Поплавите во Германија причинија штета од неколку милијарди евра


Германија – Досега во Германија загинаа 157 лица во поплавите предизвикани од невремето кое ја зафати земјата, но се стравува дека бројот ќе биде уште поголем. Државата се соочува со најголема природна катастрофа во последните 60 години. Во околината на Келн, во западниот дел на Германија, надојдената вода однесе над стотина животи. Полицијата очекува да пронајде […]

Бич филм фестивал од 21-25 јули во Охрид


Годинава Beach Film Festival го бележи своето 4-то фестивалско издание. Фестивалот на нов европски филм, одомаќинет во градот Охрид  од 21 до 25 јули ќе се одржи на нова локација, плажата Горица 3. Проекции ќе има и на бродот Армада, како и во Музејско-културниот центар Лапидариум.  На ова издание ќе можеме да погледнеме филмови кои […]

Бочварски: Имаме план „Б“ доколку биде оспорен Законот за изградба на автопатишта


Како Влада секако дека имаме  разработено варијанти во однос на отпочнување и изградба на коридорите 8 и 10 Д зашто нашиот приоритет, клучна или конечна цел е да имаме модерни и безбедни патишта. По кој принцип и на кој начин ќе се изградат е работа на Парламентот, Владата и сите останати институции, како и на […]

Во Австралија најавенo продоложување на карантинот заради делта сојот на корона вирусот


Речиси половина од 25-те милиони жители на Австралија се уште се заробени во своите домови поради ширењето на делта сојот на корона вирусот, вклучувајќи ги и граѓаните на Сиднеј, најголемиот град во земјата. Австралиските власти денеска соопштија дека во државата Викторија и во следните денови ќе биде продолжен локдаунот поради Ковид-19, по утрешниот ден како […]

Во пресрет на празникот Курбан Бајрам во Скопје ќе бидат поставени специјални контејнери за органски отпад


И годинава, во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена – Скопје ќе постави посебни контејнери во кои граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад, информираат од Јавното претпријатие. – Веќе трета година по ред, во пресрет на одбележувањето на празникот Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена – […]

Објавена книгата „Средби и разговори“ од Томислав Османли


Книгата „Средби и разговори“ на авторот и новинар Томислав Османли излезе од печат во издание на „Авант прес“ од Скопје. На повеќе од 150 страници текст книгата содржи шест опсежни интервјуа реализирани пред повеќе од 30 години со наши истакнати дејци – театарскиот ветеран уште од времето на патувачките трупи и филмски првенец Петре Прличко, […]

Биљана Тануровска – Ќулавковски и Ивана Васева добитнички на наградата „Ладислав Баришиќ“


Биљана Тануровска – Ќулавковски и Ивана Васева се добитнички на наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2021 година од областа на ликовната критика. Наградата ја додели Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“. Како што информира Здружението „АИКА Македонија“, Комисијата во состав Мира Гаќина, Владимир Јанчевски и Маја Чанкуловска Михајловска одлучи наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2021 година да […]

Одложено рочиштето за „Плацеви на Водно”


Заради барање на одбраната за превод на доказите во случајот  на Јавното обвинителство доставени на англиски јазик, на македонски јазик, како и зафатеност на адвокатот поставен по службена должност во предметот означен од обвинителството како „ТНТ“, денешното судење за „Плацеви на Водно“ се одлага, соопштија од Основен кривичен суд Скопје. Случајот го води судијата Илија […]

Повредени, приведени и материјална штета по протестот во Никозија против мерките за Ковид-19 и вакцинацијата


Со инциденти пред Претседателската палата и напад врз медиумска групација, со предизвикана материјална штета, повредени 12 полицајци и уапсени пет лица завршија синоќешните протестите во Никозија против мерките за Ковид-19 и вакцинацијата, јави дописничката на МИА од Атина. Демонстрантите го нападнаа објектот на групацијата „Диас“, во кој е сместена и телевизијата „Сигма“, запалија паркирани автомобили […]

Влатко Стефановски Трио на Антички во Охрид на 5 август


По успешната мини турнеја на Триото на Влатко Стефановски во Хрватска и Словенија, и македонската публика ќе ја има можноста да ужива во звуците на нашиот најголем гитарски виртуоз. На 5 август, на Антички Театар во Охрид, со почеток во 21:00 часот, Влатко Стефановски заедно со извонредниот басист Иван Кукиќ  и младиот талентиран тапанар Јан […]

Земјотрес во Албанија, 160 километри југозападно од Скопје


Земјотрес со интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала и епицентар во Албанија, 160 километри југозападно од Скопје е регистриран денеска во 00:21 часот, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија […]

Масовно заминување на туристите од Миконос


Грчките здравствени власти објавија 1.558 нови случаи на коронавирус во период од 24 часа, како и 10 нови смртни случаи.Бројот на интубирани пациенти е 123, во споредба со 124 дена порано, објави „Катимерини“. Регионот Атика, кој ја опфаќа престолнината Атина, има регистрирано 610 нови случаи, проследено со Солун со 112. На малиот остров Миконос, каде […]

Половина милион Кинези со писмо до СЗО бараат истрага за американската био-лабораторија во Форт Детрик


Повеќе од половина милион корисници на Интернет од Кина потпишаа отворено писмо до Светската здравствена организација (СЗО) во кое бараат истрага за американската биолошка лабораторија во Форт Детрик за да се „спречат идни епидемии“, пишува кинескиот весник „Глобал тајмс“. Првиот човек на СЗО Тедрос Аданом Гебреизус, претходно, не ја исклучи можноста за вештачкото потекло на […]

Ќе има ли НАТО за првпат жена генерален секретар?


Потрагата по успешна замена за Јенс Столтенберг како генерален секретар се фокусира на жените лидери во Источна Европа.Столтенберг, поранешен премиер на Норвешка, ја извршува врвната дипломатска функција од октомври 2014 година. Сојузниците го продолжија неговиот договор до септември 2022 година, оставајќи нешто повеќе од една година да изберат заменик. Неодамна започнаа формалните дискусии, а наследникот […]

Mожна е забрана за веселби во затворен простор


По благиот пораст на новозаразени со коронавирусот во Македонија и потврдените кластери од свадби и семејни веселби денеска е можно членовите на Комисијата за заразни болести да донесат одлука за забрана на веселби во затворен простор. Здравствените власти уверуваат дека засега имаме мирно лето и дека нема потреба од рестрикции, но повторно се разгледува можноста […]

Ново рочиште за случајот „Плацеви на Водно“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“ во кое првообвинет е пребеганиот поранешен премиер Никола Груевски. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова. Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на […]

Почина данскиот карикатурист Курт Вестергард, познат по контроверзните карикатури за пророкот Мухамед


Данскиот карикатурист Курт Вестергард почина на 86-годишна возраст. Toj животот го завршил мирно, по долго боледување, на 14 јули, во Копенхаген, соопшти вчера неговото семејство. Вестергард стана познат на светско ниво во 2005 година, кога серија негови карикатури со исламскиот пророк Мухамед објавени во весникот „Јиландс-Постен“ ја предизвикаа најголемата криза на Данска во надворешен план […]

Како државите ги мотивираат своите граѓани да се вакцинираат


Кога започна процесот на вакцинација, некои земји имаа поголем успех од другите и постигнаа подобар напредок на тоа поле. Од самиот почеток, некои луѓе користеа разни придобивки и подароци за да ги мотивираат луѓето да се вакцинираат. Некои земји сега бараат задолжителна вакцинација за здравствените работници и вработените во одредени сектори. Кои земји сè уште […]

Во САД пристигнал патник од Африка со нова зараза- мајмунска сипаница


Американските Центри за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) го потврдија првиот случај на мајмунска сипаница во САД. ЦДЦ и Министерството за здравство на државата Тексас сооштија дека кај американски државјанин, кој допатувал од Нигерија во Тексас, се потврдени мајмунски сипаници. Патникот имал два лета во САД до крајната дестинација, Далас – прво летал од […]

Верстапен: Казната од 10 секунди несоодветна за Хамилтон, неговата прослава е непочитување и неспортско однесување


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, по трката за ГН на Велика Британија го обвини победникот на патеката „Силверстоун“ Луис Хамилтон од Мерцедес, за неспортско однесување и немање респект кон својот ривал. – За среќа, добро сум, но многу разочаран што бев отстранет од трката на овој начин. Казната не ни помогна и не беше […]