Вашингтон пост: САД и Германија постигнаа договор за гасоводот „Северен поток 2“


САД – САД и Германија постигнаа договор за рускиот гасовод „Северен поток 2“, ставајќи крај на несогласувањата околу тоа прашање, објави „Вашингтон пост“. Според договорот, Германија се согласила да инвестира во инфраструктурата за украинската зелена технологија, а САД – да ги прекинат своите напори за блокирање на гасоводот, пишува весникот. Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел разговараше […]

Сончево со мала до умерена облачност и северен ветер


Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје и околинта ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен […]

Орце Камчев со брза помош бил однесен на Кардиологија


 Јордан Камчев поради лоша здравствена состојба со возило на брзата помош утрово е пренесен на Клиниката за кардиологија во Скопје. По реакција на лекарскиот тим на Клиниката за кардиологија во Скопје и по стабилизирање на состојбата на Камчев, тој е вратен во КПУ затвор Скопје каде што ја издржува мерката притвор. Денеска, за време на […]

Фудбалерите на Бока преспаа во автобус пред полициска станица


Фудбалерите на аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс ја минаа ноќта во автобус пред полициска станица, откако физички се пресметаа со обезбедувањето на натпреварот од Копа Либертадорес против бразилскиот клуб Атлетико Минеиро. По завршувањето на натпреварот, на кој Атлетико триумфираше по подобро изведување пенали, фудбалерите на Бока револтирани поради поништен гол се степаа пред соблекувалната со членови на обезбедувањето. Поради […]

Барањето на Независниот синдикат на судската полиција за бенефициран стаж ќе биде разгледано


Секогаш има простор за унапредување на правата на работниците. Барањето на Независниот синдикат на судската полиција за бенефициран стаж ќе биде разгледано. Доколку има потреба во наредниот период ќе има дополнителни консултации и со Министерството за правда, истакнала министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на средбата со претставници на Независен синдикат на судската […]

Влада: Личната употреба на канабисот не е кривично дело


Сегашните одредби од Кривичниот законик (КЗ) предвидуваат дека кривично дело е пуштањето во промет и продажбата на канабис и на другите опојни дроги, појаснуваат од Владата. Личната рекреативна употреба на канабисот и денес не е кривично дело, но праксата покажува дека на терен постојат нејаснотии или злоупотреби и имаме ситуации кога лица кои користат канабис […]

Додека гори замрзнатата земја, Сибир трепери: „Ако ја немаме шумата, немаме живот“


Трета година по ред, жителите на североисточен Сибир се борат со најлошите пожари што можат да ги запомнат, а многумина останаа да се чувствуваат беспомошни, лути и сами   Повикот за помош ги осветли телефоните на селаните во 7:42 часот во болно зачадената вечер на сибирското замрзнато пространство кое забрзано се загрева „Итно ги замолуваме […]

МФ почна со конкректна реализација на препораките од Економско – финансискиот дијалог со ЕУ


Министерството за финансии ги започна активностите за реализација на заедничките заклучоци од Економско – финансискиот дијалог со Европската унија поврзан со Програмата за економски реформи. Главните препораки од дијалогот се усвоени на 12-ти овој месец и се насочени кон континуиран одговор со фискални, економски и социјални политики за ублажување на последиците од пандемијата и поттикнување […]

Белгија: Договорен прекин на штрајкот на глад на мигрантите, се оди кон политичко решение


После 59 дена штрајк со глад и пет дена штрајк со жед денеска е зачнат компромис помеѓу владата и мигрантите без документи кои штрајкуваат, тие штотуку најавија дека го суспендираат штрајкот, јави дописничката на МИА од Брисел. По недели политички и дипломатски притисок од внатре и од надвор, белгиската влада успеала да постигне начелен договор […]

Токио 2020: Женскиот олимписки турнир во фудбал почна со сензација


Шведска стави крај на серијата од 44 натпревари без пораз на САД, совладувајќи го денеска актуелниот светски првак со 3:0 во премиерниот натпревар од групата Г на женскиот турнир во фудбал на Олимписките игри во Токио. Сензационалната победа на Швеѓанките на Олимпискиот стадион во јапонската престолнина им ја донесоа двојниот стрелец Стина Блакстениус и Лина Хуртиг. Во […]

„Апокриф“ на Добрила и Дориан дуо – 45-то ЦД на СЈФ рекордс


„Апокриф“ е насловот на првото издание на дуото Добрила и Дориан кое беше промовирано денеска под етикетата на Скопје џез фестивал (СЈФ). Првиот човек на СЈФ Оливер Белопета на промоцијата истакна дека компакт-дискот „Апокриф“ е 45. издание на SJF Records, а следи по минатогодишниот забележителен настап на дуетот Добрила и Доријан на ОФФ Фест. -Во […]

Пандемијата се разгорува во светот, скоро 3,5 милиони новозаразени за седум дена


Делта-сојот вирусот корона, кој во моментов е доминантен во голем број земји, ја забрза пандемијата – бројот на заразени се зголеми за 12% за една недела! Повеќе од 3,4 милиони нови случаи и 56.000 смртни случаи се регистрирани ширум светот минатата недела, соопшти Светската здравствена организација во неделниот билтен објавен рано утрово во Женева, што […]

Макрон нареди истраги во врска со „Пегаз“


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска побара серија истраги за случајот со шпионскиот софтвер Пегаз, информира денеска премиерот Жан Кастекс за францускиот ТВ канал ТФ1. Францускиот дневен весник „Ле Монд“ објави дека телефонот на Макрон е на списокот на мароканска разузнавачка агенција, со цел да се изврши надзор со помош на шпионскиот софтвер „Пегаз“. Според информациите, телефонските броеви […]

Османи: Има сериозни прозорци на можности за решение со Бугарија до крајот на годината


Шефот на дипломатијата Бујар Османи оцени дека постојат сериозни прозорци на можност да се дојде до решение со Бугарија до крајот на годината. Османи оценува и дека за да се дојде до решение од голема важност ќе биде и политичкиот контекст во Софија, односно дали ќе се формира влада или повторно ќе се оди на […]

Дури 29.000 лица се гонети за навреда на Ердоган за последните три години


Турските судови процесуираа повеќе од 29.000 лица за навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган во периодот од 2018 до 2020 година, објави во вторникот весникот „Созџу“, повикувајќи се на податоци на Министерството за правда. Вкупно 9.773 лица се соочија минатата година со судовите, од кои 152 странски државјани и 290 деца, пишува „Созџу“. Од вкупниот […]

Африканска чума кај свињите: Европската агенција за безбедност на храна ја проширува кампањата во уште девет земји


Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) ги засилува напорите да го запре ширењето на африканската чума кај свињите во Европа со проширување на својата кампања во уште девет земји   Минатото лето, EFSA започна голема кампања за подигнување на свеста за болеста во југоисточна Европа. Кампањата беше спроведена во партнерство со локалните власти во […]

Со ваучер од 150 евра се поттикнува вакцинацијата кај младите во Грција


Само еден ден по отворањето на платформата за „Freedom pass“ веќе се пријавиле 120.000 вакцинирани млади Грци на возраст од 18 до 25 години, кои ќе добијат ваучер од 150 евра за патувања, одмор или забава, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку „Твитер“ соопшти дека се доставени 120.000 барања и паралелно, […]

Петнаесет нови случаи со Ковид-19, нема починати пациенти


 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 10, Куманово и Дебар – по 2, Тетово – 1.  Регистрирани сe шест оздравени пациенти од: Скопје – 5 и Тетово – 1. Не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството […]

Вакцинирани 467.822 граѓани, вчера вакцина примиле 12.053 граѓани


 Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 467.822 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.686 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.053 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 760.961 дози вакцини, а […]

Џеф Безос со по 100 милиони долари ќе награди соработник на Си-ен-ен и шпански готвач


Џеф Безос, најбогатиот човек на светот и основач на „Амазон“, изјави дека планира со по 100 милиони долари да ги награди соработникот на Си-ен-ен, Ван Џонс и шпанскиот готвач Хозе Андреас. Порача дека со парите ќе можат да прават што сакаат. „Ќе можат парите да ги дадат на добротворни друштва. Ќе може да го поделат […]