Пожарот околу Пехчево се доближува до Бугарија
Пожарот од Пехчево се наближува до Бугарија, јавува бугарската агенција БГНЕС. Пишуваат дека огнот е на два километри од границата, а чадот се чувствувал до градовите Благоевград, Симитли, па дури и до Сандански. Од општината Симитли, излегле со соопштение до жителите на високопланинските села да бидат внимателни и да се обидат да се симнат во градот. […]