Во Австралија повторно раст на бројот на новозаразени, одложено укинувањето на ограничувањата


Австралиските држави Нов Јужен Велс и Викторија денеска соопштија за нагло зголемување на нови случаи на Ковид-19, и ги оставија во сила антипандемиските мерки, и покрај надежите дека ќе се укине ограничувањето на движењето, што влијае на повеќе од половина од населението. Нов Јужен Велс, со најнаселениот град во Австралија, Сиднеј, има 110 нови случаи на инфекција, […]

Јовески: Потребни се нови решенија за судењата да не се враќаат на почеток


Републичкиот обвинител Љубомир Јовески смета дека случаите на враќање на почеток на повеќе предмети, како што беше случај со неколку на СЈО со разрешувањето на судијата Горан Бошевски и поротникот Митко Сандев, е слабост на Законот за кривична постапка и вели дека треба да се разгледаат други решенија за да не доаѓа до ова и […]

Орбан распишува референдум за Законот за ЛГБТК заедницата и заштита на децата


Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, распишува референдум за Законот за ЛГБТК заедницата, односно за прашањата за заштита на децата. Референдумот треба да се одржи поради борбата против притисокот на Европската унија да ги измени неодамнешните амандмани на законите за образование и заштита на децата. – Во изминатите недели, Брисел очевидно ја нападна Унгарија преку законот […]

Двојно зголемување на социјалните стипендии, ќе се стипендираат и студиите од втор и трет циклус


Социјалните стипендии за студентите се зголемуваат за 100 прпоценти односно од 3.000 на 6.050. Ученичките стипендии, пак, кои се движеа од 2.000 до 2.900, сега се усогласени на 2.500 денари. За студентите од природните науки – хемија, физика и математика, стипендиите ќе бидат18.000 денари поради тоа што се дефицитарни, изјави министерката за образование и наука […]

Билборд: Тејлор Свифт е најплатена ѕвезда во 2020 без приходи од концерт


САД- Поп-ѕвездата Тејлор Свифте е најплатен музичар за 2020 година, според  Билборд.Поради пандемијата, повеќето уметници се потпираа на приходите од стриминг, отколку од турне. YoungBoy Never Broke Again, The Beatles и Lil Baby дебитираа на списокот на Билборд. Свифт влезе во историјата на Билборд заработувајќи го местото # 1 на ранг-листата на најдобро платени музичари […]

Се реконструира улицата „Лука Геров“ во Ѓорче Петров


Денеска почнаа градежните работи од реконструкцијата на улицата „Лука Геров“ во населбата Даме Груев, општина Ѓорче Петров, на потегот од надвозникот до воениот отпад. – Предвидена е реконструкција на коловозот во вкупна должина од 1.648 метри, реконструкција на тротоарот и реконструкција на атмосферската канализација во должина од 33 метри. Станува збор за исклучително важна улица […]

Македонец спаси 15-годишна давеничка во Саранда


Преку својот Фејсбук профил болничарот Јовица Ѓоргиев, вработен во Итната медицинска помош во Скопје, информираше за немилиот инцидент кој се случил на плажата во Саранда. -Во бесознание и циенотични усни со добар пулс и она што ни е вродено на сите вработени во И.М.П.-СК, да дадеме прва помош на такво лице, пристапив по протоколите за […]

Ѕвездата-дизајнер Виргил Аблох со поголема улога во ЛВМХ


Франција– Во знак на поголема доверба, ЛВМХ Моет Хенеси Луј Витон ја зајакнува својата врска со Виргил Аблох со договор што ќе му дозволи на дизајнерот да промовира нови брендови и да запечати партнерства низ целиот спектар на активности на луксузниот конгломерат, не само во модниот сектор. Како дел од договорот, LVMH ќе го зголеми […]

Битиќи во посета на „Алкалоид“: Успехот на домашните компании е успех за целата држава


„Алкалоид“ продолжи со својот развој и во 2021 при што во првата половина од годината се реализирани нови 58 вработувања, а добивката бележи двоцифрен раст   Да се опстои на домашниот и меѓународните пазари 85 години е навистина успех, а тој успех не би бил можен, доколку Алкалоид не ги следи светските трендови во фармацевтската […]

Назначен нов судија – поротник, продолжуваат судењата за „Титаник“, „Топлик“ , „Талир“ и „Тендери“


По назначување на нов судија – поротник во дел од предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство, за август и септември закажани се термини за одржување на главните расправи за предметите „Титаник“, „Топлик“ , „Талир“ и „Тендери“, соопштија денеска од Основниот кривичен суд Скопје. Од Судот информираат дека за „Топлик“ рочиште е закажано на 23 август […]

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело


Франција– Колку и да се вљубени еден во друг – луѓето во Франција многу ретко си кажуваат – „Те сакам“. Канадската писателка Лили Хајз објаснува за „Би-би-си травел“, за посебните обичаи на народот во Франција – земја во која љубовта не се покажува со зборови, туку со дела. Авторката на „Те сакам – ниту јас“ (Je […]

Над 200 отсто зголемено присуството на Ковид-19 во отпадните води во Солун и Атина


Грција– Во девет од 12 анализирани региони во Грција, регистрирано е заголемено присуство на Ковид-19 во отпадните води, зголемување кое е најголемо во Солун – за 260 отсто, во Александруполи за 255 проценти и во областа Атика, поширокиот регион на Атина, за 219 отсто, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција, јави […]

ИОК очекува Олимпијада во Пекинг 2022 година да биде со гледачи


Јапонија– Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) се надева дека ќе ги организира Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година со гледачи. Ова го изјави шефот на Комисијата за координација на ИОК Хуан Антонио Самаранч јуниор. – Објектите во Пекинг се веќе подготвени, во овој поглед, Кина е подготвена добро. ИОК, од своја страна, би сакал да […]

Ќучук: Следната година ќе организираме натпревар по историја со ученици од Бугарија и Северна Македонија


Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук, кој е и нов претседател на европските либерали, доби плакета за придонес на филозофско-историскиот натпревар „Македонија и Бугарија – блиска и далечна“. Ќучук е редовен ппддржувач на вакви иницијативи, а оваа плакета е уште едно признание за неговиот придонес во меѓународните односи на земјата. – Исклучително […]

Антитела на Ковид-19 има 67 отсто од населението во Индија


Антитела кон корона вирусот се откриени кај 67 проценти од населението во Индија, покажуваат резултатите од ново истражување, што укажува колку вирусот се проширил низ целата земја за време на вториот бран на пандемијата. Индиско истражување, во кое е испитано присуство на антитела кај луѓето, или преку прележан Ковид-19 или вакцинација, покажало дека 67,6 проценти […]

Вуди Ален и Алмодовар вечерва на „Синедејс“


  ГРАДСКИ ПАРК   21:00 | RIFKIN’S FESTIVAL (ФЕСТИВАЛОТ НА РИФКИН) * ГАЛА програма режија: Woody Allen   Приказната се врти околу американски сопружници, кои одат на филмскиот фестивал во Сан Себастијан, каде што ги понесува магичноста на настанот, убавината и шармот на Шпанија и фантазијата на филмовите. Таа има афера со генијален француски режисер, […]

Во Словенија расте притисокот врз граѓаните да се вакцинираат


Како една од мерките за забрзување на вакцинацијата владата го укина бесплатното тестирање на граѓаните   Во последните 24 часа во Словенија се потврдени нови 111 случаи на корона вирус, а вкупниот број активни случаи е 840, поради што здравствените власти повторно предупредуваат за претстојниот нов бран и потребата од зголемена вакцинација. Една од мерките […]

Во Франција стапува на сила здравствениот пасош во културните институции и спортските сали


Франција – За да се оди во кино, во музеј или во спортски установи, Французите сега мора да презентираат доказ за вакцинација или тест против Ковид-19, таканаречениот здравствен пасош. Од денеска здравствениот лист станува задолжителен за овие места веднаш штом тие се со одобренија за да примат повеќе од  50 лица, јави дописникот на МИА од […]

Русија гори, активни 208 шумски пожари


Во рускиот регион Јакутија горат дури 208 шумски пожари на вкупна површина од повеќе од 1,5 милиони хектари, соопшти Министерството за вонредни ситуации. „Дури 208 шумски пожари на вкупна површина од 1.519.431 хектари горат во Јакутија, а 14 пожари се изгаснати на вкупна површина од 82.165 хектари“, соопшти прес-службата на министерството, пренесе агенцијата ТАСС. Во […]

Иванов од Демократска Бугарија: Мора да се најде решение за Северна Македонија


Во својот говор на отворањето на 46. Народно собрание на Бугарија, лидерот на „Демократска Бугарија” Христо Иванов рече дека мора да се најде решение со Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Софија. Според Иванов, Бугарија мора да покаже цврстина, но и храброст и да најде решение за проблемот со Република Северна Македонија во […]