Претседателот Пендаровски го отвори „Охридско лето“


Претседателот Стево Пендаровски вечерва се обрати на свеченото отворање на 61-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид, при што рече дека парадоксот на убавината која е олицетворена во уметноста и културата е што таа е непресушен извор на надежта за подобар свет, дури и кога ги прикажува најголемите страдања, насилството кон немоќните […]

ЕУ го замрзна својот дигитален данок по притисок од САД


Европската комисија во понеделникот (12 јули) објави дека ќе го стави во мирување сопствениот предлог за дигитален данок во Европа со цел да се олесни глобалниот даночен договор. Дигиталниот данок, кој ќе влијаеше на американските технолошки гиганти, беше одложен по повеќекратните повици од Вашингтон до Европејците да ги откажат своите планови. Предлогот се очекуваше на […]

Ѓоковиќ постојано се подобрува и ја адаптира својата игра за да победува насекаде


Подобрувањето на неговиот сервис и проемните на неговата игра во витални периоди не оставаат вистински слабости што треба да се искористат   Додека четвртиот сет од финалето на Вимблдон во неделата висеше и се чекаше кој ќе собере храброст да премине во напад, Матео Беретини го направи својот потег додека водеше со 3-2, 15-30 на […]

Работната група за канабис ги разгледа канадските искуства


На третиот состанок на Работната група за канабис која се одржа денеска во Владата, на покана на членовите од Здружението на производителите на медицински канабис, присуствуваше и Стефани Вилмот од Канада – консултант за правни прашања и добри производни практики, познати како GMP стандарди (Good Manufacturing Practice) и процеси за примена на лиценци. Со членовите […]

Амандманите за поддршка за угостителите и естрадните уметници ја вжештија расправата за ребалансот на Буџетот


Заврши првиот ден од амандманската расправа за ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Продолжението е закажано за утре во 11 часот. Пред пратениците се вкупно 222 амандмани од кои 153 поднесе ВМРО-ДПМНЕ. Во претпладневниот дел од седницата беше прифатен амандманот со кој се бараат дополнители два милиони денари за Комисијата за […]

Шилегов: При изградбата на БРТ системот ќе биде заштитено водоснабдувањето и нема да има застој во сообраќајот


Водоснабдувањето ќе биде заштитено и ниту во еден момент нема да има застој на сообраќајот додека се гради „Бас рапид транзитот“, уверува градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој во новата емисија „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија рече дека граѓаните не треба да бидат вознемирени, бидејќи трасата поминува над главната цевка за вода […]

СЗО ги повика богатите земји да не порачуваат дополнителни вакцини


Богатите земји не треба да нарачуваат дополнителни дози на вакцини за нивната вакцинирана популација, додека другите земји сè уште немаат примено вакцини против Ковид-19, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус рече дека бројот на жртвите во пандемијата на коронавирусот повторно се зголемува, варијантата Делта станува доминантна и многу земји […]

Макрон најави задолжителна вакцинација за одредени професии, кампања за трета доза и примена на ковид пасошите


Францускиот претседател Емануел Макрон, во радио-телевизиско обраќање до нацијата, соопшти дека вакцинацијата за негувателите и медицинскиот персонал ќе биде задолжителна, а најави и воведување други мерки за борба против епидемијата,  јави дописникот на МИА од Париз. – Вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите оние кои ќе бидат во контакт со кревки луѓе, најави  Макрон и […]

Се повлече командантот на американските сили во Авганистан


Главниот командант на американсите сили во Авганистан, генерал Остин Милер, денеска се повлече од позицијата како симболичен чин на 20-годишното присуство на Американците во земјата, јави Вашингтон пост. Ова е и најдолгиот вооружен конфликт во кој САД биле некогаш вовлечени. Повлекувањето отвори пат за подем на Талибанците кои се закануваат да ја урнат регуларната влада […]

Проверете каде утре теренски ќе се вакцинира


Теренската вакцинација продолжува утре, сподели министерот за здравство Венко Филипче, во овие населени места во секоја од следните општини: Делчево/Македонска Каменица – Цера Тетово – Желино, Стримница, Долна Лешница, Горна Лешница, Палатица, Требош, Узурмишт Гостивар – Чегране, Форино, Врапчиште, Чајле Штип – Чардаклија, Горен и Долен Балван, Крупиште Прилеп – Ракле, Никодин, Царевиќ Свети Николе […]

Адвокатот Миланов оцени дека нема докази за „Организаторите на 27 април“, главната расправа продолжува на 14 јули


 Со завршни зборови од страна на обвинетиот Миле Јанакиески на 14 јули продолжува главната расправа за случајот „Организаторите на 27 април“. Денешното судско рочиште заврши со завршните зборови на адвокатот Еленко Миланов, во одбрана на обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Тој на почетокот се осврна на Законот за амнестија, нагласувајќи дека по сила на […]

Шаќири: Државната администрација е важен дел од општеството која припаѓа на секој граѓанин


Новиот дух што дојде во Република Северна Македонија по Охридскиот рамковен договор значително влијаеше на поделбата на моќта и етничката застапеност во рамки на државата. Идејата за ваков договор беше да се гарантира на сите етнички заедници политичко, социјално и културно учество, како и самоизразување, истакна министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири во […]

Членовите на италијанската репрезентација ќе добијат по 250.000 евра за европската титула


 Членовите на италијанската фудбалска репрезентација ќе добијат по 250.000 евра како награда за освојувањето на Европското првенство, јавија денеска локалните медиуми. Италијанската фудбалска федерација за освоеното прво место на ЕУРО2020 ќе инкасира 28,25 милиони евра од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и новите европски шампиони ќе бидат наградени токму од тој фонд. Италија вторпат во историјата […]

Малолетничка со мотор удрила во запрежно возило


Во неделата, во 21.20 часот било пријавено дека на локалниот пат кај село Дрвош, струмичко, се случила сообраќајна незгода во која малолетничка од истото село, управувајќи мотоцикл „кавасаки“, без регистарски ознаки, удрила во запрежно возило, управувано од В.И.(74) од истото село. Во незгодата малолетна сопатничка од мотоциклот се здобила со тешки телесни повреди, а со […]

(Видео) Најголеми демонстрации на Куба во изминатите три децении


Неколку илјади граѓани протестираа против комунистичките власти на Куба во главниот град Хавана и неколку други градови, во најголемите демонстрации на островот во последните скоро 30 години. Санкциите на САД и пандемијата на коронавирусот придонесоа за недостиг на храна и зголемување на цените, пренесува „Гардијан“. Собраните повикаа на слобода, демократија и побараа вакцини за борба […]

Насловните страници на весниците во Англија и Италија по финалето на Вембли


Расположението на суровиот пораз и големата победа на Италија над Анфлија во финалето на Европскиот шампионат во фудбал се отслика и на насловните страници на големите весници во двете земји. Во Англија на прво место беше презентирано жалењето за пропуштената шанса, а не беше споменувано освојувањето на титулата од страна на Италијанците во пенал рулетот. […]

Спиро Ристовски не гледа докази дека учествувал во организирањето на 27 април


    Обвинителството нема ниеден материјален или вербален доказ дека обвинетите организатори на насилниот 27 – ми април го сториле делото – порача обвинетиот Спиро Ристовски. Според него, обвинението се темели само на исказот на Александар Василевски – Нинџа, а тој на 27 – ми април немал телефонска комуникација ниту со Миле Јанакиески ниту со […]

И децата без здравствено осигурување или матичен лекар ќе можат да се вакцинираат


 Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека родителите или старателите доколку наидат на потешкотии при пријавување на своето дете за вакцинација на сајтот vakcinacija.mk, треба да го проверат статусот на неговото евидентирање, односно дали тоа е осигуреник во базата на Фондот за здравствено осигурување. Оние деца кои немаат здравствено осигурување, или немаат […]

Голема победа на проевропската партија на изборите во Молдова


Партијата на претседателката Маја Санду ќе има апсолутно мнозинство во парламентот и можност да ја спроведува про-ЕУ и антикорупциската агенда   Молдавските гласачи ја поставија земјата на пат кон ЕУ за најмалку четири години откако и го предадоа солидното парламентарно мнозинство на Партијата за акција и солидарност. Десниот центар ПАС, предводен од молдавската претседателка Маја […]

Срби играа фудбал на границaта со Македонија за да го скратат чекањето


Србите кои тргнаа на годишен одмор најдоа начин како да се искулираат додека чекаат да помине гужва на границата и ова е хит, пишува белградскиот портал Ноизз. -Деновиве има огромен метеж на границите, особено кон некои морски дестинации каде Србите одат на одмор. Една од најпосетуваните локации е Грција, но сега до неа поспоро се […]