург


Руската авиокомпанија Нордвинд Ерлајнс од 21 септември стартува нова авиолинија Санкт Петрбург – Скопје. Компанијата соопшти дека летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник. Од 29 септември, Нордвинд Ерлајнс планира да ја зголеми и фреквенцијата на летови од Москва до Скопје. Директни летови Москва – Скопје ќе има трипати неделно – секој понеделник, среда […]