Според анкета на „Брима“ СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ со 2,6 отсто


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска објави резултати од анкета на агенцијата „Брима“, според кои партијата има предност од 2,6 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето „Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате“ 18,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 16,3 отсто рекле дека својот глас ќе му […]

Поради собраниската Комисија за надворешни работи пет амбасадори не можат да заминат на должност


Пет амбасадори не можат да бидат испратени на должноста затоа што не се одржува Комисијата за надворешни работи во Собранието, каде што тие ќе ги презентираат своите тези и очекувања, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој соопшти дека вчера на владина седница поминале неколку предлози за амбасадори. – Пет амбасади чекаат со […]

ГИС: Владата да каже кој е инвеститорот на најавената фабрика за отпад во Неготино


Граѓанскиот инспекциски совет (ГИС) бара Владата јавно да каже кој е инвеститорот на новата фабрика за отпад во Неготино што е најавена како стратешка инвестиција, да го соопшти неговото име, да прецизира каква технологија се планира за овој објект, колку ќе чини и кој ќе гарантира за нејзиното стручно инсталирање и примена. Владата да информира, […]

Османи: Оваа влада е на ДУИ и не може да излезе од неа


 За ДУИ е прифатлив кој било датум за локалните избори за кој ќе се договорат политичките партии, изјави шефот на дипломатијата и член на ДУИ Бујар Османи. – Kога политичките партии имаат проблеми со датумите повеќе тоа ми личи дека имаат проблеми со самодовербата за исходот на изборите. Ние во овој случај немаме таков проблем.Така […]

ДКСК ќе проверува несразмерно зголемен имот на поранешен министер


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) оформи постапка за испитување на имотната состојба на поранешен министер, поради утврдување на несрезмерно зголемен имот. Исто така, беа изгласани предлози до Комисијата за прекршоци во ДКСК за прекршочни мерки за неколку поранешни и сегашни функционери, поради прекршување на обврската за доставување на анкетен лист за утврдување на […]

Милошоски: Наместо европска Македонија, станавме Колумбија


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, реагираше на ставањето европско знаменце на предлог законот за бизнис со дрога и  марихуана. -Сметаме дека ова е скандалозен чин со којшто по којзнае кој пат се злоупотребува европското знаменце за теми кои немаат никаква унифицирана регулатива во Европската унија. Заев и Ахмети четири години ги лажат граѓаните дека од […]

Бакингемската палата против објавувањето на мемоарите на принцот Хари


Англија– По вестите дека британскиот принц Хари ги пишува своите мемоари, Бакингемската палата излезе со свој коментар. Имено, претставник на палатата за „Пипл“ кажа дека принцот неодамна зборувал приватно со кралското семејство за објавување на книгата, додавајќи дека тој нема да добие дозвола од палатата за проектот. Во понеделникот, „Пенгвин рандом хаус“ објави дека принцот […]

Бризбен, Австралија ја доби организацијата на Летни олимписки игри 2032 година


Летните олимписки игри во 2032 година ќе се одржат во Бризбен, Австралија. Оваа одлука беше донесена денес на седницата на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во Токио. Седумдесет и двајца од 80 учесници на сесијата на МОК гласаа за Игрите во Бризбен, петмина гласаа против. Уште тројца учесници на сесијата беа воздржани од гласање. Олимпијадата во […]

Апелација ја потврди првостепената пресуда за „Рекет“


Апелационен суд Скопје како неосновани ги одби жалбите на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева за случајот „Рекет“ и ја потврди првостепената пресуда. -Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -91/20 познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата Катица Јанева од Скопје, […]

Бесими најави Стратегија за либерализација и развој на финансиските пазари


Подготовка на Стратегијата за развој на финансиските пазари со посебен осврт на пазарот на капитал, нови закони во областа на банкарството, осигурувањето, пазарот на капитал, платежните услуги, ревизијата, ќе бидат во фокусот на работењето на Советот за развој на пазарот на капитал со која претседава министерот за финансии Фатмир Бесими. Во Министерството за финансии денеска […]

Зголемената побарувачка за патувања ја намали загубата на „Јунајтед ерлајнс“


Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ денеска го објави својот редовен квартален извештај во кој наведува дека вториот квартал го завршила со помала загуба и четирикратно зголемување на приходите, благодарение на обновената побарувачка за патувања по укинувањето на ограничувачките мерки заради пандемијата со коронавирусот. Во периодот од април до јуни, прилагодените оперативни приходи на „Јунајтед ерлајнс“ скокнаа […]

МЗ: На Клиниката за хематологија за прв пат изведена афереза на периферни матични клетки кај дете


 Министерството за здравство соопшти дека на Универзитетската Клиника за хематологија, во соработка со Универзитетската Клиника за детски болести денеска се реализира и афереза на периферни матични клетки кај деветгодишно дете, ХЛА ДНК идентичен донор на матични клетки за сестра која боледува од акутна леукемија и на која и е потребен третман со трансплантација на матични […]

Најголем пораст кај станбените и потрошувачките кредити, пад кај автомобилските


Паричната маса во јуни годинава, бележи месечен раст од 1,1 отсто што во најголем дел се должи на зголемените депозитни пари, а во помала мера и на долгорочните депозити до две години и краткорочните депозити, при пад кај готовите пари во оптек. Годишниот раст изнесува 8,3 отсто и главно е резултат на повисоките депозитни пари, […]

Поплавите предизвикаа хаос во Романија, има загинати


Поројните дождови во изминатите 24 часа предизвикаа поплави на 36 локации во 15 романски области. Според последните информации, две лица загинале. Службата за вонредни ситуации (ИГСУ) денеска соопшти дека противпожарски и спасувачки служби се обидуваат да евакуираат десетици туристи кои се блокирани од надојдената вода. Погодените области од невремето се Алба, Аргеш, Ботосани, Брашов, Клуж, […]

Ердоган ги зовре страстите околу Кипар


Плановите на турскиот претседател за две држави на Кипар наиде на остри реакции од ЕУ и САД   Брисел и Вашингтон остро реагираа на одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган делумно да го отвори аветинскиот крајбрежен туристички град испразнет од неговите оригинални жители, кипарските Грци, како и на неговиот предлог за решение за две […]

Најголемите Понзи шеми во модерната историја (инфографик)


Некои работи едноставно звучат премногу добро за да бидат вистинити, но кога станува збор за пари, нашата проценка може да стане нејасна. Ова често се случува со Понзи шемите, еден вид финансиска измама што ги примамува инвеститорите ветувајќи ненормално високи приноси. Парите што ги донеле новите членови се користат за плаќање на основачот на програмата, […]

Царовска ги повика наставниците да се вакцинираат


Апелирам наставниците и сите придружни и помошни кадри да се пријават за вакцина за да се зголеми процентот на имунизирани што работат во училиштата, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска откако министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека ќе почне интензивна комуникација со министерствата за образование и наука и за труд […]

СЗО: Делта мутацијата на Ковид-19 регистрирана во 124 држави


Бројот на земји и територии, во кои циркулира многу заразниот делта сој на коронавирусот, е зголемен за уште седум од 13 јули, па сега е регистриран во 124 земји, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во претходните седум дена, уште 13 земји го информираа СЗО за присуство на делта мутацијата. Експертите тврдат дека делта сојот […]

Објавен постерот на 78. Филмски фестивал во Венеција


Италија- Филмскиот фестивал во Венеција го претстави својот официјален постер од италијанскиот илустратор и автор Лоренцо Матоти и објави дека филмот на венецијанецот Андреа Сегре, како фестивалот се движел во Ковид-19, ќе се прикаже како настан пред отворањето. Насловен како „La Biennale di Venezia: il cinema al tempo del Covid“, што во превод значи „Венециско […]

Ќе се јакнат капацитетите за водење финансиски истраги и за конфискација на имот


Денес е промовирана двегодишна стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот која ќе испрати порака дека организираниот криминал е неисплатлив. Паралелно со криминалистичката истрага за делата, како што се недозволена трговија со дрога, криумчарење мигранти, тероризам и злоупотреба на службена положба и овластување, ќе се трага и по висината […]