Г20 ја одобри глобалната даночна реформа


Групата 20 богати земји денеска соопшти дека економските перспективи се подобриле од нивниот последен состанок во април, но исто така предупредија дека новите мутации на коронавирусот можат да го загрозат закрепнувањето. – Повторно ја потврдуваме нашата решеност да ги користиме сите расположливи алатки на политиката онолку колку што е потребно за решавање на негативните последици од Ковид-19, […]

МЗ: Вчера се аплицирани 9.213 вакцини


 На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 417 141 граѓанин. Прва доза вакцина вчера примиле 7 751 граѓанин, а вчера вкупно се вакцинирале 9 213 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 662 372 дози вакцини, а ревакцинирани се 245.231 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Со последните бројки барем една доза вакцина […]

Во САД евакуација поради пожари во Калифорнија и Невада


Пожарите кои беснеат во северна Калифорнија ги натераа властите во Невада да ги евакуираат луѓето што живеат во пограничната област, од каде се гледаат пламени на врвовите на блиските планини. Огнениот бран, кој беше создаден со спојување на два пожара од различни насоки, сега е насочен кон областа северо-источно од шумскиот регион на Сиера Невада и не […]

На Табановце за излез од државата се чека 15 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце времето на задржување за излез од државата  е околу 15 минути, на  граничниот премин Богородица без задржувања од македонска страна. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот […]

Во зградата што падна во Мајами загинаа 86 луѓе


Бројот на потврдени жртви кои настрадаа во уривањето на станбената зграда во Мајами достигна 86, рече градоначалничката на округот Мајами-Дејд, Даниела Левин Кава. Спасувачите ги извлекоа преживеаните во првите неколку часа по урвањето на висококатницата која падна на 24 јуни, пренесе Ројтерс. Истражителите сè уште не утврдија поради што падна зградата стара 40 години.

Меси губи по 100 илјади евра секој ден, бидејќи е со статус на слободен агент


Напаѓачот Лионел Меси трпи сериозни финансиски загуби откако стана слободен агент. „Л’екип“ проценува дека Аргентинецот изгубил 100.000 евра на ден откако стана слободен агент. Неговиот договор со Барселона истече на 30 јуни. Според претходниот договор, Меси добиваше околу 139 милиони евра годишно пред оданочување односно околу 75 милиони евра годишно. Забележано е дека никој од […]

Апелација пак го одби Камчев – нудел речиси 5 милиони евра и недвижности


Иако понудил 4,4 милиони евра во недвижности и 400 илјади евра во кеш, Орце Камчев обвинет во случајот „Плацевите на Водно“ ќе остане во притвор во Шутка. Пред два дена Апелациониот суд повторно ја одбил жалбата на Камчев иако Вишото обвинителство прифатило замена на затворски со домашен притвор за обвинетиот бизнисмен, пренесува Телма. Советот во Апелација […]

Шумски пожари зафатија рекордни површини во Русија, огнот изгоре куќи, евакуирани илјадници


  Во руската Чељабинска област горат шумски пожари, а огнот во моментот има зафатено површина од 14.000 хектари. Едно лице го изгуби животот. Како што соопшти заменик-министерот за вонредни состојби на Русија, Иља Денисов, пожарникарите и припадници на други служби успеале да спасат повеќе од 1.800 куќи од огнената стихија во оваа област. Ден порано […]

Новиот вирус ги полни болниците во Шпанија со млади луѓе


Делта варијантата се шири меѓу младите, но за среќа симптомите се поблаги од многу заразната Алфа. Шпанија целосно ги олабави мерките за да ги привлече туристите   БАРСЕЛОНА – Хулио Миранда никогаш не ја чувствуваше премногу блиску заканата од корона вирусот. Со закажувањето за неговата прва доза на вакцината против Ковид-19 за средината на јули, […]

Барти славеше во Вимблдон- го освои вториот Грен слем во кариерата


Англија– Првиот светски рекет Ешли Барти попладнево во финалето на „Вимблдон“ ја победи Каролина Плишкова од Чешка со 6:3, 6:7, 6:3. За 25-годишната Австралијка ова е втора Грен слем и 12-та титула. Таа првиот Грен слем трофеј го освои на Ролан Гарос во 2019. – Ми се исполни сонот да го освојам Вимблдон. Се чувствувам неверојатно. […]

Тамара како фам фатал во новиот спот „Порок“ (видео)


Tамара Тодевска на Јутјуб каналот на „Урбан Рекордс“ ја промовираше новата песна и видео записот за „Порок“. Музиката е на Лазар Цветковски и Тамара, со текст на Тајзи, аранжман Лазар Цветковски и Тамара, микс и мастеринг Лазар Цветковски. Спотот го изработиле Били Д и Гордан Божиновски, како модел се појавува Имам Тотиќ, снимен е во […]

За прв пат во историјата на Вимблдон, жена ќе го суди машкото финалето


Англија – Последниот натпревар на Грен слемот во Лондон во сингл за мажи, ќе го суди жена за прв пат во историјата, објави на Твитер новинарот Михал Самулски. Финалниот меч на Вимблдон 2021 е доделен на судијката Марија Чичак од Хрватска. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Италијанецот Матео Беретини ќе се сретнат во мечот за престижниот […]

Судир на четири возила во близина на Охрид, еден загина, тројца се повредени


Сообраќајна незгода поладнево се случи на магистралниот аптен правец од Охрид кон Кичево, во близина на црквата „Свети Еразмо“. Во незгодата едно лице го загубил животот, а три се повредени од кои 2 имаат телесно повреди, тие се префрлени во болницата „Свети Еразмо“. Во незгодата учествувале четири моторни возила, од кои три патнички и едно […]

Кери, Миранда и Шарлот се вратија средовечни во Њујорк: Има ли уште секс во градот?


САД– Екипата на „Сексот и градот“ во Њујорк ги снима 10-те епизоди од новата серија насловена „И просто, така оди тоа“ (And Just Like That). Стримиг платформата „Ејч-Би-О“ објави фотографии од сетот, на која се Сара Џесика Паркер, која ја игра Кери Бредшо, како и Синтија Никсон (Миранда Хобс) и Кристин Дејвис (Шарлот Јорк). Ким […]

Борел: Излегуваме од тунелот, но пандемијата сè уште беснее


Хрватска– На повидок е излез од тунелот на пандемијата на Ковид-19, но мора да останеме будни поради новите варијанти што се појавуваат, изјави денеска во Дубровник министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел и повика на соработка со Русија и Кина, кои, како што рече, користат „вакцинална дипломатија“. – Излегуваме од тунелот, но пандемијата е сè уште беснее, […]

„Подиумот на млади“ го навестува почетокот на 61.Охридско лето


Во рамките на „Охридско лето“, денеска и утре ќе се одржува „Подиумот на млади“ како предвесник на 61. фестивалско издание. Во црквата „Света Софија“ вечерва во 20  часот ќе настапат младиот пијанист Александар Хаџиевски од Србија, како и обоистот Андреј Петрески од Република Северна Македонија. Хаџиевски е еден од попознатите млади пијанисти од Белград што […]

Претставата „Светулки“, прва премиера во прилепскиот театар


Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ вечер од 20 часот на матична сцена ќе ја изведе првата премиера од годинашнава програма. Станува збор за претставата „Светулки“ од хрватската авторка Тена Штивичиќ, која е и праизведба на текстот, во режија на Драгана Милошески Попова. Претставата е за обичните луѓе кои се заглавени во еден аеродром, на половина […]

Подобрени условите во автокампот „Ливадиште“


Автокампот Ливадиште е една стратешка локација не само за Струга, туку и за регионот и потенцијал за развивање на туристичката понуда на нашата држава, посебно на Струшко-охридскиот регион. Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на автокампот заедно со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски и […]

Циркус во битолскиот Совет, советник глумеше комичар


Независниот советник Иван Чулаковски како стенд ап комичар ги забавуваше советниците, а потоа се премина на стандрдните препукувања на чистиот воздух   Анета Блажевска БИТОЛА – „Од октомври камионот за ѓубрето нема да течи, ви се колнам, ќе го затнам“, со ваква реторика што наликуваше на стендап комедија независниот советник Иван Чулакоски се обиде да […]

Нови 13 случаи на Ковид-19, седум во Тетово и шест во Скопје


 Нови 13 случаи на Ковид-19 од направени 3.404 тестирања се регистрирани во земјава изминатото деноноќие. Седум од новите случаи се од Тетово, а шест во Скопје.   Министерството за здравство попладнево информираше дека нема починати пациенти, а оздравен е еден пациент од Прилеп.   Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата […]