Слави Трифонов најавува влада, за премиер го предлага Николај Василев


Лидерот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов, најави формирање на влада. Иако резултатите не се јасни и со ГЕРБ си дишат во врат, тој денеска го прочита целиот состав на неговиот владин кабинет во кој нема улога за него лично.    „Слушнав и прочитав секакви работи за мене – предлози, лаги, секакви глупости. […]

ФЕИТ ќе соработува со Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО


Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО потпишаа меморандум за соработка  со кој се предвидува заеденички да соработуваат во развојно-истражувачки проекти и при изработка на магистерски трудови, заеднички да работат на апликативни проекти, да имаат консултативни активности, студентска пракса и разни предавања, како и да има […]

Христијан Мицкоски, партијата е во идеолошки лавиринт


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Кој е мотивот на ВМРО-ДПМНЕ да бара поблиски идеолошки контакти со Матео Салвини? Можеби тоа доаѓа по препораки од Будимпешта, сеедно дали од „кралот во егзил“ или од патронот Орбан   Матео Салвини, еве сме да ти се придружиме. ВМРО-ДПМНЕ чекор по чекор се престројува кон патеките на европската популистичка и крајна десница, […]

За шест месеци собрани речиси 80 илјади тони отпад во Скопје


Во периодот јануари-јуни 2021 година, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 79.499 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, што претставува зголемување од 4.921 тони, односно 6,6%, во однос на истиот период минатата година. Во текот на првите шест месеци од годината беа отстранети над […]

Почна теренската вакцинација – заинтересираноста е голема


Медицински тимови од ЗД Пробиштип, рано утрово започнаа вакцинација во село Турско Рудари. ЗД Валандово теренската вакцинација ја почна од село Чалакли. Заинтересираноста на жителите е голема, а процесот на вакцинација се одвива одлично. Апелирам до граѓаните во што поголем број да се вакцинираат, вакцините се безбедни и ефикасни и единствен начин да се победи […]

Амазон бил недостапен утрово низ целиот свет


Корисниците ширум светот утрово пријавија проблеми со пристапот до интернет продавниците на платформата Amazon.com, а компанијата објави дека во меѓувреме го решила проблемот. Според веб-страницата Даун Детектор, онлајн услугите на Амазон биле во прекин речиси два часа, а повеќе од 38.000 корисници објавија дека имаат проблеми со пристапот до онлајн продавниците на Амазон. Проблемот прво […]

Претседателот Пендаровски ќе го отвори 61-то издание на Охридско лето


 Претседателот на државата Стево Пендаровски, вечерва ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на 61-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид. Обраќањето на претседателот Пендаровски, најавија од неговиот кабинет, ќе се пренесува во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата и на YouTube каналот на […]

Приведени крадци, во „бе-ем-ве“ најдени три украдени електрични тротинети


Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишија од слобода Л.М.(23) и Е.М.(22), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава на А.И. од 10 јули, за одземен електричен тротинет. Како што информираат од МВР, кај осомничените во патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, биле […]

Во Црна Гора за пет години е украдена струја во вредност од 8,7 милиони евра


Вкупно 86 милиони киловат часови (kWh) неовластено користена електрична енергија во вредност од 8,7 милиони евра е евидентирана во Црна Гора од 2016 година, објави Црногорскиот систем за дистрибуција на електрична енергија (ЦЕДИС). Од вкупната сума, ЦЕДИС успеа да собере околу 70 проценти или шест милиони евра, пишува весникот Дан. – Од почетокот на тековната […]

Очај, тага и неверување по загубеното финале: Што пишуваат англиските медиуми


Сè им се нареди – шест од седумте натпревари, вклучувајќи го и големото финале, се играше на Вембли. Се најдоа во многу полесниот дел од нокаут фазата, во полуфиналето ги протуркаа судиите со измислен пенал за победа во продолжението против Данска, а уште порано УЕФА донесе одлука дека во финалето можат да бидат присутни дури […]

Бугарија: ГЕРБ е за влакно пред Има таков народ


Со 95,22 отсто од избројаните гласови партиите на Бојко Борисов и Слави Трифонов се изедначени, но сепак ГЕРБ води за влакно пред Има таков народ. Според објавените резултати од Централната изборна комисија ГЕРБ има 23,91 отсто од гласовите, а Има таков народ 23,66%. На трето место е БСП со 13,63, а по неа Демократска Бугарија […]

Топлотниот бран виновен за масовното угинување школки во Канада


Силниот топлотен бран, којшто минатата недела ја зафати Британска Колумбија, е тоа што го предизвикало масовното угинување на школки и други морски животни кои живеат на брегот на западна Канада. Кристофер Харли, професор на Одделот за зоологија при Универзитетот на Британска Колумбија, откри безброј угинати школки – отворени и скапани, на плажата Кикалано, што е […]

Анкета: Премиерот Пленковиќ со најниски оценки


На врвот на листата на најнегативно оценети хрватски политичари се наоѓа премиерот Андреј Пленковиќ, а претседателот на Парламентот Гордан Јандроковиќ е меѓу првите тројца, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од „Промоција плус“. Анкетата покажала пораст на популарноста на новиот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ и политичката платформа Можеме, пад на рејтингот на претседателот Зоран Милановиќ […]

Масовни протести на Куба, најголеми во последните неколку децении


Илјадници Кубанци вчера излегоа на улиците низ целата земја и извикувајќи „слобода“ побараа оставка од претседателот Мигел Дијаз-Канел. Според светските агенции, ова се „најголемите антивладини протести во комунистичката земја во последните неколку децении“. Протестите избувнаа во екот на најтешката економска криза од распадот на Советскиот Сојуз, поранешен сојузник на Куба, но и рекорден број заразени […]

Донарума прогласен за најдобар играч на ЕВРО 2020


Голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар играч на ЕВРО 2020. Наградата на 22-годишникот му ја врачи претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин. На последниот натпревар против Англија, Донарума ги одбрани двата последни удари во пенал-серијата и е најзаслужен за освоениот трофеј на неговата репрезентација. Донарума излезе како победник од сите пет […]

Кејн: Пораз кој ќе боли до крајот кариерата


 Англискиот напаѓач Хари Кејн проговори за своите чувства по синоќешниот поразот од Италија во финалето на ЕВРО 2020. – Имаме на што да се гордееме по сето она што го постигнавме. Сите сме победници. Сите сакавме да го добиеме финалето, па, најверојатно, сега нашите души ќе болат некое време. Одгласите на болката ќе се чувствуваат […]

Полицијата уапси можен организатор на атентатот врз претседателот на Хаити


Државната полиција на Хаити соопшти дека уапсила осомничен организатор на атентатот врз претседателот Жовенел Моиз. Уапсен е лекар од Хаити кој живее во американската држава Флорида, изјави на прес-конференција полицискиот командант Леон Чарлс. – Осомничените убијци го повикале по атентатот, рече Чарлс. Лекарот е третиот американски државјанин со хаитско потекло, и вкупно 21 лице, задржано […]

Бугарија/Избори: Високообразованите гласаат најмногу за ГЕРБ и за ДБ, младите за „Има таков народ“


Како се распределуваат партиските гласачи на изборите за парламент во Бугарија по пол, возраст, локација и образование, тоа е дел од анализа на Галуп објавена од Бугарската национална телевизија. ГЕРБ, „Демократска Бугарија“ и „Има таков народ“ (ИТН) практично спорат за поддршка на најобразованите луѓе во Бугарија. Луѓето со средно образование, кои се и најголемиот дел […]

Словенците на референдум одбија да се гради покрај море, реки и езера


Словенците со убедливо мнозинство ги отфрлија измените на Законот за води, покажуваат прелиминарните резултати по вчерашниот референдум, за што се смета дека ќе биде удар за десничарската Влада. Резултатите, по скоро сите преброени гласови, покажуваат дека 86,5 проценти од луѓето гласале против амандманите одобрени од Владата на премиерот Јанез Јанша во март, за кои екологистите велат дека […]

САД загрижени поради талибанците во Авганистан


САД со голема загриженост гледаат како талибанските бунтовници ја преземаат контролата врз се поголема територија во Авганистан, додека американските сили се повлекуваат и се враќаат дома по наредбите издадени од претседателот Џозеф Бајден, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби. – Време е авганистанските владини сили да вложат дополнителен напор и да ја одбранат својата земја. Ова е […]