ФИТР: Поднесени 11 предлог проекти за воспоставување лаборатории за производство „FAB LABS“


Вкупно 11 проектни апликации беа доставени на јавниот повик „Предизвик за воспоставување лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат”, што го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Од пријавените, осум предлог проекти се поднесени од високообразовни установи, од кои девет се во Скопје, а другите две е планирано да бидат лоцирани во […]

Мет Дејмон: За вакцините, верувајте ѝ на науката место на Фејсбук


САД– Американскиот глумец Мет Дејмон повторно повика на борба против корона-пандемијата, а како едно од најефикасните оружја ја наведе вакцината. – Тешко ми е, имам неколку пријатели кои се имунокомпромитирани и не можат да се вакцинираат, така што немаат друг избор освен да се потпрат на нас останатите да си ја одработиме својата улога за да […]

Општина Центар подготвена ќе го дочека почетокот на новата учебна година


Осумте основните училишта на територија на Општина Центар се подготвени за почетокот на новата учебна година. Ова, денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и раководителката на општинскиот Сектор за јавни дејности, Јагода Јанковска, на одржаниот онлајн состанок ѝ го соопштија на министерката за образование и наука, Мила Царовска. Општина Центар изминатиот период, особено во […]

Апел на 34 организации од Македонија и Албанија до Комитетот на УНЕСКО


Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ поднесе писмо до Комитетот за светско наследство, поддржано од 18 македонски и 15 албански организации, со апел за впишување на Охридскиот регион во Листата на светски наследства во опасност. Триесет и четири организации изразуваат загриженост за состојбата на Охридскиот регион, која, како што велат, не е последица на војна […]

Кејт Мидлтон со нова фотографија за 8-от роденден на принцот Џорџ


Англија– Принцот Џорџ денес полни 8 години. По повод роденден , мајка му, војвотката од Кембриџ сподели нова фотографија од најстариот син на социјалните мрежи. Принцот Џорџ  беше фотографиран на почетокот на овој месец во Норфолк, Англија, каде што семејството има свој дом. Најстарото дете на трите деца на Кејт и принцот Вилијам, беше во […]

Вучиќ: Многу успешен разговор со Заев и Рама во пресрет на Форумот во Скопје на 29 јули


Србија -Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговараше денеска преку видео врска со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, за регионалниот економски форум што ќе се одржи во Скопје на 29 јули, јави дописникот на МИА од Белград. -Многу успешен разговор со Заев и Рама посветен на подготовките за регионалниот економски форум […]

Мала луксузна населба се гради во Сарај – вили со базени, хотел, ресторани, спа-центри


На 150.000 метри квадратни, во близина на Скопје, во Општина Сарај, се градат 142 луксузни вили со базени, широки дворови и огромен парк во близина. Реализацијата на оваа елитна населба наречена комплекс „Планет“’ почна во ноември лани, со изградба на пристапен пат. Денеска, таму присуствуваат премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на […]

Исплата на пензиите од 27 јули


Пензионерите може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27-ми месецов, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи по распоред составен според висината на пензијата. Исплатата на пензиите ќе се врши според следниот редослед: Пензии над 18.001 денари […]

Бајден во Холот на претседателите на „Дизни“


САД–  Бајден престојува во Белата куќа од 20 јануари, но ќе мора да почека до август за да биде примен во друга престижна одредница. Тогаш, 46-от и актуелен претседател на САД ќе им придружи на неговите претходници – од Џорџ Вашингтон до Доналд Трамп – во Холот на Претседателите, во светот на Волт Дизни од […]

Далеку сме од колективен имунитет


Досега кај нас една доза вакцина примиле 27,5 отсто од граѓаните. Тоа многу малку за да се стигне до колективен имунитет. Ритамот на вакцинирање е добар, но то не е доволен за неколку месеци бројот на вакцинирани да стигне близу 80 отсто   Со вакцинирани околу 470 илјади граѓани Македонија сѐ уште е во долниот […]

Награди „Кенеди“: Џони Мичел и Бет Мидлер меѓу лауреатите


САД– Центарот Кенеди објави нова класа лауреати. Пејачот и текстописец Џони Мичел, основачот на Motown Records, Бери Горди, креаторот на Saturday Night Live, Лорн Михаелс, актерката и пејачка Бет Мидлер и бас-баритонот Џастино Диаз, ќе бидат почестени на церемонијата оваа година. Достигнувањата на Центарот Кенеди во 2021 година ќе се вратат во вообичаеното време и […]

ВМРО-ДПМНЕ сака да отвори пазар за крипто валути во Македонија


С идеја да се оди кон иднината лидерот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа најави дека неговата партија ќе разработи модел според кој во Македонија ќе се тргува со крипто валути за да бидеме меѓу првите во регионот. Трговијата со крипто валутите Христијан Мицкоски ја спореди со појавата на интернетот во 1990-тите и новата технолошка револуција. „Нашата понуда […]

СЗО: Паѓа менталното здравје поради пандемијата


 Пандемијата на коронавирусот веројатно долгорочно ќе влијае на менталното здравје ширум светот, предупредуваат европските канцеларии на Светската здравствена организација (СЗО) во новиот извештај објавен денеска. „Психолошките лузни што ги остави пандемијата произлегуваат и од инфекцијата и од стравот од инфекција, но и од психолошките последици од заклучувањето и самоизолацијата, за што многумина се одлучија во […]

Заев: Имаме многу резултати во борбата против корупцијата


Фокусот на Владата беше да ги користиме и сите меѓународни успешни алатки за борба со криминалот и корупцијата и имаме многу добри резултати. Извештајот на „Транспаренси интернешенел“ го прифаќаме како поттик за да одиме чекор по чекор според насоките што тој ги дава, порача премиерот Зоран Заев во емисијата „Конфликт зоун“ на „Дојче веле“. Нагласи […]

Откриени 12 нови случаи позитивни на корона вирус на Игрите во Токио, од кои двајца се спортисти од Oлимпиското село


Дванаесет нови случаи на инфекција со коронавирус беа идентификувани на Летните олимписки игри во Токио во текот на вчерашниот ден. Ова го објави прес-службата на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Двајца од заразените се странски спортисти кои се сместени во Oлимпиското село, другите десет се работници поврзани со организацијата на Игрите и службени лица. Олимписките игри […]

Радев утре ги почнува консултациите за состав на новата бугарска Влада


Бугарскиот претседател Румен Радев ќе одржи консултации со претставници на пратеничките групи од 46-то Национално собрание, пред да му го предаде мандатот за формирање нова влада на кандидатот за премиер што ќе го номинира најголемата партија во парламентот. Како што јави дописникот на МИА од Софија, консултациите со пратеничките групи, предвидени со бугарскиот Устав, Радев […]

ИОК забрани објавувавње фотографии со спортисти кои клечат


Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и организаторите на Олимписките игри во Токио забранија фотографии на социјалните платформи на спортисти кои клечат за поддршка на кампањата „Црните животи се важни“. Вчера британските и чилеанските фудбалери станаа првите спортисти во историјата на Олимпијадите кои клекнаа во борбата против расизмот и дискриминацијата. Се известува дека наредбата била дадена непосредно […]

Онлајн состанок на Заев со Вучиќ и Рама: Се поврзуваме уште повеќе, ова е нов европски Балкан


Премиерот Зоран Заев утрово имал онлајн состанок во врска со подготовките за Економскот форум за регионална соработка, што го организираат со неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ. -Утрово имав продуктивен состанок посветен на подготовките за Економскиот форум за регионална соработка, кој заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на […]

МВР набави нови 40 дрегери


Министерството за внатрешни работи набави нови 40 етилометри (познати уште и како дрегери) кои ќе бидат предадени на сообраќајната полиција за санкционирање на возачите што управуваат возила под дејство на алкохол. По неодамнешната набавка на 50 модерни, технички високо-софистицирани радарски уреди, од МВР, информираат дека продолжуваат со опремувањето на сообраќајната полиција со цел уште поголемa […]

Бајден : Имаме пандемија меѓу оние кои не се вакцинираa


САД– Американскиот претседател, Џо Бајден, изрази незадоволство заради слабиот одговор на вакцинација против Ковид-19. Според него, од огромна важност е Американците да почнат да се вакцинираат, сега откако вирусот почна повторно да се шири. Во телевизиското обраќање од Синсинати, Бајден кажа кризата многу ги погоди невакцинираните во време кога ширењето на делта сојот на вирусот […]