Роднините на жртвите во Мајами ќе добијат повеќе од 150 милиони долари отштета


САД– Роднините на загинатите и повредените при уривање на станбената зграда во местото Сурфсајд во Мајами, Флорида, ќе добијат отштета од најмалку 150 милиони долари, објави Фокс њуз, повикувајќи се на судската одлука на округот Мајами-Дејд. Сумата вклучува 50 милиони долари за осигурување и најмалку 100 милиони долари за загуба на недвижен имот во веќе […]

Уметниците слободно може да сликаат под стоковната куќа „Мост“


Град Скопје во рамки на кандидатурата за Европска престолнина за културата за 2028 година назначува два легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично. Тоа се потпорниот ѕид на улица „Војвода Васил Чакаларов“ („Адолф Циборовски“) по „Реплек“ и ѕидовите од двете страни на булеварот „Гоце […]

Мексико потрошило 300 милиони долари за израелски шпионски софтвер


Главниот мексикански истражител против перење пари изјави дека официјални претставници во претходните влади од 2012 до 2018 година потрошиле 300 милиони долари државни пари за купување софтвер од израелската компанија за шпионирање НСО.   Се чини дека сметките за програми како што е шпионскиот софтвер „Пегаз“ вклучувале вишок пари кои можеби им биле исплаќани на […]

Најмалку 33 загинати во поплавите во централна Кина, евакуирани десетици илјади лица


 Десетици илјади луѓе до денеска се евакуирани од поплавените подрачја во централниот дел на Кина, а властите јавуваат дека на 33 е зголемен бројот на загинати лица, во поплавите што во провинцијата Хенан траат речиси една недела. Неколку градови се поплавени и насадите се уништени бидејќи катастрофалното време се прошири на север, а официјалната новинска […]

Вицепремиерот Димитров ќе учествува на неформалниот состанок на министри за европски прашања


На покана на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, вицепремиерот  задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за европски прашања во својство на членови на Советот за општи работи (GAC), што денеска и утре се одржува во Љубљана и Брдо кај Крањ. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, […]

АХО: Северна и Јужна Америка се соочуваат со пандемија на невакцинирани


САД– Северна и Јужна Америка се соочуваат со пандемија на невакцинирани, соопшти Пан-американската здравствена организација (ПАХО), која предупреди дека земјите со низок опсег на вакцинација имаат зголемен број заразени од Ковид-19 и повторно ги повика земјите кои располагаат со поголем број вакцини да ги донираат. – Се соочуваме со пандемија на невакцинирани, а единствениот начин да се […]

Кина одбива да учествува во втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот


Кина – Планот на Светската здравствена организација (СЗО) за втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот содржи јазик што не ја почитува науката и Кина нема да го следи, изјави на прес-конференција Зенг Јинсин, заменик-шеф на Државниот комитет за хигиена и здравје на кинеската република, пренесува Тасс. -Што се однесува до предлогот на СЗО за […]

Вајнстин се изјасни за невин за силувањата во Лос Анџелес


САД– Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин вчера пред Судот во Лос Анџелес се изјасни за невин, за силување и сексуални напади врз пет жени, соопшти канцеларијата на државниот обвинител. Вајнстин (69) првпат се појави на судење во Лос Анџелес, каде што е обвинет за пет случаи на сексуален напад со употреба на сила, во периодот […]

Во Москва приведени двајца поранешни соработници на Навални


Русија – Московската полицијата вчера уапси двајца поранешни членови на тимот на опозициски политичар Алексеј Навални и и го продолжи куќниот притвор на неговата портпаролка. Навални се наоѓа во притвор од јануари 2021 година, кога се врати во Русија по неколкуте месеци минати на лекување во Германија заради труењето со нервнот агенс „Новичок“ во август 2020 […]

Министерката Шекеринска во прва официјална посета на Португалија


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја започна дводневната официјална посета на Португалската Република. Посетата се реализира на покана на министерот за одбрана, Жао Гомеш Кравињу и е прва официјална посета на наш министер за одбрана. Како што соопшти Министерството за одбрана, во рамки на посетата, министерката Шекеринска ќе има средба со домаќинот, португалскиот министер, како […]

Украина бара консултации со ЕУ и Германија за „Северен поток 2“


Украина– Украина започна официјални консултации со Европската унија и Германија за „Северен поток 2“, изјави министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, нагласувајќи го уште повеќе спротивставувањето на Киев на гасоводот, за кој тврди дека претставува закана за европската безбедност. Кулеба на Твитер објави дека официјални ноти веќе биле испратени до Брисел и Берлин. Шефот на […]

Маас задоволен од „конструктивниот“ компромис околу „Северен тек 2“


Германија– Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, синоќа го поздрави договорот меѓу Германија и САД за гасоводот „Северен тек 2“, на кој Вашингтон веќе долго време се спротивставуваше. „Ми олесна што со САД најдовме конструктивно решение во врска со „Северен тек 2 ““, напиша Маас на Твитер. „Ние ќе и помогнеме на Украина да […]

Протести во Франција против воведување ковид сертификати


Франција – Стотици луѓе синоќа протестираа во Париз против воведувањето ковид сертификати  за одредени активности и против задолжителните вакцини за здравствените работници.   Од средата, посетителите на музеи, кина и базени во Франција мора да покажат ковид сертификат со кој се докажува дека се вакцинирани против коронавирус или имаат негативен тест.   Некои од демонстрантите вееја знамиња […]

Хрватска го става ликот на Тесла на евро-монетите


Хрватска- Ликот на Никола Тесла, светски познат научник со потекло од Хрватска, ќе се најде, според сегашниот концепт, на хрватските евро-монети од 50, 20 и 10 центи, а предлозите се да има и шаховница, карта на Хрватска, куна и глаголица. Премиерот Андеј Пленковиќ изјави вчера дека тоа се предлози што се појавија. – Концептот би […]

„Има таков народ” ги почнува преговорите за нова бугарска Влада


Бугарија – Најбројната политичка партија во новоизбраниот бугарски Парламент, „Има таков народ“, ги почнува преговорите и консултациите за формирање влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, раководството на „Има таков народ“ веќе испратило писма за средба со лидерите на Бугарската социјалистичка партија, „Стани БГ! Доаѓаме“ и „Демократска Бугарија“. Засега само ГЕРБ нема добиено покана […]

Концертна вечер со Мешаниот хор на Косовската филхармонија вечерва на „Охридско лето“


На програмата на „Охридско лето“ вечерва сцената на катедралната црква „Света Софија“ е резервирана за настапот на Мешаниот хор на Косовската филхармонија. Хорот на Косовската филхармонија е професионален ансамбл кој го сочинуваат 50 пејачи. Тој  на своевиден начин ја продолжува работата на поранешниот хор на РТВ Приштина кој беше добро познат во регионот и пошироко […]

По идејата на Заев за локални избори на 31 октомври: ВМРО-ДПМНЕ бара тие да се одржат на 17 октомври, додека за ДУИ е прифатлив кој било датум


Откако премиерот Зоран Заев изјави дека ќе бара согласност од партиите локалните избори во државата локалните избори да се одржат на 31 октомври, со цел да се избегне нивно поклопување со пописот, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека премиерот на своја рака, без консултација со останатите партии, бара поместување на датумот на локалните избори од средината […]

Состојбата со коронавирусот во државата засега е стабилна, имунизацијата на населението се одвива непречно на сите пунктови


Продолжува трендот на намален број на новозаболени лица од коронавирусот во државата. Според вчерашните податоци објавени од Министерството за здравство, регистрирани се 15 нови случаи, а нема починати лица. Во текот на деноноќието меѓу вторникот и средата направени се вкупно 2.550 тестови, а вкупниот број на активни случаи во државава вчера изнесуваше 234. Министерството за […]

Собранието ќе расправа за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за „црвените линии“ во разговорите со Бугарија


Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е на дневниот ред на 47. седница на Собранието, која треба да се одржи денеска. На дневниот ред од денешната седница се повеќе предлог закони, како и барања за давање на автентично толкување на членови од повеќе закони. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски […]

Заев: Се надевам на решение за спорот со Софија со новата бугарска Влада


Премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „Конфликтна зона“ на Дојче веле изјави дека се надева на решение на спорот со Бугарија со новата влада во Софија. – Големо е разочарувањето и траумата кај граѓаните по блокадата на европскиот пат на Северна Македонија, но земјата нема да бара алтернативи, вели премиерот Заев во интервјуто. Во […]