Прв случај на делта сојот во Албанија


Во Албанија е регистриран прв случај на заразен со Делта сојот на коронавирусот. Се работи за иселеник кој допатувал од Велика Британија, пренесува Топ чанел. Според истиот извор споменатото лице уште во земјата во која живеело имало благи симптоми, поради што направило тест пред да замине и еден ден по пристигнувањето во Тирана, англиската лабораторија […]

(Во живо) Почнува отстранувањето на линданот од Охис


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, првиот секретар на Амбасадата на Норвешка Стефан Сандста, шефот на канцеларијата на УНОПС за Северна Македонија Микела Телатин, националниот координатор на проектот Сузана Андонова од Канцеларијата за ПОПс и претставникот на изведувачот Полиеко ќе присуствуваат на почнување на процесот на чистење на малата депонија со линдан во […]

Кога Англија губи, семејното насилство расте


Добротворната организација против семејно насилство „Помош за жените“ и други прибежишта се обратија до сите оние кои претрпеа насилство во својот дом, по поразот на англиската национална фудбалска репрезентација. Според наводите, бројот пријавени случаи на домашна злоупотреба се зголемува по фудбалските натпревари. Истражување од Универзитетот на Ланкастер посочува дека насилството најмногу се зголемува кога Англија […]

Јоханесбург: Војска на улиците, сѐ повеќе мртви, во болниците хаос


  Војската на Јужноафриканската република е разместена по улиците во две провинции поради протести, грабежи и нереди откако пораншениот претседател на земјата замина во затвор. Според најновите информации има уште мртви. Претседателот на Јужна Африка Силил Рамафаза изјави дека и следните денови може да бидат хаос, што би довело до немање храна и лекови во […]

Ангеловска-Бежоска: Поголемата вклученост на жените носи бројни економски придобивки


Поголемата вклученост на жените во банкарскиот сектор и воопшто во сите општествени сегменти, носи бројни економски придобивки за целото општество. Истражувањата за централнобанкарската заедница упатуваат дека поголемото учество на жените во телата за одлучување за монетарната политика значи и поголемо ниво на ценовна стабилност. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју […]

Кои вредности на крвен притисок го продолжуваат животот за дури 10 години?


Ако имате нерегулиран крвен притисок, што е помалку штетно – да e покачен или да е под нормала? Лекарите ќе ви кажат дека ниту една опција не е добра. Високиот крвен притисок е најважниот фактор на ризик за развој на кардиоваскуларни заболувања, пред се срцев удар, срцева слабост, ненадејна срцева смрт и мозочен удар. Од […]

Почнува најголемиот проект за соларизација во Хрватска


Со цел да се искористи потенцијалот на сончевата енергија, Хрватска почнува со досега најголемиот проект за соларизација, вреден речиси два милиона евра. Повикани се сите – граѓани, приватни и јавни компании да се пријават на тендерот за да им помогнат при поставување соларни панели. Болницата во Забок е прва во Хрватска која има соларна централа […]

Повредени двајца полицајци кои бркале и фатиле криминалец баран со потерница


 Во Скопје, на ул.„Љуботенски пат“, вчера во 14.30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода – Отсек потраги, во содејство со Единица за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Р.С.(40) од скопското село Љуботен, кој управувал патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки. Како што денеска […]

Дали знаевте дека од материјалот на ѓезвето зависи вкусот на кафето?


Турското кафе како што го нарекуваме најчесто, скоро и да нема човек што не го започнува утрото со овој топол напиток. Иако подготовката изгледа едноставна, постојат финти кои прават голема разлика во вкусот. Значи, ако домаќинка прави добро кафе, ние често на шега велиме дека „спремна е да се омажи“. Како се подготвува домашно кафе? […]

СДСМ по вечерашната седница на Извршниот комитет се очекува да објави дваесетина кандидати за градоначалници


Владејачката СДСМ вечерва ќе одржи седница на Извршниот одбор на која треба да бидат потврдени првите дваесетина кандидати за градоначалници на локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври. По седницата се очекува во изјава за медиумите да бидат соопштени првите официјални кандидати за градоначалници. Засега во јавноста беше потврдено дека […]

Одложено рочиштето за случајот „Тендери”


Рочиште за случајот „Тендери” е одложено за 15 јули. За денеска беше најавено дека обвинителството и одбраната ќе почнат со своите завршни зборови, но отсуството на обвинетата Јулијана Угриновска, беше причина ова рочиште да не се оддржи. Според бранителот Сашко Дуковски, неговиот клиент не може да присуствува на денешното рочиште од здравствени причини. Првообвинета во […]

Досега вакцинирани 428.081 граѓани во државава


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 428.081 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.413 граѓани, а вкупно се вакцинирале 9.335 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 676.620 дози вакцини, а ревакцинирани се 248.539 граѓани. Вакцинацијата, како што посочуваат од Министерството за здравство, се одвива непречено на сите пунктови низ државата. […]

Франција го казни Гугл поради непочитување на авторски права за вести


Францускиот регулатор за антимонопол го казни Гугл со 500 милиони евра за непочитување на привремените наредби издадени од регулаторот во спорот со медиумите во државата. Американскиот технолошки гигант во текот на следните два месеци мора да достави предлози за тоа како ќе ги обесштети новинските агенции и другите медиуми за користење на нивните вести. Доколку не го стори тоа, се соочува […]

Делови од Карпош и Кисела Вода утре без струја


Корисниците од објектите во и околу Градскиот парк во Општина Карпош утре од  9:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 7:30 до 14:00 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Саса 18“ и „Саса 22“ во населбата Пинтија, Општина Кисела Вода. Како што информираат од Регионалниот […]

Нагло порасна бројот на болнички пациенти со Ковид-19 во Португалија


  Бројот на ковид-пациенти во болниците во Португалија драматично порасна и сега повеќе од 700 лица заразени со корона вирусот се на болничка нега, најмногу од март. Од понеделникот во болница се 729 пациенти со Ковид-19, објавија здравствените власти. Бројот нови зарази во Португалија е во пораст со недели. Во изминатите 24 часа забележани се […]

„Блу ориџин“ доби лиценца за пробен лет во Вселената


Американската компанија „Блу ориџин“ на милијардерот Џеф Безос, доби дозвола од Федералната управа за авијација на САД, за пробен лет со луѓе во Вселената. Основачот на „Амазон“, Безос има намера да полета во Земјината Орбита на 20 јули со леталото „Њу Шепард“. Лиценцата на Безос му важи до август. Летот на „Блу ориџин“ би требало […]

Во 4 наутро украле банкомат од маркет во Аеродром


Четворица крадци по кои се трага успеале да украдат цел банкомат од маркет во населбата Аеродром. „На 11.07.2021 околу 4 часот во Полициска станица Аеродром, В.Н. пријавил дека четири лица со употреба на сила влегле во маркет на подрачјето на Аеродром и одзеле банкомат“, велат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Рапид тестовите на атинскиот аеродром го „откажаа“ пријателскиот натпревар Олимпијакос – Галатасарај


Пријателскиот фудбалски натпревар Олимпијакос – Галатасарај што требаше да се одржи денеска во Атина е откажан поради синоќешниот „инцидент“ на атинскиот аеродром, одбивањето на турскиот тим да биде тестиран при пристигнувањето во Грција, забраната за влез од грчките власти и одлуката на тимот да се врати во Истанбул, јави дописничката на МИА од Атина. Од […]

Битиќи и Петров се запознаа со израелските технологии во земјоделството


Примената на новите технологии во земјоделството, но и во останатите сектори, може да донесат повисока продуктивност, конкурентност и создавање додадена вредност, што би било дополнителен импулс за зголемување на меѓусебната размена, истакнаа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и директорот на  Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, на средбата со министерот за земјоделство […]

САД: Не треба трета доза вакцина


По состанок со претставници на производителот на вакцини Фајзер, американските здравствени власти соопштија дека на Американците кои се целосно вакцинирани не им треба трета доза, јавија локалните медиуми цитирајќи портпарол на Министерството за здравство и социјална заштита. Минатата недела, Фајзер соопшти дека планира да побара од регулаторите на САД да дозволат засилувачка доза вакцина на компанијата против […]