Во Англија од денеска се укинати речиси сите мерки против коронавирусот


Во Англија од денеска се укинати речиси сите мерки против коронавирусот, каде е прогласен Ден на слободата, иако во последните неколку недели во Велика Британија е регистриран зголемен број на заразени лица. Стадионите и големите сали од денеска се отворени со полн капацитет, како и дискотеките, а веќе нема никакви ограничувања ниту во угостителските објекти […]

Невремето што ги погоди Германија и Австрија може да ја зафати и Словачка


Метеоролозите предупредуваат дека бранот од Германија и Австрија кој ги предизвика поплавите може да влијае и на Братислава. Нивото на Дунав може да се искачи за 2,5 метри во Словачка, според последните податоци на страницата imeteo.sk, која ја следи состојбата на реките. Словачкиот хидрометеоролошки институт (ШМУ) во неделата издаде предупредување за можни силни бури низ Словачка, каде […]

Анкета: Јапонците не веруваат во безбедноста на Олимписките игри


Најмалку 68 проценти од Јапонците не веруваат дека претстојните Олимписки игри во Токио ќе бидат безбедни, како што вети Владата, покажуваат резултатите од анкетата на весникот „Асахи“. Додека 21 отсто од испитаниците изјавиле дека имаат доверба во ветувањето на Владата. Во исто време, 76 проценти од испитаниците ја поддржуваат одлуката поголемиот број натпревари да се […]

Новиот премиер на Непал ја доби поддршката од парламентот


Новиот премиер на Непал, Шер Бахадур Деуба, ја доби поддршката од повеќе од половината пратеници во Долниот дом на парламентот, кои му дозволија да остане на власт до изборите следната година. Деубу синоќа беше поддржан од 165 пратеници, додека 83 гласаа против него. Тој минатата недела го почна својот петти мандат како шеф на владата, […]

ОН: Коронавирусот ја влоши ситуацијата во светот – секое десето лице гладува


Пандемијата на коронавирусoт го зголеми бројот на гладни луѓе во светот, а во моментов секој десетти човек на нашата планета гладува, поради што пет организации на Обединетите нации повикаа на аларм. Пет организации на ОН се вклучени во подготовката на Светскиот извештај за храна, вклучувајќи ги и Организацијата за помош на децата (УНИЦЕФ) и Светската […]

Десетто јубилејно културно-забавно лето „На зајдисонце“ во Трпејца


Од утре до 28 јули во Трпејца ќе се одржи десеттото културно-забавно лето „На зајдисонце“. Манифестацијата се одржува под покровителство на Општина Охрид, а веќе втора година е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, како и од други бројни спонзори и помагатели. Во чест на десетгодишнината ќе биде прикажан и видео материјал под […]

На „Охридско лето“ вечер со кларинетистот Стојан Димов и Дино Имери на пијано


Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на домашните уметници, Стојан Димов на кларинет и Дино Имери на пијано. Стојан Димов основно и средно образование завршува во Велес и во Скопје, а во периодот од 1975-1981 година студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Иван Кочаров) и на Универзитетот во Загреб […]

Почнува имунизацијата против Ковид-19 на деца од 12 до 17 години


Во државава од денеска ќе почне вакцинирањето со „Фајзер“ на децата од 12 до 17  години чии родители/старатели се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk, а според последните податоци од Министерството за здравство, пријавени се околу 1800 деца. Паралелно продолжува и имунизацијата на возрасното население. Здравствените власти апелираат дека единствен начин на превенција да не се соочиме со […]

Недела неработен ден ќе го чини Буџетот 8,4 милиони евра годишно


Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во прво читање, со којшто се определува недела како ден на неделен одмор за сите, со одредени исклучоци кај работодавачи во дејностите каде работниот процес не дозволува да се направи прекин на […]

Концерт на хрватскиот ансамбл Трио Јонген на Скопско лето


Хрватскиот ансамбл  Трио Јонген вечер ќе настапи во Музеј на македонска борба, како дел од програмата на 42. издание на Скопско лето. Изведувачи на концертот се Рената Пенезиќ на флејта, Жарко Перишиќ на фагот и Марина Матолиќ на пијано. – Триото е единствениот ансамбл на овие простори кој го негува транспарентното филигранско разиграно свирење музика во вистинскиот дух на […]

Се повлекува водата во Белгија: Повеќе од 30 мртви, се трага по 163 лица


  Во историските поплави во Белгија, од средината на неделава, има 31 жртва, според официјалните податоци, кои вечерва ги објавија властите, кои додадоа дека операцијата за спасување е завршена. „Нема повеќе опасност во погодените подрачја. Операциите за спасување се завршени, но потрагата и понатаму трае во повеќе зони“, објави белгискиот кризен ценатр во сооппштението од […]

(Видео) Торнадо во Битолско


Попладнево во Пелагонија беше забележана несекојдневна атмосферска појава – торнадо. Овој регион беше зафатен од невреме проследено со дожд, ветер и електрични празнења. Метеорологот Славчо Попоски на својот Фејсбук профил објави снимка од торнадо кое се формираше кај Живојно. „Денес поради големата нестабилност во атмосферата, дојде до формирање на торнадо во Македонија – Живојно, Битолско“ […]

Балевски: Нема хоспитализирани по ударот од гром кај Градиште


 Не е хоспотализирано ниту едно од 13-те лица кои пријавиле какви било тегоби или последици од случајот со ударот на гром што се случи денеска попладне кај Охридското Езеро. Директорот на Општа болница Охрид Горан Балевски за МИА изјави дека непотребно се прави паника кај населението затоа што кај сите кои се пријавиле за интервенција […]

Саша Барон Коен предлага Марк Цукерберг да оди во затвор поради дезинформациите за короната


Комичарот Саша Барон Коен во неделата предложи извршниот директор на Фејсбук Марк Закерберг да биде затворен, откако претседателот на Соединетите Држави Џо Бајден изјави дека фирмите за социјални мрежи „убиваат луѓе“, поради ширењето на дезинформации за вакцините против Ковид-19 на нивните платформи. „Претседателот е во право – Фејсбук убива луѓе“, објави на Твитер Барон Коен. […]

Тур де Франс: Ван Арт го запре Кавендиш на Шанзелизе, Погачар пак ја освои трката


Неверојатниот Белгиец Вут ван Арт за само 24 часа направи два големи подвига на Тур де Франс – вчера го победи во хронометар Тадеј Погачар, а денеска во последната етапа на Шанзелизе во Париз му ги помати плановите на извонредниот спринтер, Марк Кавендиш од Британија. Кавендиш се врати годинава на Тур де Франс и победи […]

Традиционалните куќички на Турканците во Кенија


Традиционално село во близина на Локвакангола, крај езерото Туркана во Кенија, Африка.  На брегот на езерото Туркана, се наоѓаат традиционални куќи на етничката група Туркана. Изградени се преку дрвени куполести конструкции и прекриени со сушени листови од палми или со кожи. Куќата е доволно голема за да се смести шестчлено семејство. Животните се држат во […]

„Проект Пегаз“  откритија на 16 редакции за глобален телефонски шпионски систем


Франција – Парискиот дневен весник „Ле Монд“ и уште шеснаесет други редакции добија пристап до повеќе од 50.000 телефонски броеви потенцијално следени од Пегаз, моќен израелски шпионски софтвер, во корист на  десетина држави. Дигитално оружје што се користи против новинари, адвокати, активисти и политичари во многу земји, вклучувајќи ја и Франција, јави дописникот на МИА. Во […]

Ф1: Голема победа на Хамилтон во Силверстон


Седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес), триумфираше денеска во трката за Големата награда на Велика Британија и покрај казната од 10 секунди поради инцидентот со Макс Верстапен (Ред Бул). Трката почна со инцидент, откако Хамилтон веќе во првиот круг се судри со Верстапен во обид да го мине на патеката од надворешната страна […]

Гром удри на плажата во Градиште, 13 повредени


Летниот одмор за многумина денеска можеше да се претвори во вистинска трагедија, откако гром удри на плажата Оревче во познатиот авто-камп „Градиште“ на Охридското Езеро. Громот повреди 13 лица, од кои две, едно од Ресен, а другото од Битола, завршија во болница.  Според информациите од Охрид, четворица имаат изгореници на рацете и нозете. Другите главно […]

Легендата на југословенската атлетика, Ненад Стекиќ, почина на 71 година


Еден од најдобрите атлетичари на поранешна Југославија, Ненад Стекиќ почина на 71-годишна возраст. Стекиќ беше неверојатен скокач во далечина, долгогодишен член на Белградска Црвена звезда, а резултатот од 8,45 метри, што го постигна во јули 1975 година во Монтреал, е особено важен во неговата биографија. Во тоа време, тоа беше втор скок во историјата, веднаш […]