По убиството на претседателот во Хаити е прогласена состојба на опсада
Вршителот на должноста премиер на Хаити, Клод Жозеф денеска прогласи состојба на опсада во земјата, по убиството на претседателот Жовенел Моиз. Жозеф изјави дека не сака нацијата да „западне во хаос“ по атентатот врз претседателот, пренесе Си-Ен-Ен. Тој додаде дека одлуката за прогласување состојба на опсада е донесена на вонреден состанок на Советот на министри. […]