Два земјотреса во северен Јадран, почувствувани во Истра


Сеизмолошката служба на Хрватска јави за прилично јак земјотрес со магнитуда од 4,2 степени според Рихтер во подморјето на северен Јадран покрај италијанскиот брег, а се почуваствува и во Истра.

Потресот се случил во 12.56 часот, во близина на Равена.

Јачината е со 4,2 според Ритер, а интензитетот во епицентарот V-VI степени според ЕМС.

Нешто порано, почувствуван е земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтер, а епицентарот бил кај Ровињ.