Во Хрватска нови 486 случаи со корона вирус, починаа тројца


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 486 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни се искачи на 2.355.

Од нив 244 пациенти се лекуваат во болница, од кои 25 на респиратор. Починаа три пациенти.

Од февруари 2020 година до денеска во Хрватска се забележани 368.419 лица заболени од кроона вирус, од кои 8.294 починаа.

До денеска вкупно се тестирани 2.437.230 лица, од кои 9.962 во последните 24 часа.

До вчера вакцинирани се 41,60 отсто од вкупното население, односно 49,99 од возрасното население. Со една доза вакцинирани се 1.688.016 луѓе, а за 1.564.842 се смета дека вакцинацијата е завршена.