Грција има проблем со вакцинирањето – на младите им нудат по 150 евра
Улицата пред „Челзи“ е преполна. Теоретски, не може да стоите пред пабот откако постои короната, туку мора да седите на столици кои не треба да се близку една до друга. Но, се чини дека гостите, мнозинството помлади меѓу 20 и 30 години, заборавиле на пандемијата од корона вирус.
Лето е, жешко е, време е за забава. И стравот од висруот спласна – како и волјата за вакцинирање. Место повеќе од 100.000 вакцинирани дневно, зачестеноста во Грција падна на 85.000. Поради тоа владата во Атина сега се обидува да ги поттикне граѓаните на вакцинација, а покрај другото им нуди и пари, пишува „Дојче веле“.
Од 15 јули сите вакцинирани лица помлади од 26 години ќе добијат по 150 евра. Бонусот се исплаќа како дигитален кредит по првата доза од вакцинирањето, а може да се користи за бродови, возови и авионски карти, сместување за одмор или за влез на концерти и музеи. Премиерот Киријакос Мицотакис свечено говореше за „пропусници на слободата“.
„Мислам дека идејата е одлична. Така можам да поминам викенд на остров“, вели Мариалена (20) која пие пиво во „Челзи“, а се уште не е вакцинирана. По обраќањето на премиерот – со кој, како што вели, државата дака да им заблагодари на младите за одговорното однесување – резервирала прв третмат на вакцинација.
„Дрскост“
На Пара, која седи на соседната маса, воопшто не ѝ се допаѓа изјавата на Мариалена: „Тоа е нечуено. Веќе се вакциниравме и мислиме дека тоа е исправно. Не треба награда за тоа“, вели Костас (24) кој се возел 140 километри од Атина до Нафлион, поради вакцинација од корона вирус. Неговиот пријател Крисанти додава дека луѓето кои одбиле вакцина нема да се премислат поради парите.
За Нена, која работи во соседниот бар „Рамон“, 150 евра се „чисто мито“. Оваа дваесет и петгодишна девојка е навистина бесна: „Владата треба парите да ги вложи во повеќе автобуси за да не мора да се возиме како стока и при тоа да се инфицираме“. Нена на пат до работа мора да преседне два пати, автобусите речиси секогаш се полни, а шатниците често не носат маски или ја носат погрешно.
Недостаток на волја за вакцинирање
Нена е бесна и на постарите граѓани кои не се вакцинираат: „Цела година се внимававме да ги заштитиме бабите и дедовците и родителите – а сега, кога постои заштита, многу од нив не учествуваат“.
Всушност, жителите на Грција меѓу 50 и 60 години, вакцинирани се околу 62 отсто, до 2 јули, иако многу резервираа термини пред повеќе од два месеца.
Вкупно до 5 јули 2021 година речиси 4 милиони грчки граѓани во потполност се вакцинирани, што е нешто повеќе од третина од населението. Тоа е далеку под очекувањата пред почетокот на вакцинацијата: изворно владата сакаше да бидат вакцинирани најмалку 50 отсто од жителите, пред почетокот на летната сезона.Но, прво немаше доволно вакцини – а сега недостига волја.
Погодности за „ковид фри“ проданици
Покрај паричниот подарок за младите, владата најави и погодности за сите потполно вакцинирани – и понатамошни ограничувања за оние невакцинираните.Од 15 јули 2021 година угостителите треба сами да одлучат дали ќе им допуштат влез само на вакцинирани во кафулиња, ресторани, барови, а потоа да ги наполнат о 85 отсто од капацитето. Или д апонудат мешани соби со 50 отсто исполнетост.
Постојат две опции, најави надлежното министерство кон крајот на јуни: „ковид фри“ објектите во кои влезот е дозволен само за вакцинирани или оние со прележана корона и мешани простории кои може да ги посетат и невакцинирани. Освен во гастрономијата, и клубовите може да одлучат како ќе постапуваат.
Лоша идеја
Лина Харитоу, сопственичка на „Рамон“ веќе одлучи: „Ќе се откажам од погодностите на „ковид фри“ бар. Нема да ги проверувам гостите дали се вакцинирани или не, или пак, дали нивната потврда е автентична“, вели таа.
Оваа 40-годишна жена веќе долго е вакцинирана и се обидува да ги увери своите вработени да го направат истото. Но мисли дека „ковид фри“ идејата е лоша.
„Уште повеќе дискриминација“, вели таа. „А колку што знам, во Грција не постои задолжителна вакцинација “ додава. Пред три недели министерот за стопанство Адонис Георгиадис рече дека работниците кои ќе одбијат вакцинација може да добијат отказ. Оваа изјава веднаш ја демантиа владината портпаролка. Но, расправата за задолжителна вакцинација и понатаму е актуелна.
Стадионите само за вакцинирани
Само потполно вакцинирани ќе имаат пристап до стадионите кои прв пат годинава се отворени за навивачи од 1 јули. СОпственикот на фудбалскиот клуб Олимпијакос, Вангелис Маринакис, прв објави таква мерка за својот стадион, а потоа и владата за другите стадиони.
Од 15 јули невакцинираните мора да покажат тест негативен на корона за влез во затворени, клубови, дискотеки, концертни сали и друго, но не и за кино на отворено, театри и друго.
Тестирањето не е доволно
И патниците на бродовите, кои не се вакцинирани, мора од 5 јули да покажат негативен тест направен од лекар. Едноставно – и често недоверливо – самотестирањето веќе не е доволно. Тоа има смисла ако се ака праворемено да се сопре ширењето на делта варијантата на грчките острови. Но, засега нема контрола на траектите.
Од ова лето многу се очекува, најмалку 50 отсто приходи од 2019 година. Тогаш, во таа многу успешна туристичка година, приходот изнесуваше 18 милијарди евра без кртарењата. Но, туристите не доаѓаат. Оние од Англија ги нема, Германците почнаа по малку, а Русите се неодлучни. Една од причините: вакцинираните ги имаат сите поволности во Грција – но руската вакцина „спутник V“ не е призната. Сонот за добра туристичка година може да остане само тоа – сон.