МЗ: Теренската вакцинација почнува утре во над сто населени места во општините во цела држава


Теренската вакцинација почнува утре во населените места во општините: Делчево – Дулица Гостивар – Чегране, Форино, Врапчиште, Тумчевиште Ресен – Долно Дупени, Љубојно, Брајчино Штип – Три Чешми, Криви Дол, Врсаково, Сарчиево, Судиќ Прилеп – Ропотово, Пешталево, Секирци, Рилево, Браилово, Г.Радобол, М.Радобил, Тројаци, Топлица, Ракле, Никодин, Царевиќ Свети Николе – Лозово Кратово – Сакулица(Татомир,Вакав), Шопско […]

Маск купи билет за патување во вселената со леталото на ривалот Бренсон


Лидерот на Тесла, Илон Маск купил билет за патување во вселената во вселенското летало на неговиот ривал, британскиот милијардер Ричард Бренсон, тврди Сандеј Тајмс, пренесува ДПА. Додека Бренсон се подготвува за првиот лет на Вирџин Галактик од Ново Мексико во недела, „Сандеј тајмс“ пишува дека Маск, сопственик на ривалската истражувачка фирма Спејс Икс, обезбедил место […]

Пописот во септември ќе се спроведе според највисоките статистички стандарди, уверува Маричиќ


Пописот во септември ќе се спроведе според највисоките статистички стандарди, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во интервјуто за „Еуроњуз“ дадено за време на неговата посета на Тирана. Маричиќ посочува дека има силна политичка волја и расположение кај граѓаните наесен да се одржи пописот и уверува дека државата има модерен закон и методологија кои гарантираат […]

Грција има проблем со вакцинирањето – на младите им нудат по 150 евра


Улицата пред „Челзи“ е преполна. Теоретски, не може да стоите пред пабот откако постои короната, туку мора да седите на столици кои не треба да се близку една до друга. Но, се чини дека гостите, мнозинството помлади меѓу 20 и 30 години, заборавиле на пандемијата од корона вирус. Лето е, жешко е, време е за […]

Маричиќ: Северна Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за преговори со ЕУ


Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за „Еуроњус“ оценува дека Северна Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за почеток на преговорите за членство во Европската унија. Маричиќ во интервјуто, дадено за време на неговата дводневна посета на Тирана, истакнува дека двете земји работат заедно за да ја зајакнат соработката во подготвувањето на администрациите […]

Прв заеднички состанок на националните комисии за УНЕСКО со Албанија утре во Охрид


Националните комисии за УНЕСКО на Република Северна Македонија и на Република Албанија, утре во Охрид ќе ја одржат првата заедничка седница. Работната средба, како што е најавено, ќе ја координираат министерките за култура на двете земји,  Ирена Стефоска и Елва Маргарити, кои се и претседателки на националните комисии за УНЕСКО. Седницата, како што информираат од […]

(Во живо) Бренсон го претрка Безос: Денеска лета во вселената


  Компанијата „Вирџин галактик“ на милијардерот Ричард Бренсон ќе изврши пробен туристички лет во вселената денеска во 16.30 часот по македонско време.   Брансон ќе биде меѓу шесте патници во ракетата што ќе полета од наменскиот комерцијален космодром „Спејс Порт Америка“, во американската сојузна држава Њу Мексико. Носачот-авион ќе полета од пистата и ќе го […]

Два земјотреса во северен Јадран, почувствувани во Истра


Сеизмолошката служба на Хрватска јави за прилично јак земјотрес со магнитуда од 4,2 степени според Рихтер во подморјето на северен Јадран покрај италијанскиот брег, а се почуваствува и во Истра. Потресот се случил во 12.56 часот, во близина на Равена. Јачината е со 4,2 според Ритер, а интензитетот во епицентарот V-VI степени според ЕМС. Нешто […]

Брнабиќ: Одлука за третата доза вакцина против корона вирус до почетокот на август


 Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека одлуката, односно препораката, за „третата доза вакцина“ против коронавирусот ќе биде сооппштена до 1 август, јави дописникот на МИА од Белград. – Националното тело за имунизација спроведува студија, ги следи производителите на вакцини и нивните студии во врска со третата доза. До 23 јули, тие ќе го […]

Македонците со бугарски пасош повторно се појавија во изборните списоци во Бугарија


Жителите на Северна Македонија кои имаат и бугарско државјанство,повторно се на избирачките списоци за денешното парламентарно гласање, јави „Медијапул“. Според медиумот ова е најочигледно во Благоевград, каде за локалните избори во 2019 година имало 65.000 со право на глас, а на овие избори се регистрирани над 91.000. -Разликата од 26.000 гласачи укажува дека тековниот процес […]

Четиринаесет нови случаи со Ковид-19 и двајца оздравени, нема починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.876 тестирање, а регистрирани се 14 нови случаи со Ковид-19, од кои осум во Тетово, три во Гостивар, два во Скопје  и еден во Струга. Регистрирани сe двајца оздравени пациенти и тие се од Скопје. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти денеска […]

Борисов драматизира: Изборите се хаос, ЦИК спие


Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, ги нарече хаос изборите во Бугарија.  -И ова го доживеа да види Европа, избори како во Венецуела – тотален хаос во земјата и во странство, кражба на векот. Влегуваат специјалци, ги допираат машините, ни јавуваат од Бурса, од Едрене – хорор. Хаосот што го создадоа е видлив, а ЦИК (Централната […]

Почина Белгијка заразена со два соја од корона вирусот: Стравовите на научниците оправдани


  „Можно е да се заразите со двата соја на коронавирусот истовремено“, предупредуваат експертите откако потврдиле двојна инфекција кај 90-годишна жена која се разболела од алфа и бета варијантата, првпат идентификувани во Велика Британија и Јужноафриканската Република. Жена која починала во март 2021 година во Белгија не била вакцинирана, а нејзините доктори веруваат дека таа […]

До крајот на денот нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Од УХМР информираат дека локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. […]

Двајца мигранти повредени од воз во близина на железничката станица Криволак, еден потешко


Двајца мигранти, ноќеска, околу 00,45 минути по полноќ,  биле повредени од товарен воз на 300 метри пред железничката станица Криволак, од кои едниот потешко, потврди за МИА Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес. -Мигрантите со возило на Итна помош од Велес биле итно пренесени во Ургентниот цетар на велешката Општа Болница. Поради повредите на едниот […]

Радев: Во Скопје сами да ја отстранат блокадата


 Претседателот на Бугарија, Румен Радев ги коментираше односите и преговорите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, откако денеска гласаше на изборите во Софија. -Политиката на Бугарија кон Северна Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и тој […]

Анџелина Џоли сака да го продаде францускиот замок каде што се омажи за Бред Пит


Франција-Иако поминаа скоро пет години откако Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит, поранешниот пар сè уште се обидува да го продаде својот имот во Прованса, Франција, поради големиот број правни проблеми. Познат како Шато Миравал, имотот вклучува и замок и винарија – па дури беше и  местото на свадбата на Бранџелина, во […]

Колку навистина се големи технолошките гиганти (инфографика)


Не е тајна дека вредноста на технолошките гиганти на пазарот експлодира во последните неколку години, но секако е тешко да се разбере обемот и големината на овие промени. Преку продор на пазарот, паметна диверзификација на средствата и трансформација на производите во услуги, Apple, Microsoft, Amazon и Google ја надминаа пазарната капитализација од 1,5 билиони долари […]

Во Германија се случи првата „кибер катастрофа“ во светот


Локалните власти во германската област Анхалт-Битерфелд, една од 11-те во североисточната држава Саксонија-Анхалт, соопштија дека се наоѓаат во вонредна состојба откако хакери ги парализирале нивните компјутерски системи. Ова е прва „кибер-катастрофа“ во светот, потврди германскиот федерален надзорен орган за кибер безбедност. – Речиси целосно сме парализирани, изјави портпаролот на Анхалт-Битерфелд. Локалните власти се крајно загрижени дали ќе можат да […]

По 10 месеци забележан првиот смртен случај до корона вирус во Нов Јужен Велс


  Во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, по долго вре,е забележан е првиот смртен случај за кој е одговорен корона вирусот, јави Би-би-си. Властите соопштија дека почина жена во десеттата деценија, а се заразила на семејно дружење. Ни еден смртен случај не е поврзан со корона вирусот во последните 10 месеци. Во Нов Јужен […]