УХМР: До крајот на денот и ноќеска повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер


 До крајот на денот и во текот на ноќта ќе се задржи променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопската Котлина исто така до крајот на денот и во текот на ноќта променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер,  информира Управата за хидрометеоролошки работи. […]

Земјотрес со јачина од 5,7 степени го потресе јужен Иран


Силен земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужната иранска провинција Фарс, јави иранската државна телевизија. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Хешта. Засега нема извештаи за можни жртви или материјална штета.

Меркел: Мора да брзаме во борбата против климатските промени


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека „најголемата економија во Европа мора да работи побрзо и подобро во борбата против климатските промени“ по катастрофалните поплави што ги погодија германските провинции Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц. Ова е најголемата природна катастрофа во Германија во последните шест децении. „Се укажува на тоа дека мора да се стори нешто […]

ОПЕК и сојузниците одлучија пет земји да го зголемат производството на нафта


Членките  на Организацијата на земјите производители на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници, предводени од Русија (ОПЕК плус), денеска се согласија конечно да ги ублажат ограничувањата на производството во пет земји. Со ова заврши претходниот спор предизвикан од барањето на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за земјата да го зголеми производството на нафта. Тој спор неодамна доведе […]

Светските берзи во пад поради ширењето на делта сојот


На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела, бидејќи инвеститорите стравуваа дека ширењето на делта варијантата на корона вирусот во светот ќе го забави закрепнувањето на економиите, а високата инфлација ќе ги наведе централните банки да ја заострат монетарната политика. На Вол Стрит, индексот Дау Џонс минатата недела падна за 0,5 проценти, на 34.687 […]

Стотици мигранти во Белгија штрајкуваат со глад и жед: „Подготвени сме да умреме“


 Над четиристотини лица без официјални документи во Белгија денеска го започнаа 56-от ден од гладот на штрајкот прогласен на 23 мај. Штрајк прогласен по 3 месеци постојани протести. Во отсуство на реакција и позитивен одговор од властите, овие луѓе, мажи и жени, пред два дена ја преземаа најрадикалната мерка: штрајк со жед. Теоретски човековото тело […]

Се поплави и Сицилија


Поради обилните дождови кои ја погодија Италија, северот и југот на земјата во недела се борат со поплави и надојдени реки. Службите за итни случаи во Сицилија, во градот Палермо и остатокот од регионот, добија стотици повици по обилните дождови. Пожарникарите интервенирале поради поплавување и оштетување на водата, потврдија во неделата наутро. Засега нема сериозни […]

Адел со гламурозен изглед на НБА финалето со дечкото Рич Пол


САД– Поп-ѕвездата Адел (33), добитничка на 15 Греми, се појави на редок јавен настап синоќа додека присуствуваше на 5-от натпревар од финалето на НБА во Феникс, д помеѓу Феникс Санс и Милвоки, заедно со дечкото Рич Пол, менаџерот на славниот кошаркар Леброн Џејмс. За своето големо вечерно излегување, Адел избра лежерно- гламурозен изглед, се одлучи […]

Расте бројот заразени со коронавирус во Италија по шампионското славје


 Здравствените власти во Италија соопштија денеска дека славењето ширум земјата по повод триумфот на фудбалската репрезентација на неодамнешното ЕУРО2020 влијаело на пораст на бројот заразени со коронавирус. Европската титула се славеше низ цела Италија, а централната прослава се одржа на 12 јули во Рим каде десетици илјади луѓе ги поздравија фудбалерите, кои се возеа во отворен автобус. […]

Британски научник: Ќе имаме и по 100.000 нови зарази дневно


  Научниот советник на британската влада, пред укинувањето на епидемиолошките мерки во Англија, рече дека речиси е извесно оти бројот на новозаразени со Ковид-19 ќе достигне 100.000 дневно, со 1.000 хоспитализирани. Нил Фергусот, професор на лондонскиот Империјал колеџ и член на научната советодавна група за итни ситуации на британската влада, за Би-би-си вели дека наведените […]

Претседателот Пендаровски и првата дама Ѓоргиевска на „Галичка свадба“


Претседателот на државата Стево Пендаровски, заедно со сопругата, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваа на 47. издание на манифестацијата „Галичка свадба“, што се одржува под негово покровителство. За време на викендот, беа одржани  традиционалните свадбарски обичаи и адети кои изобилуваат со автентични носии, изворни песни и ора, карактеристични за мијачкиот фолклор. Честитајќи го склучувањето на бракот на […]

МЗ: Хоспитализирани 16 пациенти со Ковид, вакцинацијата е единствена превенција од нов бран


 Шеснаесет пациенти со Ковид-19 се хоспитализирани на територија на цела држава. Сегашната епидемиолошка состојба во земјата е стабилна, болниците се празни, а само четворица пациенти се на кислородна поддршка, соопшти денеска Министерството за здравство. Иако здравствениот систем е подготвен во случај на влошување на ситуацијата, од Министерството се надеваат и посакуваат до тоа да не […]

(Видео) Верстапен излета од патеката


  По фантастичниот прв круг и големата битка меѓу Верстапен и Хамилтон, за Макс трката е завршена. Имено, дојде до контакт меѓу Верстапен и Хамилтон, а страшниот инцидент доведе до излетување од патеката на холандскиот возач. Иако изгледаше застраѓувачки, сепак, се е во ред со возачот. Трката е суспендирана, што значи дека ќе почне одново […]

(Видео) Роналдињо ѝ се потпиша на градите на една обожувателка


Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо, последен пат се појави на фудбалските терени пред шест години, но и понатаму има бројни обожуватели низ светот. Навивачите и бројни обожавателки и понатаму бараат фотогафија или автограм од него. Една девојка, побара Роналдињо да ѝ се потпише на необично место. Девојка во куса маица, без брусхалтер побара автограм од фудбалерот, […]

Отворен времениот граничен премин Стрезимир-Рестелица


Времениот Граничен премин Стрезимир – Рестелица на македонско-косовската граница од денеска и официјално е отворен за минување на граѓаните на двете држави, во присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот косовски колега Џелал Свечла и вицепремиеркате на Косово Емилија Реџепи. Преминот што се наоѓа на планината Кораб, на тромеѓето Северна Македонија-Албанија- Косово, […]

Пороен дожд во Загреб, поплавени улици, паднати дрвја


Попладнево пороен дожд предизвика проблеми во источниот дел на Загреб, соопшти цивилната заштита. Поплавени се улици и подрумски простории, а неколку дрвја паднаа врз паркирани возила и објекти, јавија загрепски медиуми. Околу 50 граѓани побараа интервенција на пожарникари и комуналните служби. ➡ Obilna kiša, koja pada od 13 sati, prouzročila je probleme u istočnom dijelu […]

УХМР: Претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците


Продолжува нестабилното време со повремени краткотрајни локални поројни врнежи од дожд, на места во вид на невреме придружувани со засилен ветер и појава на град, информираат од Секторот за хидрологија при Управата за хидрометеоролошки работи. Најавуваат дека на места каде локално врнежите ќе бидат поинтензивни можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и […]

Иванишевиќ прв хрватски тенисер во Куќата на славни


САД– Освојувачот на грен-слем турнирот во Вимблдон во 2001 година Горан Иванишевиќ e првиот хрватски тенисер во историјата кој стана член на Куќата на славните. – Пред 42 години го почнав ова патување од малиот хрватски град Сплит и тоа денеска завршува во Њупорт. Тука е крајот. Ова е остварување на моите соништа. изјави 49-годишниот Иванишевиќ на свечената церемонија […]

Дваесет и еден нов ковид-случај, 13 од нив во Скопје


Институтот за јавно здравје регистрира 21 нов случај со КОВИД-19 во последните 24 часа од направени 3358 тестирања. Од нив, 13 се од Скопје, пет од Тетово и по еден од Гостивар, Струмица и Дебар.   Регистрирани сe двајца оздравени од Скопје и нема починати пациенти. Најмногу активни случаи има Скопје (99), а потоа Тетово […]

Сопругата на убиениот претседател на Хаити се врати дома по лекувањето на Флорида


  Вдовицата на убиениот претседател на Хаити се врати во оваа карипска држава откако се лекуваше на Флорида по раните здобиени при нападот во нивниот дом. Мартине Моис од авионот излезе со панцир додека повредената рака ѝ беше преврзана. Атентаторите во нивот дом на 7 јули г убија нејзиниот сопруга Жовенел Моис. Мартине беше повредени […]