Премиерот Заев панелист на конференција на „Економист“ во Атина


Премиерот Зоран Заев од денеска ја започнува дводневната работна посета на Атина, Грција, а утре ќе учествува на панел дискусијата во рамките на конференцијата на „Економист“ – 25 Тркалезна маса со Владата на Грција на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“, соопштија од владината прес-служба. Премиерот Заев ќе дискутира на важни прашања, како подобрување […]

Не видов пенал, чувствуваме горчина поради ваквата елиминација, вели данскиот селектор


Селекторот на данската фудбалска репрезентација Каспер Јулман искажа незадоволство од досудениот пенал за Англија синоќа во полуфиналето на ЕВРО 2020. Во 104-та минута беше досуден пенал против Данците за наводен прекршок над Рахим Стерлинг. Хари Кејн го реализира пеналот откако голманот Каспер Шмајхел, ја одби кусо топката по првиот удар. Моментот со падот на Стерлинг […]

Една година од регистрацијата на првите мали семејни винарии, многу награди за квалитетни вина


Помина една многу  успешна година од денот кога најголем дел од членовите на здружението „Тиквешки семејни винарии” се впишаа во регистарот на производители на вино. -И во време на пандемија произведовме врвни вина кои се закитија со многу домашни и меѓународни награди годинава. Ова го истакна синоќа претседателот на Здружението со седиште во Кавадарци, Горан […]

Во Подгорица средба Ѓукановиќ – Палмер


Целта на САД е стабилна Црна Гора на европскиот и евроатлантскиот пат, заштитена од надворешни влијанија, нагласи заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер на вчерашната средба со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Палмер додаде дека е во интерес на САД да придонесат за стабилноста на Западен Балкан во партнерство со Европска Унија, со порака […]

„Ибицагејт“: Две години политички превирања во Австрија


Две години по откритијата во аферата наречена „Ибицагејт“, завчера во Виена почна првото судење поврзано со скандалот, против поранешниот австриски вицеканцелар од крајната десница, Хајнц-Кристијан Штрахе, кому му се суди за корупција. Овој скандал со многу заплети веќе го вознемири конзервативниот канцелар Себастијан Курц. Што се случува на островот Ибица? На летниот одмор на Балеарските […]

Со „Ковид 4“ грантови до 15.000 евра за фирми од најпогодените сектори


Со бескаматната кредитна линија „Ковид 4“, во износ од десет милиони евра, што ја промовираше Владата вчера како дел од шестиот пакет антикризни мерки, се предвидени грантови до 15.000 евра за фирми од најпогодените сектори – туризам, угостителство, ивент индустрија, приватни здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, доколку отворат нови работни места и ги зголемат […]

Продолжуваат горештините, температурата до 40 степени, УВ-индексот 9


Времето во земјава ќе биде претежно сончево и многу топло, во источните делови со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, на југоистокот од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и […]

Град Скопје ќе го презентира проектот за новиот јавен транспорт – БРТ


Град Скопје денеска ќе го презентира  системот на брз автобуски јавен превоз БРТ  во Скопје. На презентацијата ќе учествуваат градоначалникот Петре Шилегов, помошник директорот на ЕБОР, Ијан Џенинкс, сообраќајниот експерт од областа на јавен градски превоз, Никола Крстаноски, сообраќајниот експерт за БРТ, Градимир Стефанович и генералниот менаџер на РОМ Инженерство, Мош Хрш. Проектот се реализира […]

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, засега, без консензус, документот во собраниска процедура најдоцна до утре


Резолуцијата за евроинтеграцискиот пат на државата и црвените линии во однос на националните прашања, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја достави во Собранието најдоцна до утре. Од опозициската партија очекуваат таа да биде прифатена од страна на сите парламентарни групи во Собранието. За документот поддршка дадоа пратениците од македонскиот блок партии, ДУИ бара дополнително усогласување, додека Алијанса на […]

Поради делта сојот можни се рестриктивни мерки на границите, дозволена вакцинација и на деца


По детектирањето на индиската – делта варијанта на коронавирусот кај пациенти во земјава, можно е воведување мерки на границите при влез во Северна Македонија, но не и реорганизација на она што сега функционира како што се отворени установи со протоколи. До вчерашниот ден во државава се регистрирани десет случаи на заразени со индискиот сој, а вкупно се […]

Промоција на Првата национална Стратегија за финансиска едукација и инклузија


Народната банка денеска ќе одржи виртуелна промоција на Првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија (2021-2025). На промоцијата се најавени обраќања на гувернерката на централната банка Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии Фатмир Бесими, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување Крсте Шајноски, како и на Максуд Али, претседател на […]

Болницата „Св. Еразмо“ во Охрид ќе добие современ центар за физикална терапија


Проектот „Реконструкција и опрема на современ центар за физикална терапија во болницата Св. Еразмо“,  денеска ќе биде промовиран во просториите на болницата „Св.Еразмо“, во Охрид. Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, целта на настанот е да се презентираат резултатите од проектот кој што е поддржан преку грант-шемата за инвестициски проекти во областа на социјалното […]

Тур де Франс: Вут ван Аерт покажа мастеркласа на двојното искачување на Мон Венту


Вут ван Аерт предизвика спомени од петкратниот победник на Тур де Франс, Еди Меркс, со спектакуларна соло-победа во застрашувачката етапа со Мон Венту, кога се појавија првите удари во оклопот на бранителот на титулата, Тадеј Погачар, на второто искачување на Џинот на Прованса. Погачар не беше во можност да одговори на доцниот напад од совозачот […]

Стејт департмент: Водењето бизнис е генерално лесно во Северна Македонија, проблем корупцијата


Додека водењето бизнис е генерално лесно во Северна Македонија, и правната рамка во голема мера е во согласност со меѓународните стандарди, корупцијата е постојан проблем, се вели во извештајот на Стејт департментот за климата за инвестирање во државата за 2021 година. Во извештајот, како што јави ВОА, се наведува дека имало кредибилни обвинувања за корупција […]

ЕВРО 2020: Дали беше пенал? Англија ја прекина данската бајка во продолженијата и закажа финале со Италија


За прв пат во историјата, фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во финалето на Европското првенство откако по продолженијата ја совлада Данска со 2-1 на стадионот „Вембли“. Данска поведе во 30.минута со голот на Микел Дамсгард, Симон Кјаер израмни девет минути подоцна туркајќи ја топката во сопствената мрежа, а победата за Англичаните ја донесе Хари […]

Стартува проектот за првиот приватен ветерен парк Богословец, инвестиција од 61 милион евра


 Во близина на селото Богословец ќе се гради првиот приватен ветерен парк во државва, инвестиција во вредност од 61 милион  евра. Во пролетта 2025 година се очекува да почне со работа и во наредните 25 години да овозможи зелена енергија за околу 20 илјади домаќинства во државата. -Првиот  приватен парк на ветерници во  земјава Богословец […]

Бугарија за две години ќе произведува електромобили на германската компанија e.GO Mobile


Во следните две години се очекува во Бугарија да почне производството на електрични автомобили на германската компанија e.GO Mobile, изјави денеска бугарскиот технички министер за економија, Кирил Петков, на брифинг во Советот на министри. Компанијата е една од двете со хомологација на ЕУ ( издавање дозвола од официјално тело). Втората голема компанија во Бугарија – […]

Франција повикува на масовна вакцинација поради ризик од четврти бран на инфекција


Франција – Француската Влада денеска повторно повика на „масовна вакцинација“ против Ковид-19 за да се спротивстави на ризикот од брз четврти бран на вирусот со зголемување на бројот на случаи на „делта мутацијата“. Владиниот портпарол Габриел Атал по состанокот на Владата рече дека Здравствениот совет повторно ќе се состане во понеделник за да разгледа воведување на можна задолжителна вакцинација за […]

Полуфиналето Италија – Шпанија е 35. најгледан телевизиски настан во историјата


Италија– Полуфиналниот натпревар од ЕУРО2020 меѓу Италија и Шпанија е 35. најгледан телевизиски пренос на сите времиња во Италија, јавија денеска локалните медиуми. Натпреварот во кој Азурите обезбедија финале со триумфот од 4:2 на пенали го гледале 19 милиони и 822 илјади италијански љубители на фудбалот. Настанот на каналот РАИ 1 го следеле 17.414.000 гледачи, а […]

(Видео) Заев и Бектеши на означување на инвестицијата „Парк на ветерници Богословец“


Во присуство на премиерот Зоран Заев и владиниот економски тим во Скопје се промовира инвестицијата ветропарк „Богословец“, вредна над 61 милион евра.   Со реализацијата на оваа инвестиција државава ќе ја добие првата приватна ветерна електрана, откако претходно Владата донесе одлука за одобрување на нејзината изградба на барање на „Тхор Импекс“.   На настанот во […]