На пазарот на недвижности 7.777 трансакции и 1.759 хипотеки во првиот квартал


Во првиот квартал годинава во базата на Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 7.777 трансакции, од кои 5.327 се продажби на недвижности и 2.450 закупи на недвижен имот. Во однос на претходниот квартал (октомври-декември 2020), регистрирани се 366 повеќе трансакции. Споредбено по месеци од првиот квартал годинава може да се забележи дека најголем број […]

Предвремени парламентарни избори во Бугарија


Во Бугарија денеска се одржуваат 12-ти парламентарни избори по соборувањето на комунистичкиот диктатор Тодор Живков есента 1989 година. Ова се трети предвремени парламентарни избори од 2013 година. Како што јави дописникот на МИА од Софија, денешните избори ќе бидат први во поновата политичка историја на Бугарија, на кои ќе се гласа преку машини – според измените во […]

Леа Сејду позитивна на Ковид- 19, ќе оди ли во Кан?


Франција-  Леа Сејду, една од најпознатите француски актери, може да го пропушти Канскиот филмски фестивал откако беше позитивна на Ковид-19. Сејду е целосно вакцинирана, но се покажа позитивна додека работеше на филм, потврди вчера нејзината публицистка Кристин Трипикио . Таа е асимптоматска и изолирана дома во Париз, надевајќи се дека негативните тестови последователни денови можат […]

Вакцинација против Ковид-19 од утре без закажан термин


Процесот на вакцинација против коронавирусот во државава се одвива непречено. Освен во јавните здравствени установи и вакциналните пунктови вакцинацијата против Ковид-19 се реализира и во групните домови и во социјалните установи за долгорочно сместување. Од утре таа ќе се одвива и без закажан термин, а дозволена е и вакцинација на деца од 12 до 16 […]

Претпладне сончево, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР и додаваат дека околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. – Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. […]

Во Долината на смртта измерени 54,4 степени Целзиусови


  На западот на САД жештините се ектремни, а следните денови во Калифорнија и во Невада се очекуваат рекордни температури, објави Би-би-си. Тоа се случува по неколку недели откако жежок бран го погоди северот на земјата, кој го дожиева најжешниот јуни во историјата. Во Долината на смртта во Калифорнија во петокот измерена е температура од […]

„Ековита” стравува околу најавената фабрика за обработка на отпад, Заев тврди дека е еколошка инвестиција и ќе нема увоз на отпад


 Здружението на граѓани „Ековита” од Неготино  стравува околу најавената фабрика за обработка на отпад, што треба да се гради во близина на оваа општина, а премиерот Зоран Заев тврди дека се слуша гласот на народот, станува збор за еколошка инвестиција, како и дека ќе нема увоз на отпад. Заев кој вечерва се обрати на јавната […]

Невреме проследено со пороен дожд и силен ветер во Кичевско


 Кичево и околината во доцните попладневни часови ги зафати силно невреме проследено со пороен дожд , ветер и силни електрични празнења. За час по улиците се создадоа вистински реки а сообраќајот се одвиваше отежнато поради повисокиот воден талог на улиците, поготово во делови каде што се затнати сливниците или воопшто нема атмосферска канализација. Сопствениците на […]

Кој навистина го уби претседателот на Хаити? Дали колумбиските командоси?


Според некои извештаи колумбиските командоси биле ангажирани да го штитат претседателот Моис, а не да го убијат. И дека убијците треба да се бараат меѓу неговите официјални чувари   Многу прашања се појавуваат во врска со официјалниот наратив на Хаити за атентатот врз претседателот Жовенел Моис, кој беше убиен во неговата вила во Порт-о-Принс минатата […]

Невреме со силен ветер и дожд направи штети во Ранковце


 Реонот на Oпштина Ранковце попладнево го зафати невреме од дожд и силен ветер што предизвика штета и прекини во напојувањето со електрична енергија.   Градоначалникот на Општина Ранковце, Ивица Тошевски, информира дека најпогодени од невремето се селата Гиновци, Петралица и делови од Одрено.   – Силниот ветер и пороен дожд што го зафатија реонот на […]

Полската влада удри врз телевизија во американска сопственост


Според предлог-законот што е во парламентот треба да се огранички или оневозможи влијанието на ТВН, сопственост на Дискавери, која е често критична спрема владата   ВАРШАВА – Националистичката владејачка коалиција во Полска турка нацрт-закон за медиуми низ парламентот, за кој критичарите предупредуваат дека е обид за поништување на лиценцата за емитување на телевизиска станица во […]

Најголем број починати во Русија од почетокот на пандемијата -752


Ширењето на пандемијата во Русија е незапирливо – во последните 24 часа починаа 752 лица, најголем дневен биланс од избувнувањето на корона кризата, објави ТАСС. Денеска се регистрирани 25.082 случаи. Причината за ваквиот број на зголмени случи и голем број починати е Делта варијантата. Според официјалните податоци, вкупниот број на случаи заклучно со 10 јули […]

Локвенец: Создадени предуслови во 2026 година да се заврши проектот за пругата кон Бугарија


Хари Локвенец, директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, вели дека се создадени сите предуслови 2026 година да биде конечна рамка за завршување на проектот за изградба на пругата кон Бугарија Ги  имаме, како што рече во гостување на ТВ Сител, сите предуслови, тргнувајќи од  документацијата, обезбедувањето на средствата и последно, но според него најважно, […]

Лајчак: Западен Балкан и ЕУ се едно семејство


Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека Западен Балкан и ЕУ се едно семејство кое се соочува со истите предизвици. Затоа, како што истакна на форумот во Дубровник, важно е тие да ги делат истите норми и вредности. – Западен Балкан и ЕУ се едно семејство. Ние сме длабоко поврзани и оваа интеграција ќе се зголеми уште повеќе. Со оглед […]

Заев побара поддршка од неготинци за изградба на фабрика за обработка на отпад


Премиерот Зоран  Заев вечерва на јавна дебата во Неготино ја побара поддршката од жителите на оваа општина за реализација на инвестицијата за отворање фабрика за обработка на отпад, што треба да биде лоцирана на пет километри од село Дуброво. Заев истакна дека проектот ќе има големо влијание во намалувањето на емисијата на штетните гасови во […]

Гори грчко летувалиште – наредена евакуација


  Во шумската област на Киристос на островот Евија во Грција изби пожар, но надлежните уште не знаат што точно ја предизвикало огнената стихија. Жителите на блиското село Ниборио почнаа да ги напуштаат своите домови пред на лице место да стигнат првите пожарникари и официјално да се издаде наредба за евакуација, јави агенцијата АНА. Според […]

Концерти на Владо Јаневски и на дуото Александар и Дац на „Преспаленд 2021“


Со одбележување на првиот час по македонски јазик, во старото училиште „Димитар Влахов“, во селото Љубојно, денеска почна првиот мултимедијален фестивал на традицијата и историјата во Преспа „Преспаленд 2021“. Посетителите, како што информира организаторот, имаат можност да ги вкусат традиционалните, преспански рецепти на локацијата на старото училиште во Љубојно, а настап ќе имаат музичката група […]

Доделени договори од ТАВ програмата – со 17,5 милиони евра ќе се реализираат 36 проекти во 34 општини


Во Скопје денеска на 34 општини им беа доделени договорите за реализација на вкупно 36 инфраструктурни проекти во вредност 1 милијарда и 706 илјади денари или 17,5 милиони евра. Средства се обезбедени од ТАВ, концесионерот на аеродромите во државава, откако ги пренамени од првично планираната намена за изградба на карго аеродром во Штип. Изградба на […]

(Видео) Силно невреме во Полска – 100.000 луѓе се без струја, а откорнати се покриви на 200 куќи


Во последните неколку дена, Полска беше погодена од невреме што предизвика поплави и голема материјална штета. https://youtu.be/5LXHoYdKgLI „Противпожарните служби излегоа на терен повеќе од пет илјади пати низ целата земја во петокот вечерта и рано во саботата“, изјави портпаролот на противпожарната служба. Искршени се покривите на околу 200 куќи, претежно во покраината Лоѓ, која беше […]

Струмичките пожарникари два дена го снабдуваат со техничка вода селото Мемешли


Втор ден по ред струмичките пожарникари со цистерна ги снабдуваат со техничка вода жителите на селото Мемешли откако им пресушили тамошните бунари. -По барање на жителите до Општината веќе два дена им носиме вода до бунарите, кои заради сушата и топлото време пресушија. Водата не е за пиење, туку за лични потреби и за напојување […]