Уште еден пораз на кошаркарите на САД, овој пат од Австралија


Кошаркарската репрезентација на САД ноќеска во Лас Вегас претрпе неочекуван пораз од Австралија (83:91) на пријателски натпревар како подготовка за Олимписките игри во Токио. Ова беше четвртиот пораз за Американците во пријателски натпревари, откако во националниот тим беа вклучени играчи од професионалната НБА-лига. Билансот од 1992 до денес на САД во пријателските натпревари е 54 […]

Мел Гибсон му салутираше на Трамп


Холивудскиот глумец Мел Гибсон е забележан како му упатува војнички поздрав на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Тие беа само дел од познатите личности на УФЦ-264 натпреварот во боречки вештини меѓу Дастин Поаје и Конор Мекгрегор. На мечот се забележани и поп-пејачот Џастин Бибер, глумицата Меган Фокс и сценскиот комичар Дејв Чапел. Yup it’s […]

Голманот на Италија не знаел дека победиле кога го одбранил клучниот пенал, затоа не прославил


Голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума објасни зошто не го прослави крајот на пенал-рулетот во финалето на ЕВРО 2020 против Англија (1:1, 3:2 на пенали). Дваесет и двегодишниот голман му донесе победа на тимот, одбранувајќи го ударот на играчот од средниот ред Букајо Сака во петтата серија. – Не тргнав да славам затоа што не знаев […]

Франција: Повеќе од 900.000 луѓе побрзаа да се вакцинираат пред построгите мерки


Повеќе од 900.000 луѓе во Франција побрзаа да закажат вакцинација од синоќа откако претседателот на државата предупреди дека ќе бидат воведени ограничувања за сите оние кои немаат здравствена дозвола со која се потврдува дека биле вакцинирани или имаат негативен тест за Ковид-19. Откривајќи обемни мерки за борба против инфекцијата, Емануел Макрон рече дека вакцинирањето засега […]

Претседателот на МОК го нарече Токио најподготвен град за Олимпијадата


Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах, за време на состанокот со првиот човек на организацискиот комитет на Токио 2020, Сеико Хашимото, јапонската престолнина ја нарече најподготвен град за игрите. – Успеавте да го направите Токио најподготвениот град за Олимпијадата во историјата на игрите. Во вакви околности организацијата добива на важност. Вие и вашите […]

„Политика“: Трета доза на вакцина против коронавирусoт најверојатно ќе биде воведена во Србија


Трета доза на вакцина против коронавирусoт најверојатно ќе биде воведена во Србија, а препораките до граѓаните ќе бидат објавени до 1 август, објави „Политика“ во денешното издание. Според весникот, Националното тело за имунизација има постигнато принципиелен договор за аплицирање на уште една доза на вакцина за вакцинирани граѓани, оние кои се со слаб имунитет поради […]

ЕП може да испрати инспекција во Бугарија за европските средства


Претседателката на комисијата на Европскиот парламент за буџетска контрола, Моника Холхајмер (ЕПП), предложи европратеници да отпатуваат во Бугарија за да проверат на лице место за усвојување на европскиот буџет. Предлогот го даде на состанокот на парламентарниот комитет, на кој се дискутираше за санкциите на САД против бугарските граѓани според законот „Магнитски“. Холхајмер објасни дека европратениците […]

На „Охридско лето“ вечерва концерт на дуото Даниел Роланд и Маја Богдановиќ


По синоќешното свечено отворање и спектаклот што го донесоа уметниците од Националната опера и балет, музичката фестивалска програма на „Охридско лето“ продолжува вечерва со концертот на уметниците Маја Богдановиќ на виолончело и виолинистот Даниел Роланд. Холандско-англискиот виолинист Даниел Роланд и српско-француската виолончелистка Маја Богдановиќ ги спојуваат своите неверојатни енергии во исклучително музичко партнерство. Од основањето […]

Шпанија го враќа полицискиот час и други мерки поради ширење на Ковид-19 меѓу младите


Шпанските власти во дел од регионите повторно го враќаат полицискиот час, како и ограничувањата за дружење и ноќниот живот, за да се спречи наглиот пораст на бројот на новозаболени од коронавирусот, додека Делта варијантата се пренесува меѓу невакцинирани млади луѓе во државата. Каталонија и Валенсија, два региона на медитеранскиот брег кои се главните жаришта на […]

Во Израел почнаа со аплицирање трета доза на вакцина против Ковид-19


Во Израел почнаа со аплицирање трета доза на вакцина против коронавирусот на луѓе со ослабен имунолошки систем. Министерството за здравство соопшти дека поради зголемувањето на бројот на заразени, им овозможува на „имунокомпромитирани“ да примат трета доза од вакцината на Фајзер. Иако најголемиот дел од популацијата е вакциниран, Израел во последните неколку недели бележи постојан пораст […]

ФДА издаде ново предупредување за несакани ефекти на вакцината на Ј&Ј против Ковид-19


Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) додаде ново предупредување за вакцините против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон (Ј&J) нагласувајќи дека податоците сугерираат дека постои зголемен ризик од развој на ретко невролошко нарушување шест недели по вакцинацијата. Во писмо на компанијата до ФДА се наведува дека шансите за развој на синдром Гилен-Баре (Guillain-Barré) по […]

Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до 12 февруари 2024, законските измени пред Законодавно-правната комисија


Собраниската Законодавно-правна комисија денеска на седница ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање. Како што стои во образложението на предлог-текстот, донесувањето на законот ќе имплицира ревидирање на подзаконскиот акт со кој се уредува образецот на барањето за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено […]

Најмалку 39 жртви во пожар во болница во Ирак


Најмалку 39 лица загинаа, а 20 се повредени во пожар што зафати болница во која се лекуваат заразени с Ковид-19 во ирачкиот град Насирија, јави ирачката државна новинска агенција ИНА. Министерството за здравство соопшти дека потрагата по преживеаните во болницата Ал-Хусаин продолжила откако пожарот бил ставен под контрола. Медицински извори велат дека бројот на жртвите може да се зголеми затоа што […]

Пленковиќ: Вакцинацијата во Хрватска нема да биде задолжителна


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ синоќа нагласи дека вакцинацијата во државата нема да биде задолжителна. Тој рече дека Хрватска е туристичка земја и дека гостите можат да бидат сигурни дека нема да се заразат таму, затоа вакцинацијата е важна, објави хрватскиот дневен весник „Јутарњи лист“. „По објавувањето од Владата, се зголеми бројот на вакцинирани со првата […]

Започнува чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС


Започнува чистењето на линданот од малата депонија во поранешната фабрика „ОХИС“, најавуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање. По тој повод, денеска во близина на фабриката ќе се обратат министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, првиот секретар на норвешката Амбасада Стефан Сандста, шефот на Канцеларијата на УНОПС за Северна Македонија, […]

Почина новинарот Зејнула Весели


По тешко боледување, вчера попладне почина новинарот Зејнула Весели. Во својата новинарска кариера, Весели главно работеше во печатените медиуми на албански јазик. Освен темите од економија, Весели долги години известуваше и за случувањата во Собранието. Омилен меѓу колегите – новинари, Весели беше одличен познавач на економските прилики во државата, присутен на речиси сите позначајни настани […]

Хрватска: Викендов пристигнале 16 отсто повеќе туристи од лани, но 39 отсто помалку отколку во 2019


Повеќе од 336.000 туристи пристигнале во Хрватска во минатиот викенд – од петок до недела, јави ХРТ и во споредба со вториот викенд од јули минатата година, тоа е зголемување за 16 проценти, но во споредба со рекордната 2019 година – намалување за 39 проценти. Според податоци на е-Visitor, реализирани се скоро два милиони ноќевања, […]

Продолжуваат горештините, денеска до 39 степени, УВ индексот 9


Сончево и многу топло ќе биде и денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 39 степени, а висок ќе биде и УВ индексот. Според Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ […]

Засега без нови рестрикции и мерки, приоритет е вакцинацијата


Да се вакцинира што поголем број од населението за да стекнеме колективен имунитет, да се заштитиме од другите КОВИД соеви и да спречиме нов бран. Тоа е сега клучен приоритет, порачува министерот за здравство Венко Филипче. Теренската вакцинација која почна вчера, продолжува и денеска во над 90 населени места. Ситуацијата засега е мирна и бројките […]

Стефоска: Охрид и „Охридско лето“ имаат взаемна магија


Годинешното издание на Фестивалот „Охридско лето“ – на кое присуствуваа министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, нејзината заменичка Мери Кумбе, претставници на дипломатскиот кор и други видни личности од јавниот и од политичкиот живот во земјава – беше во знакот на Чајковски. На сцената на Античкиот театар, уметниците од Националната опера и балет, под […]