МБА: Надминат е проблемот со истечените лични карти во банките и штедилниците


Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека согласно со мислењето добиено од Управата за финансиско разузнавање, а со заложби за изнаоѓање решение и од страна на Народната банка, надминат е проблемот во врска со непреченото користење на услугите и производите на банките и штедилниците од страна на граѓаните на коишто им е истечена важноста на […]

ЕК ги одобри нашите дигитални сертификати за Ковид-19


Министерството за здравство информира дека денеска Европската комисија го усвои националниот Дигитален сертификат на Република Северна Македонија и истиот го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ. Ние сме прва земја во регионот за која сертификатите за Ковид-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ. Со ова се избегнуваат сите ограничувања […]

Заради безбедност, возачите вратата да ја отвораат со десната рака, совозачите со левата


Отворањето на возачката врата од автомобилот со десната рака треба да стане навика на секој возач. Според стручните лица и познавачите, причината е повеќе од сериозна. Имeно, кога излегуваат од возилото, повеќето возачи ја отвораат вратата со лева рака. Но, кога ја отвораме со десната рака, на овој начин ја вртиме главата нaстрана и има […]

Маричиќ: Жртвите од кривични дела ќе добиваат државна парична помош


Министерот за правда Бојан Маричиќ, во својот говор на Конференцијата „Патот на жртвите од насилни кривични дела во правдата“, кажа дека со нов закон кој Владата го усвои пред неколку недели, жртвите на кривични дека во иднина ќе добиваат многу поголема правна заштита. -Пристапот до правда, односно информираноста и можноста за правно разрешување на насилните […]

И организаторите на настани бараат прецизирање на мерките


Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) остро реагира на недореченостите во новите мерки против КОВИД и бара нивно допрецизирање. Воедно забележува дека се донесени без никакви консултации со секторот. Според ИВАП, Владата треба да има предвид дека активностите во дејноста организирање настани се планираат со недели однапред и не е едноставно да се менуваат правилата од […]

Наместо забрана, движење во шуми само со однапред добиена дозвола


Поради намалениот број на пожари и врнежите од пред неколку дена кои ја подобрија состојбата, од денеска ЈП „Македонски шуми“ ја ублажува мерката за забрана за движење во шуми – само со однапред добиена дозвола, изјави на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Правните и физички лица кои имаат потреба […]

Сопствениците почнаа да се извинуваат, по обврската да се побара сертификат за вакцинација во ресторан


Откако почна да се применува мерката донесена од Владата за спречување на ширењето на Ковид-19, односно на влезот во ресторани, кафулиња и други затворени објекти задолжително да се покаже ковид-сертификат за примена вакцина, сопствениците на локалите, на Фејсбук со име и презиме почнаа да им се извинуваат на гостите. Прочитајте само два Фејсбук-поста, од многуте […]

Хороскоп: Овие четири знаци не простуваат предавство и доживотно го паметат


Астролошките истражувања дошле до заклучок дека одредени знаци на зодијакот не простуваат кога ќе ги повредите. За нив важи правилото „простувам, но не заборавам“, затоа припаѓаат на многу тврдоглави и конзистентни знаци. Астролозите веруваат дека овие четири знаци имаат специфична природа, особено затоа што се груби кон луѓето околу нив и затоа што го осудуваат […]

ЕУ: Речиси 18 милиони лица во Авганистан имаат потреба од хуманитарна помош


Белгија– Речиси половина од населението на Авганистан, 18 милиони, има итна потреба од хуманитарна помош. Околу четири милиони станаа внатрешни бегалци, истакна Томас Тобе, претседател на Комисијата за развој при Европарламентот. Тој ја даде изјавата за време на итната заедничка расправа со Комисијата за надворешни работи. – Како резултат на сушата, пандемијата на Ковид-19 и […]

„Напредни лозари” ги замрзнува активностите, порачува грозјето годинава да не се дава под 20 денари


Здружението „Напредни лозари” соопшти дека ги замрзнува своите активности. Неговата последна препорака, упатена до производителите, е дека годинава, посебно поради сушата, ниту еден грозд смедеревка не смее да биде откупен под 20 денари, вранец под 25 денари, а асталско и високосортно грозје под 30 денари. -Дојдовме до заклучок дека ова здружение такво какво што е конципирано […]

Вујовиќ: За првпат Ф4 во СЕХА ќе мине без Вардар или Загреб


Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Веселин Вујовиќ, очекува неговиот тим да го помине Загреб во четвртфиналето на СЕХА лигата. – Натпреварите од Суперкупот и турнирот во Струга што ги игравме мината недела, исто како и претстојните четвртфинални средби со Загреб од СЕХА лигата, доаѓаат малку рано според тоа како јас ја темпирам формата затоа […]

По Џалалабад и во Асадабад неколкумина убиени откако талибанци отвориле оган кон демонстранти со авганистанско знаме


Неколку лица се убиени денеска во авганистанскиот град Асадабад откако талибанци отвориле оган кон луѓе кои го вееле националното знаме по повод Денот на независноста, јавуваат западни медиуми, повикувајќи се на очевидци. Локални медиуми вчера известија за сличен случај во Џалалабад кога талибанците отвориле оган кон лица со авганистанско знаме, при што три лица загинале, […]

МЗ ги објави препораките на Националниот комитет за имунизација


Стручните препораки во однос на имунизација против Ковид-19 се дефинираат водејќи се од потврдени и прифатени податоци и докази кои потекнуваат од здравствените организации одговорни за следење на инфективните болести како Европскиот и Американскиот Центар за инфективни заболувања (CDC и ECDC), од регураторните медициски агенции ЕМА и ФДА и од СЗО, соопшти Министерството за здравство. […]

Заев: Ако не се донесе законот, постои можност за гласање и со истечена лична карта


Законот за личните карти е блокиран со амандмани од Левица иако политичката партија БЕСА беше доволно флексибилна да поднесе амандман за почеток на дејстиве од 2023 година за етничката определба на граѓаните во личните карти, очекувајќи Европа да се изјасни по ова прашање. За мене е ова флексибилност на сериозна партија, изјави премиерот Зоран Заев […]

Александра Андреева: Новите мерки за заштита од вирусот се неспроведливи


Сојузот на стопански комори на Македонија препознавајќи ја сериозноста на епидемиолошката состојба во земјава предупредува дека со новите мерки за заштита од ширење на вирусот кои вчера стапија на сила се предизвикува дополнителни проблеми поради нивната селективност и неспроведливост во пракса, истакнува Александра Андреева, член на Управен одбор на Сојузот на стопански комори на Македонија. […]

Музичкиот каталог на Мадона повторно под капата на Warner Music Group


САД– Поп-ѕвездата Мадона (63) објави ново партнерство Warner Music Group, која ќе го реиздава целиот нејзин каталог во следните неколку години. Кампањата започнува во 2022 година, што ја одбележува 40 -годишнината од нејзината кариера, која започна со синглот на Мадона од 1982 година „ Everybody”. Мадона „лично ќе биде куратор на луксузни изданија за многу […]

Околу 220 ученици ќе можат да спортуваат во новата сала во Јегуновце


Во Општина јегуновсце, денеска беше промовирана новата спортска сала во рамки на ОУ „Александар Здравковски“ каде околу 220 ученици ќе имаат можност да играат одбојка, ракомет, кошарка, мал фудбал и друго. – Добрата образовна инфраструктура го зголемува задоволството кај учениците од посетата и престојот во училиштето и го стимулира совладувањето на знаењата, а воедно значи […]

Во Хрватска нови 486 случаи со корона вирус, починаа тројца


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 486 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни се искачи на 2.355. Од нив 244 пациенти се лекуваат во болница, од кои 25 на респиратор. Починаа три пациенти. Од февруари 2020 година до денеска во Хрватска се забележани 368.419 лица заболени од кроона […]

Утре попладне и во сабота пороен дожд, грмежи и ветер


Синоптичарите за утре попладне, особено во јужните делови,  најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, ветер над 60 км/час и услови за појава на град. Ваквото време, според прогнозата на УХРМ, ќе се задржи и во сабота по […]

Сите наши граѓани планирани за евакуација се извлечени од Авганистан


Сите пријавени граѓани се евакуирани од Авганистан и во моментот немаме информации за наши државјани кои се во загрозувачка ситуација или на кого му е потребна асистенција за евакуација, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Според последните информации од повеќе извори, потенцира тој, сите граѓани кои биле пријавени за евакуација и евидентирани како наши граѓани, веќе […]