Стопанска комора апелира да се почитува Законот за тутун за да нема проблеми со откупот


Стопанската комора препорачува производителите и откупувачите да го почитуваат Законот за тутун и тутунски производи за да се обезбеди оптимален квантитет и квалитет на тутунот и на тој начин да се спречат проблемите што настануваат при откупот, какви што имаше со минатогодишната реколта кога вишоците од 4.000 тони тутун беа откупени по просечна цена од […]

Бензините поскапуваат за 0,5 денари за литар


Бензините од полноќ поскапуваат за 0,5 денари, додека дизелот останува со иста цена, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Согласно одлуката на Регулаторната комисија, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто во однос на Одлуката од 05.07.2021 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР […]

Земјоделците со предупредувачки протест во Прилеп


Земјоделците од повеќе реони и од речиси сите гранки денеска се собраа на предупредувачки протест во центарот на Прилеп. Прво маршираа низ булеварот „Гоце Делчев“, а потоа се обратија пред зградата на локалната самоуправа. Главно, бараат исплата на сите заостанати субвенции, мерки, ковид пакетите за тутунарите и за лозарите, повлекување на законите за зелена такса […]

Меси: Трофејот им го посветувам на 45 милиони Аргентинци и на Марадона


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ги сподели своите емоции по освојувањето на Купот на Америка. – Победата сакам да ја посветам на моето семејство, кое секогаш ми дава сила да продолжам, моите пријатели кои многу ги сакам, сите што не поддржуваат, 45-те милиони Аргентинци кои имаа тешки моменти поради проклетиот коронавирус, особено оние кои директно ги […]

Нема легализација на дивоградби во заштитените зони, законот наскоро во Влада, вели Бочварски


Законот за бесправно изградени објекти е во нацрт верзија, веќе се комплетира и деновиве ќе биде доставен до Владата на усвојување. Во оваа правна рамка нема да биде ставен објект кој што е во заштитено подрачје, а аспектот на проширување ќе е за граѓаните со ниски примања, за да не плаќаат давачки кон општините, информираше […]

Сојузот на стопански комори потпиша меморандум со Стопанска комора на Приморска Словенија


Сојузот на стопански комори на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Стопанска комора на Приморска Словенија со цел унапредување на економската соработка меѓу двете држави со акцент на секторите земјоделство, туризам, логистка и медицина. – Во изминатите години успешни мултинационални компании основани во Копер, а со своја дејност регистрирани и во Македонија активно работат во […]

Главната расправа за „Титаник“ одложена за 24 август, утре завршни зборови за „Тендери“


 Главната расправа за случајот  „Титаник“ која беше закажана за утре се одлага за 24 август, а утре ќе се одржи расправа со завршни зборои за предметот „Тендери“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. – Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со […]

За бугарските социјалисти останаа да гласаат само старите луѓе


Корнелија Нинова нема намера да поднесе оставка на лидерското место во Бугарската социјалистичка партија (БСП), иако на двата последователни избори поддршката за партијaта се намалува драматично. На изборите во 2017 година БСП освои 27,19 отсто од гласовите, а сега по изборите во неделата тој резултат е преполовен – на 13,6 проценти. Шефот изборниот штаб на […]

Од петок вакцинирање деца со „Фајзер“, втора доза „Астра Зенека“ отсега шест недели по првата


Од петок ќе почне вакцинација на деца над 12 години со „Фајзер“, чии родители/старатели од денеска до четврток ќе се пријават на веб-страницата vakcinacija.mk. Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека откако ќе се види заинтересираноста со регистрирањето на сајтот, ќе се закажуваат термини за вакцина по распоред, бидејќи една вијала содржи шест дози. – […]

Србија: Над 72 отсто од работниците во туристичките агенции останале без работа


Од почетокот на пандемијата до денес, повеќе од 500 туристички агенции во Србија се затворени, додека повеќе од 350 агенции се сместени во т.н. режим на мирување Процентот на отпуштени работници во туристичките агенции веќе надмина 72 проценти, наведе иницијативата ТАС. Како што наведуваат, најголемиот број од вкупно 850 уништени туристички агенции се посредници во […]

Филипче: Тетовските пациенти се заразени со бразилски сој, нема нови заразени со делта сојот


Освен тие десетина досега регистрирани случаи на заболени со делта сојот, нема нови, потврдува министерот за здравство Венко Филипче. – Тие тетовски случаи за кои се чекаше резултатот, излегоа дека се заразени од бразилски сој. Тоа значи дека сите муации на вирусот ги има, но тоа не е случај само кај нас, тоа е насекаде, […]

Страшни расистички навреди за Англичаните што ги промашија пеналите


Маркус Рашфорд, Џедојдон Санчо и Букајо Сака се глацвната цел на расистичките навреди   Британскиот премиер Борис Џонсон ја осуди „ужасната“ расистичка злоупотреба на социјалните мрежи насочена кон голем број играчи на Англија по нивниот пораз од Италија во финалето на Евро 2020. Лондонската полицијата исто така отвори истрага за злоупотребата. Премиерот на Твитер ја […]

До петок многу топло време, викендот нестабилно со благ пад на температурите


До петок ќе преовладува стабилно и многу топло време. В петок кон крајот на денот во источните делови ќе има изолирана појава на нестабилност, а во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Денеска ќе преовладува сончево и топло со […]

Тревис Фултон најден обесен во затворската ќелија


Поранешниот професионален борач Тревис Фултон, кој се учествувал во најголем број ММА-борби во историјата на борењето, починал во саботата во својата затворска ќелија во „Седар рапидс“, Ајова (САД). Првичните наводи укажуваат на самоубиство. Според канцеларијата на шерифот во Округот Лин, еден работник во затвор кој вршел рутинска проверка околу 4 часот наутро, го пронашол Фултон […]

Готово е летото во Франција? Делта сојот ги наруши плановите


  Пред само три дена Франција ги отвори ноќните клубови, прв пат по 16 месеци, а во најава се нови мерки по појавата на делта сојот на корона вирусот. Иако, со цел да се врати животот во нормална, Франција пред три дена ги отвори ноќните клубови, можни се нови ограничувања затоа што новиот делта сој […]

(Во живо) Министерот Филипче во Поликлиниката во Шуто Оризари по повод отворање на нов пункт за вакцинација


Проследете ја прес конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче во Поликлиниката во Шуто Оризари по повод отворање на нов пункт за вакцинација: 

Сиднеј би можел да го продолжи локдаунот и по 16 јули


 Можноста за продолжено заклучување во Сиднеј, Австралија, се појави денеска, откако здравствените работници пријавија уште едно рекордно зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19 оваа година, предизвикано од многу заразниот делта сој. Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска соопшти дека потврдила 112 нови, локални случаи на Ковид-19, од кои речиси сите се наоѓаат во […]

Уапсен лекар што живее во САД за убиството на претседателот на Хаити


Полицијата од Хаити објави дека го уапсила осомничениот организатор на убиството на птерседателот Жовенел Моис. Уапсениот е лекар од Хаити кој живее на Флорида, САД, рече полицискиот наредник Леон Чарлс, на конференција за новинарите. Наводно, осомничениот добил повик од убијците по атентатот. Лекарот е трет американски државјанин од вкупно 21 приведен по убиството на Моис, […]

Уапсен грчки државјанин со над 33 килограми канабис што ги презел од границата со Северна Македонија


За внесување и трговија со канабис на територијата на Грција е уапсен грчки државјанин, кој на мотор превезувал 33 килограми и 523 грама канабис, што ги презел на граничен премин со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката полиција, уапсениот бил забележан во поширокиот регион на Идомени, а канабисот […]

Австрија бара начини за помасовна имунизација против коронавирусот


Министерството за социјални работи на Австрија разгледува стратегии за да ги убеди Австријците да вакцинираат против коронавирусот што е можно помасовно поради ширењето на делта мутацијата. Еден од предлозите е вакцинирање и на гробишта под мотото „имунизација наместо да се лежи на ова место“. Идејата е да се вакцинира и во музеите, со бесплатен влез за граѓаните кои сакаат […]